ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • es23 стр. 17-26
  • Февруари

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Февруари
  • Секојдневно истражување на Писмото — 2023
  • Поднаслови
  • Среда, 1 февруари
  • Четврток, 2 февруари
  • Петок, 3 февруари
  • Сабота, 4 февруари
  • Недела, 5 февруари
  • Понеделник, 6 февруари
  • Вторник, 7 февруари
  • Среда, 8 февруари
  • Четврток, 9 февруари
  • Петок, 10 февруари
  • Сабота, 11 февруари
  • Недела, 12 февруари
  • Понеделник, 13 февруари
  • Вторник, 14 февруари
  • Среда, 15 февруари
  • Четврток, 16 февруари
  • Петок, 17 февруари
  • Сабота, 18 февруари
  • Недела, 19 февруари
  • Понеделник, 20 февруари
  • Вторник, 21 февруари
  • Среда, 22 февруари
  • Четврток, 23 февруари
  • Петок, 24 февруари
  • Сабота, 25 февруари
  • Недела, 26 февруари
  • Понеделник, 27 февруари
  • Вторник, 28 февруари
Секојдневно истражување на Писмото — 2023
es23 стр. 17-26

Февруари

Среда, 1 февруари

Јехова е близу до сите што го повикуваат (Пс. 145:18)

Јехова е вистински заинтересиран за доброто на сите свои слуги. Тој е близу до секого од нас, и забележува кога сме тажни или обесхрабрени (Пс. 145:18, 19). Да размислиме за пророкот Илија. Јехова забележал како се чувствува овој негов верен слуга и му помогнал. Тој живеел во еден многу тежок период од историјата на Израел. Некои моќни луѓе во Израел кои не го сакале Јехова сурово ги прогонувале неговите слуги, а посебна мета им бил Илија (1. Цар. 19:1, 2). Уште една работа која го измачувала Илија било тоа што мислел дека тој е единствениот пророк кој му служи на Јехова (1. Цар. 19:10). Бог веднаш презел нешто за да му помогне. Јехова испратил ангел за да го увери овој пророк дека не е сам — дека во Израел има уште многу верни Божји слуги (1. Цар. 19:5, 18). Исус сочувствително ги уверил своите ученици дека ќе добијат едно големо духовно семејство (Мар. 10:29, 30). И Јехова, нашиот небесен Татко, ветил дека ќе им помага на оние што сакаат да му служат (Пс. 9:10; w21.06 8-9, пас. 3-4).

Четврток, 2 февруари

Кој е од Бог, слуша што зборува Бог (Јован 8:47)

Многумина се спрепнуваат бидејќи ние, со помош на Библијата, им покажуваме на другите дека некои религиозни учења се погрешни. Свештениците ги поучуваат своите верници дека Бог ги казнува лошите луѓе во пекол. Тие го користат ова лажно учење за да ги држат луѓето под своја контрола. Како слуги на Јехова, Богот на љубовта, ние разоткриваме дека ова учење е погрешно. Свештениците исто така поучуваат дека душата е бесмртна. Доколку ова учење би било вистинито, не би имало потреба од воскресение. Ние им покажуваме на другите дека ова учење има паганско потекло и дека не се темели на Библијата. И, спротивно на верувањето во судбина за кое поучуваат многу религии, ние поучуваме дека луѓето имаат слободна волја и дека самите можат да одлучат дали ќе му служат на Бог. Како реагираат верските водачи кога ги разоткриваме нивните лаги? Честопати, тие се бесни. Ако ја сакаме вистината, мора да ги прифатиме поуките од Бог (Јован 8:45, 46). За разлика од Сатана Ѓаволот, ние не сакаме да ја отфрлиме вистината. Никогаш не сакаме да направиме нешто со кое ќе ги погазиме нашите верувања (Јован 8:44). Бог бара од своите слуги да го мразат злото, а да се држат за доброто, исто како што правел Исус (Рим. 12:9; Евр. 1:9; w21.05 10, пас. 10-11).

Петок, 3 февруари

Спротивставете му се на Ѓаволот, и тој ќе побегне од вас (Јак. 4:7)

Што ако забележиме дека сме станале горди или лакоми? Можеме да се смениме! Апостол Павле рекол дека оние што Ѓаволот „живи ги фатил“ во својата замка можат да се извлечат од неа (2. Тим. 2:26). Никогаш не заборавај дека Јехова е посилен од Сатана! Затоа, ако ја прифатиме помошта од Јехова, можеме да се извлечеме од секоја стапица или замка која ни ја поставува Ѓаволот. Се разбира, најдобро би било никогаш да не паднеме во замките на Сатана. Во тоа може да успееме само со помошта од Бог. Затоа, секој ден, сесрдно моли го Јехова да ти помогне да видиш дали овие лоши особини почнале да влијаат врз твоето размислување и врз твоите постапки (Пс. 139:23, 24). Дај сѐ од себе никогаш да не станеш горд или лаком. Сатана е ловец веќе со илјадници години. Но, наскоро ќе биде врзан и на крајот ќе биде уништен (Отк. 20:1-3, 10). Едвај чекаме да дојде тој ден! Дотогаш, внимавај да не паднеш во замките на Сатана. Направи сѐ што можеш за никогаш да не станеш горд или лаком. Биди решен да му се спротивставиш на Ѓаволот, и „тој ќе побегне“ од тебе (w21.06 19, пас. 15-17).

Сабота, 4 февруари

Молете го Господарот на жетвата да испрати работници на својата жетва (Мат. 9:38)

Јехова се радува кога некој ќе ја прифати библиската вистина и ќе почне да ја споделува со другите (Изр. 23:15, 16). Сигурно е пресреќен кога гледа дека неговиот народ ревносно проповеда и поучува. На пример, и покрај пандемијата, во текот на 2020 службена година се водеа 7.705.765 библиски курсеви, и 241.994 лица му го заветуваа својот живот на Јехова и се крстија. Овие нови ученици, пак, ќе ја проучуваат Библијата со други лица и ќе им помогнат и тие да станат ученици на Христос (Лука 6:40). Без сомнение, кога учествуваме во ова важно дело, го радуваме Јеховиното срце. Не е лесно да помогнеме некому да стане Христов ученик. Но, со Јеховина помош може да ги поучиме интересентите да го сакаат нашиот небесен Татко. Можеме ли да си поставиме за цел да започнеме и да водиме барем еден библиски курс? Ако ја користиме секоја соодветна прилика да понудиме библиски курс, можеби ќе бидеме пријатно изненадени од резултатите (w21.07 6-7, пас. 14-16).

Недела, 5 февруари

Од љубов кон домот на својот Бог го давам уште и своето сопствено злато и сребро за домот на својот Бог (1. Лет. 29:3)

Цар Давид приложил голем дел од своето богатство за да ја поддржи изградбата на храмот (1. Лет. 22:11-16). Кога повеќе немаме доволно физичка сила за да учествуваме во градежни проекти на нашата организација, можеме и понатаму да ги поддржуваме ваквите проекти така што ќе даваме доброволни прилози во склад со нашите можности. Освен тоа, можеме да им помагаме на помладите така што ќе го споделуваме со нив искуството што сме го стекнале. Во врска со дарежливоста, да го разгледаме и примерот на апостол Павле. Тој го повикал младиот Тимотеј да му се придружи на мисионерските патувања и несебично му помагал да научи подобро да проповеда и поучува (Дела 16:1-3). Обуката што ја добил од Павле му помогнала на Тимотеј поделотворно да ја шири добрата вест (1. Кор. 4:17). А подоцна, и самиот Тимотеј го користел она што го научил за да обучува други (w21.09 12, пас. 14-15).

Понеделник, 6 февруари

Меѓу вас има љубомора и караници (1. Кор. 3:3)

Што може да научиме од примерот на Аполо и на апостол Павле? И двајцата многу добро ги познавале светите списи. Освен тоа, и двајцата биле познати по тоа што многу добро ги поучувале другите и им помогнале на мнозина да станат ученици на Христос. Но, тие не биле љубоморни еден на друг и не се доживувале како соперници (Дела 18:24). Всушност, некое време откако Аполо заминал од Коринт, Павле го поттикнувал повторно да се врати таму (1. Кор. 16:12). Аполо ги користел своите способности и дарби на исправен начин — да ја објавува добрата вест и да ги зајакнува браќата. Може да бидеме сигурни и дека Аполо бил понизен. На пример, во Библијата не пишува дека тој се навредил кога Акила и Прискила поточно му го објасниле Божјиот пат (Дела 18:24-28). Апостол Павле бил свесен за добрата работа што ја извршувал Аполо. Но, не се чувствувал загрозено поради тоа. Од она што им го напишал на Коринќаните, гледаме колку Павле бил понизен, скромен и разумен (1. Кор. 3:4-6; w21.07 18-19, пас. 15-17).

Вторник, 7 февруари

Мнозина ќе станат праведни (Рим. 5:19)

Адам и Ева намерно одлучиле да не го послушаат Бог, и затоа заслужиле да бидат отстранети од неговото семејство. Но, дали имало некаква надеж за нивните потомци? Бидејќи ги сака луѓето, Јехова презел чекори за да можат оние потомци на Адам и на Ева кои ќе му бидат послушни да станат дел од неговото семејство. Тоа го овозможил така што го жртвувал својот единороден Син (Јован 3:16). Жртвата на Исус дала основа 144.000 верни луѓе да бидат посвоени како Божји синови (Рим. 8:15-17; Отк. 14:1). Освен тоа, милиони други луѓе верно и послушно ја вршат Божјата волја. Тие се надеваат дека, откако ќе го поминат конечниот испит на крајот на илјадата години, во потполна смисла на зборот ќе станат членови на Божјето семејство (Пс. 25:14; Рим. 8:20, 21). Тие уште сега го нарекуваат Јехова, нивниот Творец, „Татко“ (Мат. 6:9). Исто така, сите што ќе воскреснат ќе имаат можност да дознаат што очекува Јехова од нив. Оние што ќе изберат да му бидат послушни ќе станат дел од неговото семејство (w21.08 5, пас. 10-11).

Среда, 8 февруари

Проценете што е најважно (Фил. 1:10)

Апостол Павле успешно ја извршил својата задача да проповеда. За него службата со децении била една од најважните работи. Тој проповедал „јавно и од куќа до куќа“ (Дела 20:20). Всушност, тој ја користел секоја прилика да проповеда. Додека ги чекал своите соработници во Атина, им ја објавил добрата вест на една група угледни луѓе, и некои од нив станале верници (Дела 17:16, 17, 34). Павле проповедал дури и кога бил во куќен притвор (Фил. 1:13, 14; Дела 28:16-24). Тој многу добро го користел своето време, и честопати канел и други да му се придружат во службата на проповедање. На пример, на своето прво мисионерско патување со себе го зел Јован Марко, а на второто Тимотеј (Дела 12:25; 16:1-4). Без сомнение, Павле давал сѐ од себе за да ги поучи овие браќа како да организираат едно собрание, како да бидат добри пастири и како вешто да поучуваат (1. Кор. 4:17; w22.03 27, пас. 5-6).

Четврток, 9 февруари

Бог не е далеку од никого од нас (Дела 17:27)

Некои не веруваат во Творец затоа што, како што велат, веруваат само во она што можат да го видат. Меѓутоа, тие веруваат во некои работи што не се гледаат, а за кои има докази дека постојат, како што е гравитацијата. Верата за која зборува Библијата исто така се темели на докази за работи кои постојат иако не се гледаат (Евр. 11:1). Многу луѓе немаат мотивација да ги истражат доказите бидејќи за тоа е потребно време и труд. А ако некој не ги испита доказите, може лесно да заклучи дека не постои Бог. Откако ги проучиле доказите, некои научници се увериле дека Бог ја создал вселената. На почетокот, тие сметале дека не постои Творец бидејќи на факултет не учеле дека светот настанал по пат на создавање. И покрај тоа, тие сега го запознале и го засакале Јехова. Всушност, сите ние треба да си ја зајакнеме верата во Бог без оглед на тоа какво образование имаме (w21.08 14, пас. 1; 15-16, пас. 6-7).

Петок, 10 февруари

Јехова е добар кон сите и неговото милосрдие почива над сите негови суштества (Пс. 145:9)

Исус раскажал трогателна приказна за еден изгубен син од која се гледа колку многу Јехова сака да покажува милост. Синот си заминал од дома и го истрошил својот имот „живеејќи распуштено“ (Лука 15:13). Подоцна, се покајал што живеел неморално, се понизил и се вратил дома. Како реагирал неговиот татко? Исус рекол: „Додека [синот] уште беше далеку, неговиот татко го здогледа и се сожали, па потрча, му падна околу вратот и го избакна“. Таткото не го понижил својот син. Наместо тоа, милосрдно му простил и срдечно го примил дома. Иако изгубениот син направил многу гревови, таткото му простил затоа што искрено се каел. Милосрдниот татко од оваа споредба го претставува Јехова. На овој впечатлив начин, Исус покажал дека неговиот Татко е спремен да им прости на грешниците кои искрено се каат (Лука 15:17-24; w21.10 8, пас. 4; 9, пас. 6).

Сабота, 11 февруари

Бог за првпат им обрна внимание на незнабошците за да земе од нив народ за своето име (Дела 15:14)

Денес, многу верски водачи направиле сѐ што е во нивна моќ да го скријат фактот дека Бог има лично име. Тие го отстраниле Божјето име од нивните преводи на Библијата, а во некои случаи забраниле да се користи во нивните верски служби. Дали некој може да порекне дека Јеховините сведоци се единствените кои покажуваат должна чест и почит кон Јеховиното име? Ниту една религиозна група не го објавува Божјето лично име како што го правиме тоа ние! Во тој поглед, даваме сѐ од себе за да живееме во склад со името што го носиме — Јеховини сведоци (Иса. 43:10-12). Имаме отпечатено повеќе од 240 милиони примероци од Свето Писмо — превод Нов свет. Во овој превод, Јеховиното име се наоѓа на места каде што во други преводи е извадено. Освен тоа, издаваме библиска литература во која се користи Божјето име, и тоа на повеќе од 1.000 јазици! (w21.10 20-21, пас. 9-10).

Недела, 12 февруари

Ако осиромаши некој од твоите браќа, нека не ти закорави срцето и не затворај ја раката за својот сиромашен брат (5. Мој. 15:7)

Го обожаваме Јехова кога им помагаме на соверниците што имаат некаква потреба. Јехова ветил дека ќе ги благослови Израелците кои великодушно им помагале на сиромашните (5. Мој. 15:10). Секојпат кога ќе му помогнеме на некој соверник кој има некаква потреба, Јехова гледа на тоа како на дар за него (Изр. 19:17). На пример, кога апостол Павле бил во затвор, христијаните од Филипи му испратиле дар кој тој го нарекол „прифатлива жртва, благопријатна за Бог“ (Фил. 4:18). Размисли за твоето собрание и прашај се: „Има ли некој на кого можам да му помогнам?“ Јехова се радува кога ги користиме времето, силата, вештините и материјалните работи за да им помогнеме на оние што имаат некаква потреба. Тој го смета тоа за дел од нашето обожавање (Јак. 1:27). За да му служиме на Јехова, потребно е да вложиме време и труд. Но, тоа не е тешко (1. Јов. 5:3). Зошто? Затоа што тоа го правиме од љубов кон Јехова и кон нашите браќа и сестри (w22.03 24, пас. 14-15).

Понеделник, 13 февруари

Тој дава неговото сонце да изгрева над злите и над добрите (Мат. 5:45)

Ќе можеме да покажеме сочувство кон нашите браќа и сестри ако најпрвин размислиме со какви проблеми се соочуваат. На пример, можеби една сестра има сериозен здравствен проблем. Таа никогаш не се жали за тоа, но веројатно многу ќе ѝ значи ако некој ѝ пружи практична помош. Дали би можеле да ѝ помогнеме околу готвењето или чистењето на домот? Или, некој брат можеби ја изгубил работата. Дали би можеле да му дадеме малку пари, можеби дури анонимно, за да му бидат од помош додека најде друга работа? Не треба да чекаме браќата и сестрите да побараат помош од нас, па дури тогаш да покажеме сочувство. Исто како Јехова, можеме ние да преземеме иницијатива. Тој дава Сонцето да изгрева над нас секој ден без да го бараме тоа од него. Освен тоа, сончевата топлина им користи на сите, а не само на оние што се благодарни. Јехова ја покажува својата љубов кон нас со тоа што ни го дава она што ни е потребно. Навистина многу го сакаме нашиот небесен Татко кој е толку добар и великодушен! (w21.09 22-23, пас. 12-13).

Вторник, 14 февруари

Ти, Јехова, си добар и спремен да простиш, голема е твојата лојална љубов кон сите што те повикуваат (Пс. 86:5, фус.)

Лојалната љубов го поттикнува Бог да простува. Кога Јехова ќе забележи дека некој што направил грев се кае и ги прави потребните промени, лојалната љубов го поттикнува да му прости. Во врска со Јехова, псалмистот Давид запишал: „Не постапува со нас според нашите гревови и не ни го враќа она што го заслужуваме за нашите престапи“ (Пс. 103:8-11). Давид од лично искуство знаел колку голем товар може да биде нечистата совест. Но, тој знаел и дека Јехова е спремен да прости. Што го поттикнува Јехова да простува? Одговорот го наоѓаме во денешниот стих. Како што рекол Давид во оваа молитва, Јехова простува затоа што е голема неговата лојална љубов кон сите што го повикуваат, односно го молат да им прости. Ако сме направиле грев, сосема е на место, па дури и корисно, да чувствуваме жал. Тоа може да нѐ поттикне да се покаеме и да ги преземеме потребните чекори за да го исправиме нашето однесување (w21.11 5, пас. 11-12).

Среда, 15 февруари

Татко наш, кој си на небесата, да се свети името твое (Мат. 6:9)

Јехова го сака своето име, и сака секој да го почитува (Иса. 42:8). Но, во последниве 6.000 години му се нанесува срам на неговото име (Пс. 74:10, 18, 23). Ова започнало кога Ѓаволот (што значи „клеветник“) го обвинил Бог дека им ускратува на Адам и на Ева нешто што им е потребно (1. Мој. 3:1-5). Сѐ до ден-денес, Јехова е лажно обвинуван дека им ускратува на луѓето работи што им се вистински потребни. На Исус му било тешко затоа што името на неговиот Татко е оцрнето. Јехова има апсолутно право да владее со небото и Земјата, и неговиот начин на владеење е најдобар (Отк. 4:11). Но, Ѓаволот се обидел да ги наведе ангелите и луѓето да мислат дека Бог нема такво право. Наскоро, ова прашање ќе се реши еднаш засекогаш. Јехова ќе докаже дека неговиот начин на владеење е најдобар и дека само неговото Царство ќе донесе вистински мир и сигурност на Земјата (w21.07 9, пас. 5-6).

Четврток, 16 февруари

Ќе му се радувам на Јехова, ќе се веселам поради Богот на моето спасение (Авак. 3:18)

Сосема е нормално еден маж да сака да му обезбеди на своето семејство храна, облека и покрив над главата. Дали ти се соочуваш со финансиски потешкотии? Ако да, сигурно минуваш низ тежок период. Сепак, колку и да ти се тешки околностите, тоа може да биде прилика да си ја зајакнеш верата. Откако ќе се помолиш, прочитај ги зборовите на Исус запишани во Матеј 6:25-34 и размислувај за нив. Размислувај и за современи искуства кои потврдуваат дека Јехова се грижи за оние кои остануваат зафатени со теократски активности (1. Кор. 15:58). Тоа ќе ти влее доверба дека твојот небесен Татко ќе ти помогне и тебе, исто како што им помогнал и на други кои имале слични проблеми. Тој знае што ти е потребно и знае како да ти го даде тоа. Колку повеќе ја чувствуваш Јеховината помош во твојот живот толку посилна ќе станува твојата вера. Така ќе можеш да издржиш и поголеми искушенија во иднина (w21.11 20, пас. 3; 21, пас. 6).

Петок, 17 февруари

Ако некој и направи грев, имаме помошник кај Таткото — Исус Христос (1. Јов. 2:1)

Многу христијани се соочиле со противење и со разни други неволји. И покрај тоа, тие продолжиле да проповедаат и му останале верни на Јехова дури и во поодминати години бидејќи нивната вера била зајакната од учењето за откупнината. Размисли за примерот на апостол Јован. Тој истрајно ја проповедал вистината за Христос и за откупнината веројатно повеќе од 60 години. Кога имал речиси 100 години, римските власти сметале дека е толку опасен што го протерале на островот Патмос. Зошто го сметале за опасен? Затоа што зборувал за Бог и сведочел за Исус (Отк. 1:9). Колку голема вера и истрајност имал овој Божји слуга! Од библиските книги што ги напишал Јован се гледа колку голема љубов имал кон Исус и колку бил благодарен за неговата откупна жртва. Во нив, тој на повеќе од 100 места зборувал за откупнината или за благословите што ги добиваме благодарение на неа (1. Јов. 2:2). Очигледно, тој бил многу благодарен за откупнината (w21.04 17, пас. 9-10)

Сабота, 18 февруари

Немој да го колнеш глувиот, ниту да ставаш пречка пред слепиот (3. Мој. 19:14)

Јехова очекувал од својот народ да постапува обѕирно со оние што имале телесни ограничувања. На пример, тој им рекол на Израелците дека не смеат да колнат глув човек. Колнењето вклучувало упатување закани или посакување зло некому. Било ужасно да му се направи такво нешто на некој што е глув. Тој не би можел да го чуе она што се кажува за него, и затоа не би можел ни да се одбрани. Освен тоа, од 3. Мојсеева 19:14 дознаваме дека Божјите слуги не смееле да ставаат „пречка пред слепиот“. Во врска со луѓето со телесни ограничувања, една книга вели: „Во минатото, на Блискиот Исток со нив честопати се постапувало неправедно и сурово“. Некој злобен човек можеби намерно ќе ставел нешто пред некој што е слеп за да го повреди или за да му се смее. Колку сурово! Заповедта што се наоѓа во 14-от стих им помагала на Јеховините слуги да сфатат дека треба да бидат сочувствителни кон оние што имаат некаков хендикеп (w21.12 8-9, пас. 3-4).

Недела, 19 февруари

Јаков многу се исплаши и се загрижи (1. Мој. 32:7)

Јаков многу се исплашил и се загрижил од помислата дека брат му можеби сѐ уште му е лут. Затоа, сесрдно му се помолил на Јехова во врска со тоа. А потоа му испратил великодушен дар на Исав (1. Мој. 32:9-15). И на крај, кога се сретнал со својот брат, Јаков му покажал дека го почитува. Тој му се поклонил на Исав — не еднаш, не два пати, туку седум пати! Со тоа што покажал понизност и почит, Јаков успеал да се помири со својот брат (1. Мој. 33:3, 4). Од она што го направил Јаков пред да се сретне со својот брат и од начинот на кој му пристапил учиме важна поука. Јаков понизно побарал помош од Јехова. Потоа постапил во склад со својата молитва така што презел чекори за средбата со неговиот брат да биде колку што е можно попријатна. А кога се сретнале, Јаков не почнал да се расправа со Исав во врска со тоа кој бил во право, а кој не. Неговата цел била да се помири со својот брат. Можеш ли да го следиш примерот на Јаков? (Мат. 5:23, 24; w21.12 25, пас. 11-12).

Понеделник, 20 февруари

Бог е поголем од нашето срце и знае сѐ (1. Јов. 3:20)

Кога размислуваш за тоа дека Исус умрел за да ти бидат простени гревовите, можеби си велиш: „Јас не го заслужувам тоа“. Зошто би можел да се чувствуваш така? Нашето несовршено и измамливо срце може да нѐ наведе да мислиме дека сме безвредни или дека не заслужуваме некој да нѐ сака (1. Јов. 3:19). Во таков случај, треба да имаме на ум дека „Бог е поголем од нашето срце“. Колку и да се силни нашите негативни чувства, тие не се посилни од Јеховината љубов кон нас и од неговата желба да ни прости. Многу е важно да се увериме во ова. За да имаме јасна слика како Јехова нѐ гледа, треба редовно да ја проучуваме неговата Реч, често да се молиме и редовно да се дружиме со браќата и сестрите. Зошто овие работи се толку важни? Така ќе можеш уште подобро да го запознаеш Јехова и да видиш колку убави особини има и колку многу те сака. Тоа што секој ден ќе прочиташ нешто од Библијата и потоа длабоко ќе размислуваш може да ти помогне да ги исправиш своите ставови и да се ослободиш од негативните чувства (2. Тим. 3:16; w21.04 23-24, пас. 12-13).

Вторник, 21 февруари

Со својот глас ќе повикам кон Бог, и тој ќе го приклони увото кон мене (Пс. 77:12)

За да имаме цврста вера, не е доволно само да стекнуваме знаење. Треба длабоко да размислуваме за она што го учиме. Размисли за примерот на писателот на Псалм 77. Тој бил вознемирен бидејќи сметал дека Јехова ги отфрлил — и него и останатите Израелци. Толку се измачувал со тие мисли што не можел да спие (стихови 2-8). Што направил? Тој му рекол на Јехова: „Длабоко ќе размислувам за сите твои дела, ќе се зафатам со твоите постапки“ (стих 12). Се разбира, псалмистот добро знаел што направил Јехова за својот народ во минатото. Сепак, овој загрижен човек се прашувал: „Заборави ли Бог да биде милостив, ги скрати ли во гневот своите милосрдија?“ (стих 9). Псалмистот размислувал за Јеховините постапки во минатото и за тоа колкава милост и сочувство покажувал (стих 11). Како му помогнало тоа? Тој се уверил дека Јехова нема да го напушти својот народ (стих 15; w22.01 30-31, пас. 17-18).

Среда, 22 февруари

За него сите тие се живи (Лука 20:38)

Какви чувства има Јехова кон верните мажи и жени кои починале? Тој копнее повторно да ги види! (Јов 14:15). Можеш ли да си замислиш колку многу му недостига на Јехова неговиот пријател Авраам? (Јак. 2:23). Или, пак, Мојсеј, со кого разговарал „лице в лице“? (2. Мој. 33:11). И колку силно посакува да ги чуе Давид и другите псалмисти како му пеат прекрасни фалбени песни! (Пс. 104:33). Иако овие пријатели на Јехова умреле, тој не ги заборавил (Иса. 49:15). Бог се сеќава на секој детаљ од нивната личност. Еден ден тој ќе ги врати во живот и повторно ќе ги слуша нивните искрени молитви и ќе се радува што му служат. Ако и тебе ти починал некој што го сакаш, овие мисли можат многу да те утешат. Уште од побуната во Еден, Јехова знаел дека, пред работите да тргнат на подобро, условите во светот сѐ повеќе ќе се влошуваат. Тој ги мрази злобата, неправдите и насилството со кои е преполн светот денес (w21.07 10, пас. 11; 12, пас. 12).

Четврток, 23 февруари

Да се сакаме со дела и со вистина (1. Јов. 3:18)

Кога покажуваме љубов, ние, всушност, покажуваме дека ја цениме откупнината. Зошто го велиме ова? Затоа што Исус го дал својот живот не само за нас туку и за нашите браќа и сестри. Од тоа што спремно умрел за нив се гледа колку многу му се важни (1. Јов. 3:16-18). Покажуваме дека ги сакаме нашите браќа и сестри со начинот на кој постапуваме со нив (Еф. 4:29, 31 — 5:2). На пример, им помагаме кога се болни или кога доживуваат тешки неволји, вклучувајќи и природни катастрофи. Но, што треба да правиме ако некој соверник каже или направи нешто со кое ќе нѐ повреди? Дали понекогаш држиш лутина и ти е тешко да простиш? (3. Мој. 19:18). Ако да, имај го на ум следниов совет: „Поднесувајте се еден со друг и спремно простувајте си еден на друг, ако некој има жалба против некого. Како што Јехова спремно ви прости вам, така правете и вие“ (Кол. 3:13). Секојпат кога им простуваме на нашите браќа и сестри, му покажуваме на нашиот небесен Татко дека навистина сме благодарни за откупнината (w21.04 18, пас. 12-13).

Петок, 24 февруари

Служете си еден на друг — секој со дарот што го примил (1. Пет. 4:10)

Можеби правиме многу во службата за Јехова и сме помогнале на многумина да напредуваат до крштавање. Но, свесни сме дека сето она што сме го постигнале е благодарение на помошта од Јехова. Од примерот на Аполо и на апостол Павле може да извлечеме една друга поука — колку повеќе одговорности имаме во собранието толку повеќе можности имаме да придонесеме за мир. Многу сме благодарни кога именуваните браќа придонесуваат да има мир и единство во собранието. Тие го прават тоа така што ги темелат своите совети на Божјата Реч и така што не го свртуваат вниманието кон себе, туку кон нашиот пример, Христос Исус (1. Кор. 4:6, 7). Секој од нас има некакви таленти и способности кои ни се дар од Бог. Можеби си мислиш дека она што го правиш е безначајно. Но, малите постапки со кои придонесуваме да има единство во собранието се како мали камчиња од кои е направен еден убав мозаик. Сите ние и понатаму да даваме сѐ од себе да не покажуваме натпреварувачки дух, туку да градиме мир и единство во собранието (Еф. 4:3; w21.07 19, пас. 18-19).

Сабота, 25 февруари

Твојот брат ќе стане (Јован 11:23)

Можеш да бидеш уверен дека повторно ќе ги видиш твоите сакани кои починале. Тоа што Исус плачел додека ги тешел своите ужалени пријатели е доказ дека со душа чека да ги воскресне мртвите (Јован 11:35). Можеш да им помагаш на оние што тагуваат. Освен што плачел со Марта и Марија, Исус ги слушал и ги тешел (Јован 11:25-27). И ние може да постапуваме така со оние што тагуваат. Дан, еден старешина кој живее во Австралија, вели: „Кога почина жена ми, ми беа потребни помош и утеха. Кога и да ми требаше уво за слушање, неколку брачни парови беа секогаш тука за мене. Пред нив можев слободно да си ја искажам болката, и не им беше непријатно кога плачев. Освен тоа, ми пружаа практична помош така што ми ја миеја колата, ми пазаруваа и ми готвеа кога јас не бев во состојба да се грижам за тие работи. А и често се молеа со мене. Тие покажаа дека се вистински пријатели и браќа во неволја“ (Изр. 17:17; w22.01 16, пас. 8-9).

Недела, 26 февруари

Увото што слуша животодавен укор престојува меѓу мудрите (Изр. 15:31)

Јехова ни го посакува најдоброто (Изр. 4:20-22). Кога нѐ советува преку својата Реч, преку некоја библиска публикација или преку некој зрел соверник, тој ја покажува својата љубов кон нас (Евр. 12:9, 10). Концентрирај се на советот, а не на начинот на кој ти е даден. Понекогаш можеби сметаме дека советот не ни бил даден на добар начин. Се разбира, секој што дава совет треба да внимава како го прави тоа за да може оној што го добива полесно да го прифати (Гал. 6:1). Но, ако некој нѐ советува, треба да се концентрираме на пораката — дури и ако сметаме дека советот можел да ни биде даден на подобар начин. Би можеле да се прашаме: „Дури и ако не ми се допаѓа како ми бил даден советот, дали има нешто што можам да го применам? Можам ли да преминам преку несовршеностите на оној што ми го дал советот и да извлечам корист од она што ми го кажал?“ Мудро би било да најдеме начин да извлечеме корист од секој совет што ќе го добиеме (w22.02 12, пас. 13-14).

Понеделник, 27 февруари

Опомената од Јехова е веродостојна, му дава мудрост на неискусниот (Пс. 19:7)

Јехова знае дека ни е потребно време и труд за да ги отфрлиме погрешното размислување и лошите навики (Пс. 103:13, 14). Меѓутоа, преку неговата Реч, неговиот свет дух и неговата организација тој ни ги дава мудроста, силата и помошта кои ни се потребни за да се смениме. Редовно преиспитувај се со помош на Библијата. Божјата Реч е како огледало. Таа може да ти помогне да се преиспиташ и да видиш за што размислуваш, како зборуваш и како постапуваш (Јак. 1:22-25). И, се разбира, Јехова е секогаш спремен да ти помогне. Тој може најдобро да ти помогне, бидејќи знае што има во твоето срце (Изр. 14:10; 15:11). Затоа, стекни си навика секој ден да се молиш и да ја проучуваш неговата Реч. Биди уверен дека Јеховините мерила се најдобри. Сѐ што бара Јехова од нас е за наше добро. Оние што живеат според неговите мерила имаат самопочит, смисла во животот и се вистински среќни (Пс. 19:8-11; w22.03 4, пас. 8-10).

Вторник, 28 февруари

Внимателно набљудувајте ги неговите бедеми. Прегледајте ги неговите кули за да му раскажувате за тоа на идното поколение (Пс. 48:13)

Го обожаваме Јехова кога градиме и одржуваме теократски објекти. Библијата вели дека изработката на шаторот и неговата опрема била света служба (2. Мој. 36:1, 4). И денес, Јехова ја смета изградбата на сали за состаноци и други теократски објекти за света служба. Некои браќа и сестри посветуваат многу време за да учествуваат во овие активности. Ние многу го цениме нивниот труд затоа што даваат голем придонес за делото на Царството. Се разбира, тие учествуваат и во службата на проповедање. Некои од нив дури сакаат да бидат и пионери. Старешините можат да покажат дека ја поддржуваат изградбата на теократските објекти, така што им дозволуваат на овие трудољубиви браќа и сестри да служат како општи пионери кога ги исполнуваат условите за тоа. Сеедно дали имаме градежни вештини или не, сите ние може да придонесеме теократските објекти да бидат чисти и во добра состојба (w22.03 22, пас. 11-12).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели