ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • es23 стр. 37-46
  • Април

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Април
  • Секојдневно истражување на Писмото — 2023
  • Поднаслови
  • Сабота, 1 април
  • Недела, 2 април
  • Понеделник, 3 април
  • СПОМЕН-СВЕЧЕНОСТ
    по зајдисонце
    Вторник, 4 април
  • Среда, 5 април
  • Четврток, 6 април
  • Петок, 7 април
  • Сабота, 8 април
  • Недела, 9 април
  • Понеделник, 10 април
  • Вторник, 11 април
  • Среда, 12 април
  • Четврток, 13 април
  • Петок, 14 април
  • Сабота, 15 април
  • Недела, 16 април
  • Понеделник, 17 април
  • Вторник, 18 април
  • Среда, 19 април
  • Четврток, 20 април
  • Петок, 21 април
  • Сабота, 22 април
  • Недела, 23 април
  • Понеделник, 24 април
  • Вторник, 25 април
  • Среда, 26 април
  • Четврток, 27 април
  • Петок, 28 април
  • Сабота, 29 април
  • Недела, 30 април
Секојдневно истражување на Писмото — 2023
es23 стр. 37-46

Април

Сабота, 1 април

Бог толку многу го сакаше светот што го даде својот единороден Син (Јован 3:16)

Исус ни покажал огромна љубов со тоа што спремно го дал животот за нас (Јован 15:13). Никогаш не можеме да им се оддолжиме на Јехова и на Исус за љубовта што ни ја покажале. Но можеме да покажеме дека сме им благодарни со начинот на кој го живееме секој ден (Кол. 3:15). Откупната жртва е скапоцена за помазаниците бидејќи, благодарение на неа, имаат прекрасна надеж (Мат. 20:28). Поради нивната вера во Христовата жртва, Јехова ги прогласил за праведни и ги посвоил како свои деца (Рим. 5:1; 8:15-17, 23). И другите овци се благодарни за откупнината. На темел на нивната вера во Христовата пролеана крв тие имаат добар однос со Бог и имаат надеж дека ќе ја преживеат големата неволја (Отк. 7:13-15). И двете групи ја покажуваат својата благодарност за откупнината така што секоја година присуствуваат на Спомен-свеченоста (w22.01 23, пас. 14-15).

Читање на Библијата за Спомен-свеченоста: (настани до зајдисонце: 10 нисан) Матеј 21:18, 19; 21:12, 13; Јован 12:20-50

Недела, 2 април

Христос нѐ купил (Гал. 3:13)

На Исус најтешко му било тоа што морал да биде погубен под лажно обвинение дека е богохулник, односно некој што нема почит кон Бог или кон Божјето име (Мат. 26:64-66). Ова толку многу го измачувало што се надевал дека неговиот Татко ќе го поштеди од таквото понижување (Мат. 26:38, 39, 42). Исус требало да биде прикован на столб за да ги ослободи Евреите од едно проклетство (Гал. 3:10). Тие се нашле под проклетство бидејќи ветиле дека ќе се држат за Божјиот закон, но не го правеле тоа. Значи, Евреите заслужувале смрт не само поради тоа што биле потомци на Адам туку и поради тоа што се наоѓале под ова проклетство (Рим. 5:12). Во Божјиот закон стоело дека, ако некој направи грев поради кој заслужува смрт, треба да биде погубен. Во некои случаи, мртвото тело на оној што бил погубен се обесувало на столб, што покажувало дека тоа лице е проколнато од Бог (5. Мој. 21:22, 23; 27:26). Значи, со тоа што бил прикован на столб, Исус, кој совршено го држел Законот, го зел на себе проклетството на сите кои се наоѓале под Законот. На тој начин им овозможил на Евреите да извлечат корист од неговата жртва и покрај тоа што го отфрлиле (w21.04 16, пас. 5-6).

Читање на Библијата за Спомен-свеченоста: (настани до зајдисонце: 11 нисан) Матеј 21:33-41; 22:15-22; 23:1-12; 24:1-3

Понеделник, 3 април

Го полагам својот живот (Јован 10:17)

Размисли за она што го доживеал Исус во текот на последниот ден од неговиот живот на Земјата. Римските војници немилосрдно го тепале (Мат. 26:52-54; Јован 18:3; 19:1). Тие го удирале со камшик кој му го раскинувал месото на грбот. Подоцна го натерале да носи тежок дрвен столб на своите крвави плеќи. Исус почнал да го влече столбот до местото каде што требало да биде погубен, но кратко потоа римските војници му наредиле на еден минувач да го носи наместо него (Мат. 27:32). Кога Исус стигнал на местото каде што ќе бил погубен, војниците со клинови му ги приковале рацете и нозете за столбот. Откако го исправиле столбот, поради тежината на неговото тело, раните од клиновите сѐ повеќе му се проширувале и станувале поболни. Додека пријателите на Исус тагувале и неговата мајка плачела, еврејските поглавари го исмејувале (Лука 23:32-38; Јован 19:25). Од час во час, болките на Исус станувале сѐ понеиздржливи. Поради положбата на неговото тело, срцето и белите дробови му работеле сѐ поотежнато, и сѐ потешко дишел. Пред да го испушти последниот здив, Исус му се помолил на Јехова за последен пат, знаејќи дека му останал верен. Потоа ја наведнал главата и издивнал (Мар. 15:37; Лука 23:46; Јован 10:18; 19:30). Ова навистина било бавна, болна и понижувачка смрт! (w21.04 16, пас. 4).

Читање на Библијата за Спомен-свеченоста: (настани до зајдисонце: 12 нисан) Матеј 26:1-5, 14-16; Лука 22:1-6

СПОМЕН-СВЕЧЕНОСТ
по зајдисонце
Вторник, 4 април

Правете го ова за мој спомен (Лука 22:19)

Исус зборувал со своите 11 верни апостоли за два сојузи — новиот сојуз и сојузот за Царството (Лука 22:20, 28-30). Овие сојузи им овозможиле на апостолите и на ограничен број други луѓе да служат како цареви и свештеници на небото (Отк. 5:10; 14:1). Како учесници во овие два сојузи, само помазаните христијани кои сѐ уште се живи на Земјата може да земаат од лебот и од виното на Спомен-свеченоста. Јехова им дал извонредна надеж — да имаат бесмртен и нераспадлив живот на небото, да владеат заедно со прославениот Исус Христос и со останатите помазаници кои воскреснале и, пред сѐ, да бидат во самото присуство на Јехова Бог! (1. Кор. 15:51-53; 1. Јов. 3:2). Помазаниците се свесни дека мора да останат верни сѐ до својата смрт (2. Тим. 4:7, 8; w22.01 20-21, пас. 4-5).

Читање на Библијата за Спомен-свеченоста: (настани до зајдисонце: 13 нисан) Матеј 26:17-19; Лука 22:7-13 (настани по зајдисонце: 14 нисан) Матеј 26:20-56

Среда, 5 април

Ќе бидеш со мене во Рајот (Лука 23:43)

Од двете страни на Исус биле приковани двајца злосторници (Лука 23:40, 41). Едниот од нив му рекол: „Сети се на мене кога ќе дојдеш во своето царство!“ (Лука 23:42). Бидејќи знаел колку е милостив неговиот Татко, Исус можел да му влее ваква надеж на овој злосторник кој умирал на столбот (Пс. 103:8; Евр. 1:3). Јехова е спремен да ни прости и да ни покаже милост ако ние искрено се каеме за лошите работи што сме ги правеле и ако покажуваме вера во откупната жртва на Исус Христос (1. Јов. 1:7). Некои можеби си мислат дека Јехова нема никогаш да им ги прости нивните гревови. Ако и ти понекогаш се чувствуваш така, размисли за следново: Кратко пред да умре, Исус му покажал милост на злосторникот осуден на смрт кој само што почнал да покажува вера во него. Колку поголема милост ќе им покаже Јехова на своите верни слуги! (Пс. 51:1; 1. Јов. 2:1, 2; w21.04 9, пас. 5-6).

Читање на Библијата за Спомен-свеченоста: (настани до зајдисонце: 14 нисан) Матеј 27:1, 2, 27-37

Четврток, 6 април

Исус рече: „Довршено е!“ (Јован 19:30)

Со тоа што останал верен до смрт, Исус постигнал неколку работи. Прво, тој докажал дека Сатана е лажливец. Исус покажал дека еден совршен човек може да му остане потполно верен на Јехова, сеедно под каков притисок ќе го стави Сатана. Второ, Исус го дал својот живот како откупнина. Со тоа им овозможил на несовршените луѓе да имаат близок однос со Бог и да имаат надеж за вечен живот. Трето, Исус докажал дека Јехова има право да биде Севишен Владетел и го очистил името на својот Татко од секаков срам. Да бидеме решени да го живееме секој ден како да е последен ден кој ни дава можност да покажеме дека сме му верни на Јехова. Така, дури и да се соочиме со смртта, ќе може да кажеме: „Јехова, дадов сѐ од себе за да ти останам верен, да докажам дека Сатана е лажливец, да го посветам твоето име и да те поддржам како Севишен Владетел!“ (w21.04 12, пас. 13-14).

Читање на Библијата за Спомен-свеченоста: (настани до зајдисонце: 15 нисан) Матеј 27:62-66 (настани по зајдисонце: 16 нисан) Матеј 28:2-4

Петок, 7 април

Ова е мојот сакан Син, кој е по мојата волја! Него слушајте го! (Мат. 17:5)

Откако бил лажно обвинет и осуден за злодело кое не го направил, Исус бил исмејуван, сурово малтретиран и потоа прикован на маченички столб. Нозете и рацете му биле прободени со клинови. Секој здив што го земал и секој збор што го кажувал му причинувале болка. Но тој ги вложил последните сили за да зборува, бидејќи имал да каже нешто многу важно. Од последните зборови на Исус, навистина можеме да извлечеме силни поуки. Многу е важно да им простуваме на другите и да имаме доверба дека Јехова ќе ни прости нам. Се радуваме што сме дел од едно прекрасно духовно семејство и што имаме браќа и сестри кои се спремни да ни помогнат. Но, ако ни е потребна помош, ние треба да им го кажеме тоа на другите. Знаеме дека Јехова ќе ни помогне да истраеме во секоја неволја со која можеби ќе се соочиме. Освен тоа, многу е важно на секој ден да гледаме како на последна шанса да докажеме дека сме му верни на Јехова и да бидеме уверени дека, дури и да починеме, тој повторно ќе нѐ врати во живот (w21.04 8, пас. 1; 13, пас. 17).

Читање на Библијата за Спомен-свеченоста: (настани до зајдисонце: 16 нисан) Матеј 28:1, 5-15

Сабота, 8 април

За да добијат вечен живот, треба добро да те запознаат тебе, единствениот вистински Бог, и оној кого го испрати, Исус Христос (Јован 17:3)

Ако одиме по стапките на Исус, ќе добиеме вечен живот. Кога еден млад богат човек го прашал Исус што треба да прави за да добие вечен живот, тој му одговорил: „Оди по мене“ (Мат. 19:16-21). На некои Евреи кои не верувале дека тој е Месијата, Исус им кажал: „Моите овци... одат по мене. Јас им давам вечен живот“ (Јован 10:24-29). Покажуваме вера во Исус така што живееме според неговите учења и постапуваме онака како што постапувал тој. Ако го правиме тоа, ќе останеме на патот кој води во вечен живот (Мат. 7:14). За да можеме во сѐ да одиме по стапките на Исус, треба добро да го запознаеме. Грчкиот израз што е преведен со „треба добро да те запознаат“ може да се преведе и со „треба да те запознаваат“, што укажува на трајно дејство. Треба сѐ подобро да го запознаваме Исус, односно да учиме за неговите особини, гледишта и мерила. Без разлика колку долго сме во вистината, треба да продолжиме да ги запознаваме Јехова и неговиот Син (w21.04 4, пас. 9-10).

Недела, 9 април

Порано бев хулител и прогонител (1. Тим. 1:13)

Веројатно, апостол Павле понекогаш се измачувал поради лошите работи што ги правел пред да стане христијанин. Воопшто не нѐ изненадува што за себе рекол дека е најголемиот грешник (1. Тим. 1:15). Пред да ја дознае вистината, Павле немилосрдно ги прогонувал христијаните од еден во друг град, ставајќи некои од нив во затвор. А кога им се судело на некои христијани, тој дури го давал својот глас да бидат погубени (Дела 26:10, 11). Можеш ли да си замислиш како се чувствувал тој доколку сретнал некој млад христијанин чии родители биле погубени со негово одобрување? На Павле му било жал за грешките што ги правел, но знаел дека не може да го смени минатото. Тој верувал дека Христос умрел за него, и со увереност напишал: „Преку Божјата незаслужена доброта јас сум она што сум“ (1. Кор. 15:3, 10). Која е поуката за секој од нас? Треба да веруваш дека Христос умрел за тебе и дека ти овозможил да имаш близок однос со Јехова (Дела 3:19). На Бог му е важно што правиме сега и што ќе правиме во иднина, а не му се важни грешките што сме ги правеле во минатото (Иса. 1:18; w21.04 23, пас. 11).

Понеделник, 10 април

Испитајте дали таквите изјави потекнуваат од Бог, зашто многу лажни пророци излегоа во светот (1. Јов. 4:1)

Иако многу Евреи во времето на Исус не очекувале дека Месијата треба да умре, во врска со него во Божјата Реч било проречено: „Ја излеа својата душа во смрт и беше вброен меѓу престапниците. Го понесе гревот на мнозина и посредуваше за престапниците“ (Иса. 53:12). Според тоа, Евреите немале никаква причина да се спрепнат поради тоа што Исус бил погубен како грешник. Денес, и ние мора да ги проверуваме фактите за да не се спрепнеме од нешто. Во Проповедта на гората, Исус ги предупредил оние што го слушале дека некои лажно ќе им „припишуваат секакви зла“ (Мат. 5:11). Изворот на таквите лаги е Сатана. Тој ги поттикнува противниците да шират злобни клевети за оние кои ја сакаат вистината (Отк. 12:9, 10). Ние мора да ги отфрлиме лагите што ги кажуваат нашите противници. Никогаш не треба да дозволиме таквите лаги да нѐ заплашат или да ни ја поткопаат верата (w21.05 11, пас. 14; 12, пас. 16).

Вторник, 11 април

Не плашете се, вие сте повредни од многу врапчиња (Мат. 10:31)

Помогни му на лицето со кое ја проучуваш Библијата да стекне доверба во Јехова. Исус ги уверил своите ученици дека Јехова ќе им помага бидејќи ги сака (Мат. 10:19, 20, 29, 30). Потсетувај го интересентот дека Јехова и нему ќе му помага. Можеш да му помогнеш да научи да се потпира на Јехова така што ќе се молиш заедно со него во врска со неговите цели. Еден брат по име Францишек, кој живее во Полска, вели: „Братот што проучуваше со мене честопати ги спомнуваше моите цели кога се молеше. Кога видов дека Јехова одговара на неговите молитви, набрзо и јас почнав да се молам. На своја кожа чувствував како Јехова ми помага кога требаше да земам слободни денови од моето ново работно место за да присуствувам на состаноците и на конгрес“. Јехова многу ги сака оние со кои проучуваме. Тој знае колку многу труд вложуваме за да им помогнеме на луѓето да се зближат со него, и нѐ сака поради тоа (Иса. 52:7). Ако во моментов не проучуваш со некого, сепак можеш да им помагаш на интересентите да напредуваат до крштавање така што ќе одиш со други објавители на нивните библиски курсеви (w21.06 7, пас. 17-18).

Среда, 12 април

Ужива во законот на Јехова и внимателно го чита неговиот закон дење и ноќе (Пс. 1:2)

Можеме да покажеме дека сме благодарни што ја имаме Божјата Реч така што редовно ќе ја читаме и проучуваме. Не можеме да го препуштиме ова на случајноста, односно да го правиме само тогаш кога имаме време. За да може нашата вера да остане цврста, треба редовно да одвојуваме време да ја проучуваме Божјата Реч. За разлика од „мудрите и умните“ од овој свет, ние имаме цврста вера која се темели на Божјата Реч (Мат. 11:25, 26). Од неа дознаваме зошто условите во светот се влошуваат и што ќе направи Јехова во врска со тоа. Затоа, да бидеме решени да си ја зајакнуваме верата и да им помогнеме на колку што е можно повеќе луѓе да стекнат вера во нашиот Творец (1. Тим. 2:3, 4). И, да продолжиме со радост да го чекаме времето кога сите што ќе живеат на Земјата ќе го слават Јехова со зборовите запишани во Откровение 4:11: „Достоен си, Јехова, Боже наш, да ја примиш славата... бидејќи ти создаде сѐ“ (w21.08 19, пас. 18-20).

Четврток, 13 април

Со братска љубов сакајте се срдечно еден со друг (Рим. 12:10)

Како пастири, старешините имаат одговорност да даваат совети кога тоа е потребно. Тие треба да даваат практични совети кои другите ќе можат лесно да ги прифатат и применат (Изр. 27:9). Старешините ги сакаат своите браќа и сестри. Својата љубов понекогаш ја покажуваат така што советуваат некој што тргнал во лош правец (Гал. 6:1). Но, пред да разговара со тоа лице, би било добро старешината да размисли за некои аспекти на љубовта за кои зборувал апостол Павле. „Љубовта е долготрпелива и љубезна... Сѐ поднесува, сѐ верува, на сѐ се надева, сѐ трпи“ (1. Кор. 13:4, 7). Тоа што длабоко ќе размислува за овие библиски стихови ќе му помогне на старешината да се преиспита од кој мотив сака да даде совет и да процени како да го стори тоа на исправен начин. Ако оној што го добива советот може да почувствува дека старешината вистински се грижи за него, поверојатно е дека ќе го прифати советот (w22.02 14, пас. 3; 15, пас. 5).

Петок, 14 април

Тие се бунеа и го жалостеа неговиот свет дух (Иса. 63:10)

Јехова ги создал ангелите и луѓето совршени, односно без никаква маана. Но, бунтовниот ангел Сатана (што значи „противник“) ги навел совршените луѓе, Адам и Ева, да се свртат против Јехова. На таа побуна се придружиле и други ангели и луѓе (Јуда 6). Јехова со право се чувствувал изневерено. Сепак, тој го поднесувал тоа и ќе продолжи да истрајува сѐ додека не дојде време да ги уништи сите бунтовници. Тоа ќе биде вистинско олеснување за неговите верни слуги кои заедно со него го поднесуваат злото во овој свет. Сатана го обвинил Јов, а со тоа и сите други верни Божји слуги, дека му служат на Јехова од себични причини (Јов 1:8-11; 2:3-5). Сѐ до нашево време, тој не престанал да ги обвинува луѓето (Отк. 12:10). Ние можеме да докажеме дека Сатана е лажливец така што ќе истраеме во неволјите и ќе му останеме верни на Бог од љубов (w21.07 9, пас. 7-8).

Сабота, 15 април

Отстранете ми ја од пред очи злобата на своите дела, престанете да правите зло! (Иса. 1:16)

Апостол Павле употребил една впечатлива споредба од која се гледа колку е важно да правиме промени во нашата личност. Тој напишал дека нашата стара личност треба да ја приковеме „на столб“ (Рим. 6:6). Исус бил спремен да биде прикован на столб за да му угоди на Јехова. На сличен начин, ако сакаме да му угодиме на Јехова, треба да ги усмртиме ставовите и навиките што тој ги мрази. Само така ќе имаме чиста совест и можност да живееме вечно (Јован 17:3; 1. Пет. 3:21). Јехова нема да ги смени своите мерила за да ни одговараат нам. Ние сме тие што треба да се менуваме и да живееме во склад со неговите мерила (Иса. 1:17, 18; 55:9). Дури и откако ќе се крстиш, ќе треба да продолжиш да се бориш со неисправните желби. Моли го Јехова за помош и потпирај се на неговиот дух, а не на својата сила (Гал. 5:22; Фил. 4:6). Мора да вложиме голем труд ако сакаме да ја соблечеме старата личност и никогаш повеќе да не ја облечеме (w22.03 6, пас. 15-17).

Недела, 16 април

Јехова ќе те поткрепи (Пс. 55:22)

Јехова ни ветил дека ќе ни обезбеди храна, облека и покрив над главата ако го ставаме Царството на прво место и ако живееме во склад со неговите праведни мерила (Мат. 6:33). Ако имаме доверба во ова ветување, нема да мислиме дека материјалните работи што ги нуди овој свет ќе нѐ заштитат и ќе нѐ направат среќни. Свесни сме дека може да имаме вистински мир само ако ја вршиме Јеховината волја (Фил. 4:6, 7). Дури и ако сме во можност да купиме многу работи, треба да размислиме дали имаме доволно време и сили да ги користиме и да се грижиме за нив. Можно ли е да станеме премногу приврзани за материјалните работи што ги поседуваме? Имај на ум дека Бог очекува од членовите на неговото семејство да бидат зафатени во службата за него. Затоа, не смееме да дозволиме ништо да ни го одвлече вниманието. Не би сакале да бидеме како младиот човек кој толку бил приврзан за материјалните работи кои ги поседувал што одлучил да не го следи Исус. Со тоа ја изгубил можноста да му служи на Јехова и да биде посвоен како негов син (Мар. 10:17-22; w21.08 6, пас. 17).

Понеделник, 17 април

Бидете спремни за одбрана (1. Пет. 3:15)

Додека ја проучуваш Библијата, подобро ќе ги запознаеш Јеховините особини и ќе увидиш дека тоа се истите особини што се гледаат во творештвото. Кога учиме за нив, стануваме уште поуверени дека Бог навистина постои (2. Мој. 34:6, 7; Пс. 145:8, 9). Како што сѐ подобро го запознаваш Јехова, твојата вера во него сѐ повеќе ќе расте, твојата љубов кон него сѐ повеќе ќе се продлабочува и твоето пријателство со него сѐ повеќе ќе се зацврстува. Зборувај со другите за твојата вера во Бог. Но, што ако некој на кого му проповедаш ти постави прашање во врска со постоењето на Бог, а не си сигурен како да му одговориш? Потруди се во нашите публикации да најдеш библиски одговор на тоа прашање, а потоа зборувај со лицето. Можеш да побараш помош и од некој соверник. Сеедно како тоа лице ќе реагира на одговорот што си му го дал на темел на Библијата, тебе сепак ќе ти користи тоа што си истражувал — твојата вера ќе се зајакне (w21.08 18, пас. 14-15).

Вторник, 18 април

Не пропуштив да ви кажам (Дела 20:20)

Не е потребно да се откажеме од сите удобности за да му угодиме на Јехова (Проп. 5:19, 20). Меѓутоа, ако не правиме повеќе во службата за Бог бидејќи не сме спремни на некои жртви, би можеле да ја направиме истата грешка како човекот од споредбата на Исус кој напорно работел за да си овозможи убав живот, но не му било важно да прави нешто за Бог (Лука 12:16-21). Кога се соочуваме со проблеми, го молиме Јехова за помош и внимателно размислуваме како да ги надминеме (Изр. 3:21). Јехова нѐ благословува на многу начини. Може да покажеме колку многу ги цениме тие благослови така што ќе даваме сѐ од себе да му носиме фалба (Евр. 13:15). Тоа може да вклучува и да си ја зголемиме службата. Така, всушност, ќе добиеме уште повеќе благослови од Јехова. Секој ден да бараме прилики да вкусиме и да видиме колку е добар Јехова (Пс. 34:8). Тогаш и ние ќе бидеме како Исус, кој рекол: „Мојата храна е да ја вршам волјата на оној што ме испрати и да го довршам неговото дело“ (Јован 4:34; w21.08 30-31, пас. 16-19 ).

Среда, 19 април

Гордоста оди пред пропаста, и вообразеноста — пред падот (Изр. 16:18)

Сатана сака во нас да се развие неисправна гордост. Тој знае дека, ако станеме горди, ќе бидеме како него и ќе ја изгубиме можноста да добиеме вечен живот. Затоа е соодветно тоа што апостол Павле дал предупредување дека едно лице би можело да „се возгордее и да падне под истата осуда како Ѓаволот“ (1. Тим. 3:6, 7). Тоа би можело да му се случи на секого од нас без разлика дали сме нови во вистината или му служиме на Јехова со години. Гордоста е еден вид себичност. Сатана се обидува да нѐ наведе да бидеме себични — повеќе да мислиме на себеси отколку на Јехова, особено кога имаме проблеми. На пример, дали некогаш си бил лажно обвинет? Или си доживеал некоја друга неправда? Сатана би сакал да им се лутиш на Јехова или на браќата. И, тој сака да мислиш дека единствениот начин да го решиш проблемот е така што ќе постапуваш по свое наместо во склад со советите кои Јехова ги дал во својата Реч (Проп. 7:16, 20; w21.06 15, пас. 4-5).

Четврток, 20 април

„Биди силен, народе“, вели Јехова, „и фати се за работа! Зашто, јас сум со вас“, вели Јехова над војските (Агеј 2:4)

Пророкот Агеј добил една важна задача од Јехова. Агеј веројатно бил меѓу оние кои од изгнанството во Вавилон се вратиле во Ерусалим во 537 год. пр.н.е. Набрзо откако пристигнале, овие верни слуги на Јехова почнале да го градат Божјиот дом, односно храмот (Езра 3:8, 10). Но за кратко време, ситуацијата се променила. Тие се соочиле со противење од околните народи, и поради тоа се обесхрабриле и престанале со градењето (Езра 4:4; Агеј 1:1, 2). Затоа, во 520 год. пр.н.е. Јехова му дал задача на Агеј да им ја разгори ревноста и да ги поттикне да го довршат храмот (Езра 6:14, 15). Целта на пораката на Агеј била да им ја зајакне на луѓето верата во Јехова. Изразот „Јехова над војските“ сигурно многу ги зајакнал Евреите. Јехова заповеда со огромна војска ангели, и затоа тие требало да имаат доверба во него за да успеат (w21.09 15, пас. 4-5).

Петок, 21 април

По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако се сакате еден со друг (Јован 13:35)

Денес, меѓу Јеховините сведоци низ целиот свет владее вистинска љубов и единство. Ние се разликуваме од сите други религии затоа што сме како едно семејство и покрај тоа што доаѓаме од различни земји и култури. Искрената љубов која постои меѓу нас се гледа на нашите состаноци, собири и конгреси. Ова ни ја зајакнува увереноста дека единствено ние го обожаваме Јехова на начин што тој го одобрува (Јован 13:34). Библијата нѐ поттикнува силно да се сакаме еден со друг (1. Пет. 4:8). Еден начин на кој покажуваме таква љубов е така што си простуваме еден на друг и си ги поднесуваме слабостите. Исто така, бараме прилики да бидеме дарежливи и гостопримливи кон сите од собранието, дури и кон оние што можеби нѐ повредиле (Кол. 3:12-14). Ваквата љубов е главното обележје на вистинските христијани (w21.10 22, пас. 13-14).

Сабота, 22 април

Кој го сака својот син, грижливо го опоменува (Изр. 13:24)

Дали исклучувањето може да му помогне некому да се покае и да се поправи? Да, може. Многу браќа и сестри кои сериозно му грешеле на Јехова рекле дека тоа што биле исклучени им помогнало да се вразумат, да го променат своето однесување и да се вратат во Јеховината топла прегратка (Евр. 12:5, 6). Размисли за следниов пример. Еден пастир забележува дека една од неговите овци е болна. Тој знае дека, за да може овцата да се излечи од таа болест, потребно е да биде одвоена од стадото. Меѓутоа, овците се животни кои не сакаат да бидат сами, туку сакаат да бидат заедно со стадото. Доколку се одвоени од другите овци, тие можат да бидат вознемирени. Ако пастирот вака постапи со болната овца, дали тоа значи дека е суров? Секако дека не. Тој знае дека, ако дозволи овцата да биде заедно со стадото, може да се заразат и другите овци. Со тоа што ја одвојува болната овца, го штити целото стадо (w21.10 10, пас. 9-10).

Недела, 23 април

Нека свети вашата светлина пред луѓето, за да ги видат вашите добри дела и да го слават вашиот Татко, кој е на небесата (Мат. 5:16)

За нас е голема чест што сме дел од едно меѓународно семејство во кое владее љубов. Ние сакаме што е можно повеќе луѓе да почнат да му служат на Бог заедно со нас. Затоа, треба да внимаваме никогаш да не направиме нешто со кое би фрлиле лошо светло врз Јехова или врз неговиот народ. Наместо тоа, сакаме да се однесуваме на начин со кој би ги привлекле луѓето кон вистината. Понекогаш, некои можеби нѐ понижуваат или дури нѐ прогонуваат затоа што сме му послушни на нашиот небесен Татко. Но, што ако чувствуваме страв кога треба да зборуваме пред други за нашите верувања? Можеме да бидеме уверени дека Јехова и неговиот Син ќе ни помогнат. Исус им рекол на своите ученици да не се грижат за тоа што ќе зборуваат во тој момент. Зошто? Тој објаснил: „Во тој час ќе ви биде дадено што да зборувате. Зашто, не зборувате вие, туку духот на вашиот Татко зборува преку вас“ (Мат. 10:19, 20; w21.09 24, пас. 17-18).

Понеделник, 24 април

Ќе му речам на Јехова: „Ти си моето засолниште и мојата тврдина“ (Пс. 91:2)

И Мојсеј употребил слична споредба за да покаже дека Јехова нѐ штити (Пс. 90:1). Освен тоа, при крајот на својот живот тој напишал нешто многу утешно: „Прадревниот Бог е твоето засолниште, под тебе се вечните [Божји] раце“ (5. Мој. 33:27). Што учиме за Јехова од изразот „под тебе се вечните [Божји] раце“? Штом сме уверени дека Јехова е наша тврдина, се чувствуваме сигурно. Сепак, можеби понекогаш сме потиштени и не ни е лесно да се избориме со тие чувства. Што ќе направи Јехова за нас во таквите моменти? (Пс. 136:23). Тој ќе ги стави своите раце под нас, нежно ќе нѐ подигне и ќе ни помогне повторно да застанеме на нозе (Пс. 28:9; 94:18). Тоа што знаеме дека секогаш можеме да се потпреме на Бог ни помага на два начина. Прво, сеедно каде живееме, знаеме дека Јехова секогаш ќе нѐ штити. Второ, нашиот небесен Татко, кој е полн со љубов, покажува голема грижа кон нас (w21.11 6, пас. 15-16).

Вторник, 25 април

Ќе мора да се жалостите поради разните искушенија (1. Пет. 1:6)

Исус знаел дека неправдите ќе бидат испит за верата на неговите ученици. За да им помогне да се справат со нив, дал една споредба која е запишана во евангелието според Лука. Исус раскажал приказна за една вдовица која упорно молела еден неправеден судија да ѝ додели правда. Таа била уверена дека нејзината упорност ќе се исплати. На крајот, судијата го услишил нејзиното барање. Што учиме од ова? Јехова не е неправеден. Затоа Исус рекол: „Та нема ли Бог да се погрижи да добијат правда неговите избрани, кои викаат кон него ден и ноќ?“ (Лука 18:1-8). Потоа додал: „Синот човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?“ Кога доживуваме неправди, со нашата стрпливост и истрајност ќе покажеме дека имаме силна вера како вдовицата. Ако имаме таква вера, може да бидеме сигурни дека, порано или подоцна, Јехова ќе преземе нешто за да ни помогне. Освен тоа, треба да веруваме дека молитвата има голема моќ (w21.11 23, пас. 12; 24, пас. 14).

Среда, 26 април

Како младиот човек ќе го зачува чист својот пат? Ако внимава на себе според твојата реч (Пс. 119:9)

Млади, дали понекогаш имате чувство дека Јеховините мерила премногу ве ограничуваат? Сатана сака да размислувате на таков начин. Тој сака да ви го насочи вниманието на работите што ги прават оние што одат по широкиот пат, бидејќи се чини дека тие добро се забавуваат. Тој сака да мислите дека вие не уживате толку во животот како вашите соученици или како луѓето што ги гледате на интернет. Сатана се обидува да ви ја наметне мислата дека Јеховините мерила ве спречуваат потполно да уживате во животот. Но, не заборавајте го ова: Сатана не сака оние што одат по неговиот пат да бидат свесни што ги чека на крајот (Мат. 7:13, 14). Од друга страна, Јехова јасно ни кажува какви благослови нѐ очекуваат ако останеме на патот што води во живот (Пс. 37:29; Иса. 35:5, 6; 65:21-23; w21.12 23, пас. 6-7).

Четврток, 27 април

Прости му од срце на својот брат (Мат. 18:35)

Ние знаеме дека треба да простуваме. Тоа се очекува од секого од нас. Но, можеби не ни е лесно да го правиме тоа. Понекогаш и апостол Петар веројатно се чувствувал така (Мат. 18:21, 22). Што може да ти помогне полесно да простуваш? Прво, размислувај за тоа колку многу Јехова ти простил тебе (Мат. 18:32, 33). Иако не заслужуваме да ни простува, тој великодушно го прави тоа (Пс. 103:8-10). Исто така, ние сме „должни да се сакаме еден со друг“. Јехова очекува од нас да простуваме. Тоа е нешто што им го должиме на нашите браќа и сестри (1. Јов. 4:11). Второ, размислувај за тоа што се постигнува со простувањето. Така можеме да му помогнеме на оној што ни згрешил. Освен тоа, ќе придонесеме за единство во собранието, ќе го зачуваме нашето пријателство со Јехова и ќе симнеме голем товар од нашите плеќи (2. Кор. 2:7; Кол. 3:14). И трето, моли му се на Оној кој бара од нас да простуваме. Не дозволувај Сатана да ти ги наруши односите со твоите соверници (Еф. 4:26, 27). Потребна ни е помошта од Јехова за да ја избегнеме замката на Сатана и за да го зачуваме мирот во собранието (w21.06 22, пас. 11; 23, пас. 14).

Петок, 28 април

Ти ќе царуваш над Израел (1. Сам. 23:17)

Давид бил во бегство за да си го спаси животот. Саул, кој бил цар на Израел и имал голема моќ, бил решен да го убие. Кога му била потребна храна, Давид отишол во градот Нов и скромно побарал пет леба (1. Сам. 21:1, 3). Подоцна, тој и неговите луѓе се засолниле во една пештера (1. Сам. 22:1). Зошто Давид се нашол во ваква ситуација? Саул му бил болно љубоморен на Давид, бидејќи луѓето го сакале и го фалеле за многуте воени победи што ги извојувал. Освен тоа, Саул знаел дека Јехова го отфрлил поради неговата непослушност и дека го избрал Давид за иден цар на Израел (1. Сам. 23:16, 17). Сепак, Саул сѐ уште бил цар и имал голема војска и многу луѓе што го поддржувале. Затоа Давид морал да бега за да си го спаси животот. Дали Саул навистина сметал дека може да го спречи Бог да го постави Давид за цар? (Иса. 55:11). Библијата не ни кажува. Но, во едно може да бидеме сигурни: Саул се ставил себеси во опасна ситуација. Оние што му се противат на Бог на крајот секогаш губат! (w22.01 2, пас. 1-2).

Сабота, 29 април

Никодим дојде ноќе кај него (Јован 3:1, 2)

Исус вложувал голем труд во службата. Тој ја покажувал својата љубов кон луѓето така што ја користел секоја прилика за да ги поучува (Лука 19:47, 48). Што го поттикнувало на тоа? Сочувството кон нив. Понекогаш имало толку многу луѓе кои сакале да ги слушаат неговите зборови што тој и неговите ученици немале време „ни да јадат“ (Марко 3:20). А кога еден човек сакал да зборува со Исус ноќе, тој спремно го прифатил тоа. Повеќето од оние што на почетокот го слушале Исус никогаш не станале негови ученици. Сепак, сите што го слушале добиле темелно сведоштво. Ние сакаме да им дадеме можност на сите луѓе да ја слушнат добрата вест (Дела 10:42). За да успееме во тоа, можеби ќе треба да направиме некои промени во нашата служба. Наместо да се држиме за распоред што нам ни одговара, треба да се трудиме да проповедаме во време кога има поголеми шанси да ги сретнеме луѓето. Ако го правиме тоа, може да бидеме уверени дека Јехова ќе се радува (w22.01 17, пас. 13-14).

Недела, 30 април

Човек владее над човек на негова штета (Проп. 8:9)

Денес на многумина им е тешко да им веруваат на оние што имаат некаков авторитет во општеството. Тие гледаат дека правниот и политичкиот систем честопати ги штитат богатите и моќните, а им ја ускратуваат правдата на сиромашните. Освен тоа, одредени верски водачи прават лоши работи, поради што некои луѓе ја изгубиле довербата во Бог. Затоа, кога ја проучуваме Библијата со некого, треба да му помогнеме да стекне доверба во Јехова и во браќата на кои им дал задача да предводат. Се разбира, интересентите не се единствените што треба да научат да имаат доверба во Јехова и во неговата организација. Дури и ако веќе со години му служиме на Јехова, никогаш не треба да го заборавиме фактот дека тој секогаш постапува на исправен начин. Понекогаш, некои ситуации можат да ја стават на испит нашата доверба во него (w22.02 2, пас. 1-2).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели