ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • es26 стр. 47-57
  • Мај

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Мај
  • Секојдневно истражување на Писмото — 2026
  • Поднаслови
  • Петок, 1 мај
  • Сабота, 2 мај
  • Недела, 3 мај
  • Понеделник, 4 мај
  • Вторник, 5 мај
  • Среда, 6 мај
  • Четврток, 7 мај
  • Петок, 8 мај
  • Сабота, 9 мај
  • Недела, 10 мај
  • Понеделник, 11 мај
  • Вторник, 12 мај
  • Среда, 13 мај
  • Четврток, 14 мај
  • Петок, 15 мај
  • Сабота, 16 мај
  • Недела, 17 мај
  • Понеделник, 18 мај
  • Вторник, 19 мај
  • Среда, 20 мај
  • Четврток, 21 мај
  • Петок, 22 мај
  • Сабота, 23 мај
  • Недела, 24 мај
  • Понеделник, 25 мај
  • Вторник, 26 мај
  • Среда, 27 мај
  • Четврток, 28 мај
  • Петок, 29 мај
  • Сабота, 30 мај
  • Недела, 31 мај
Секојдневно истражување на Писмото — 2026
es26 стр. 47-57

Мај

Петок, 1 мај

Кај Бог нема пристрасност (Рим. 2:11)

Откако го избавил својот народ од ропството во Египет, Јехова поставил свештеници за да служат во светиот шатор. А на левитите им дал одговорност да извршуваат други задачи поврзани со службата во светиот шатор. Дали Јехова се грижел на подобар начин за оние кои служеле во светиот шатор и за оние кои живееле близу до него отколку за другите? Не! Јехова е непристрасен. Секој Израелец можел да биде близок пријател со Јехова без разлика дали служел во светиот шатор или не. На пример, Јехова се погрижил сиот народ да може да ги види столбот од облак и столбот од оган кои биле над шаторот (2. Мој. 40:38). Кога облакот ќе почнел да се движи во некој нов правец, дури и оние кои живееле најдалеку од светиот шатор можеле да го видат тоа. Така, тие можеле да ги спакуваат своите работи, да ги соберат своите семејни шатори и да тргнат заедно со останатиот народ (4. Мој. 9:15-23). Слично е и денес — без разлика каде живееме, Јехова нѐ сака, се грижи за нас и нѐ штити (w24.06 4, пас. 10-12).

Сабота, 2 мај

Станете! Да бегаме, зашто инаку нема спас од Авесалом! (2. Сам. 15:14)

Авесалом сакал да го убие својот татко Давид за да го преземе неговиот престол (2. Сам. 15:12, 13). Давид морал веднаш да го напушти Ерусалим! Додека неговите слуги си заминувале, Давид сфатил дека некој ќе треба да остане во Ерусалим за да го информира за идните планови на Авесалом. Затоа, го испратил Садок заедно со други свештеници назад во градот за да му ги даваат потребните информации (2. Сам. 15:27-29). Тие требало да бидат многу претпазливи. Давид смислил план во кој биле вклучени Садок и Хусај, верни пријатели на Давид (2. Сам. 15:32-37). Следејќи го планот, Хусај ја стекнал довербата на Авесалом и му предложил една воена стратегија со која Давид ќе имал време да се подготви за напад. Потоа, Хусај им кажал на Садок и на Авијатар што планира да направи Авесалом (2. Сам. 17:8-16). А тие двајца потоа му го пренеле тоа на Давид со што многу придонеле да се заштити животот на Давид (2. Сам. 17:21, 22; w24.07 4-5, пас. 9-10).

Недела, 3 мај

„Дојдете да расчистиме и јас ќе ви помогнам да се помирите со мене“, вели Јехова (Иса. 1:18)

Некои слуги на Јехова многу се измачуваат поради гревовите што ги направиле во минатото, било пред крштавањето или дури по крштавањето. Но, добро е да имаме на ум дека Јехова ја обезбедил откупнината затоа што многу нѐ сака. Нема сомнение дека тој сака да го прифатиме неговиот подарок. Јехова нѐ уверува дека, откако ќе ги расчистиме работите со него, тој потполно ќе ни ги прости гревовите. Многу сме благодарни што нашиот Татко, Јехова, кој е полн со љубов, не се сеќава на нашите гревови од минатото. А во исто време, тој никогаш не ги заборава добрите работи што сме ги направиле (Пс. 103:9, 12; Евр. 6:10). Ако сѐ уште се измачуваш поради твоите поранешни гревови, дај сѐ од себе за да се концентрираш на она што можеш да го правиш сега и на она што ќе можеш да го правиш во иднина. Ти не можеш да го смениш минатото. Но, можеш да му носиш фалба на Јехова во твоите сегашни околности и да размислуваш за прекрасната иднина што тој ти ја ветил (w24.10 8, пас. 8-9).

Понеделник, 4 мај

Облечете ја новата личност (Кол. 3:10)

Кога ја читаш Библијата и бараш начини за да ги примениш нејзините совети, понекогаш можеби ќе се чувствуваш обесхрабрено. На пример, замисли дека она што денес го читаш од Библијата содржи совети за пристрасноста (Јак. 2:1-8). Сфаќаш дека би можел да се подобриш во начинот на кој постапуваш со другите и затоа одлучуваш да направиш некои промени. Потоа, следниот ден читаш некои стихови кои покажуваат колку е важно да го контролираш својот говор (Јак. 3:1-12). Сфаќаш дека понекогаш кажуваш нељубезни или обесхрабрувачки работи. Затоа, одлучуваш твојот говор да биде попозитивен и поохрабрувачки. Третиот ден, во библискиот извештај што го читаш е вклучено предупредувањето да не станеме пријатели со светот (Јак. 4:4-12). Забележуваш дека треба да бидеш повнимателен во врска со изборот на забава. Четвртиот ден, можеби се чувствуваш премногу обесхрабрено бидејќи има многу работи во кои треба да се поправиш. Не се обесхрабрувај. Имај на ум дека облекувањето на „новата личност“ е постојан процес (w24.09 5-6, пас. 11-12).

Вторник, 5 мај

Христос, како Господар, нека биде свет во вашите срца и секогаш бидете спремни за одбрана пред секој што од вас бара да ја образложите надежта која е во вас, но тоа правете го благо и со длабока почит (1. Пет. 3:15)

Исус знаел дека е најважно како гледа Јехова на работите. Тој имал доверба дека Јехова ќе се погрижи за неправдите во вистинското време. Можеме да го следиме примерот на Исус така што ќе внимаваме што ќе кажеме кога некој постапува нефер со нас. Понекогаш се работи за некоја мала неправда и едноставно можеме да преминеме преку неа. Во друга ситуација, можеби ќе решиме да премолчиме за да не кажеме нешто што само би ги влошило работите (Проп. 3:7; Јак. 1:19, 20). А во некои ситуации можеби ќе треба да зборуваме за да се заземеме за некој што трпи неправда или за да ја одбраниме вистината (Дела 6:1, 2). Но многу е важно да се потрудиме да останеме смирени и да зборуваме со почит. Можеме да го следиме примерот на Исус и така што ќе му се препуштиме „на оној што праведно суди“ (1. Пет. 2:23; w24.11 5, пас. 10-12).

Среда, 6 мај

Таква е радоста меѓу Божјите ангели поради еден грешник кој ќе се покае (Лука 15:10)

Ако престапникот се покае, тоа е причина за голема радост! (Лука 15:7). Дали старешините се заслужни за тоа? Сети се што напишал апостол Павле за оние што направиле грев: „Бог да им даде да се покаат“ (2. Тим. 2:25). Значи Јехова, а не некој човек, е тој што, всушност, му помага на еден христијанин да ги промени својот став и својот начин на размислување. Павле објаснува кои убави резултати произлегуваат кога некој ќе се покае. Тој може да почне подобро да ја разбира вистината, да се вразуми и да се извлече од замката на Ѓаволот (2. Тим. 2:26). Ако некој што направил тежок грев се покае, одборот од старешини ќе организира пастирски посети за да може лицето да продолжи да ја добива помошта што му е потребна за да се бори против замките на Сатана и да го прави она што е исправно (Евр. 12:12, 13; w24.08 23, пас. 14-15).

Четврток, 7 мај

Вие не ме барате затоа што видовте чуда, туку затоа што јадевте од лебовите и се наситивте (Јован 6:26)

На мноштвото луѓе кои ги нахранил Исус најважно им било да ги задоволат своите физички потреби и желби. Зошто го велиме ова? Следниот ден, тие забележале дека Исус и апостолите си заминале. Затоа се качиле на некои чамци кои пристигнале од Тиверијада и отишле во Капернаум за да го најдат Исус (Јован 6:22-24). Дали тоа го направиле главно за да слушнат нешто повеќе за Царството? Не. Тие првенствено отишле за Исус да им даде уште храна. Од каде го знаеме ова? Забележи што се случило кога мноштвото го нашло Исус во близина на Капернаум. Исус отворено им кажал дека најважно им е да ги задоволат своите моментални физички потреби. Тој им рекол: „Јадевте од лебовите и се наситивте“ со „храна што пропаѓа“. Тој ги поттикнал да работат „за храна што останува за вечен живот“ (Јован 6:26, 27; w24.12 5, пас. 8-9).

Петок, 8 мај

Срцето на мудриот ја прави разборита неговата уста и им додава уверливост на неговите усни (Изр. 16:23)

Браќа, за да бидете повешти учители, погрижете се она што ќе го кажете кога поучувате и кога им давате совет на браќата и сестрите секогаш да се темели на Божјата Реч. За да можете да го правите тоа, длабоко проучувајте ги Библијата и нашите публикации (Изр. 15:28). Додека проучувате, обрнете посебно внимание на тоа како нашите публикации ги објаснуваат библиските стихови за да можете да ги примените на исправен начин. А кога поучувате, дајте сѐ од себе за да допрете до срцето на оние што ве слушаат. Можете да станете повешти учители ако побарате предлози од некои искусни старешини и ако потоа ги примените (1. Тим. 5:17). Старешините треба да можат да ги опоменуваат, односно да ги храбрат своите браќа и сестри. А понекогаш, мора дури и да ги укоруваат. И во двата случаја, старешините мора да бидат љубезни. Ако постапувате нежно и со љубов и ако го темелите вашето поучување на Божјата Реч, ќе бидете добри учители бидејќи ќе го следите примерот на големиот учител Исус (Мат. 11:28-30; 2. Тим. 2:24; w24.11 24, пас. 16).

Сабота, 9 мај

Објавувајте ја меѓу народите неговата слава (Пс. 96:3)

Може да го славиме Јехова со она што го кажуваме за него. Како Божји народ, ние сме поттикнати да му пееме на Јехова, да го благословуваме неговото име, да ја објавуваме добрата вест за неговото спасение и да ја објавуваме меѓу народите неговата слава (Пс. 96:1-3). Сето ова се начини на кои може да го славиме нашиот небесен Татко со нашите зборови (Дела 4:29). Можеме да го славиме Јехова и со она што го поседуваме. Слугите на Јехова отсекогаш му оддавале чест на ваков начин (Изр. 3:9). На пример, Израелците давале пари и вредни работи за да се изгради и одржува храмот (2. Цар. 12:4, 5; 1. Лет. 29:3-9). Некои ученици на Исус ги поддржувале него и неговите апостоли со она што го имале (Лука 8:1-3). Некои христијани во првиот век исто така им испратиле помош на своите браќа и сестри кои биле погодени од глад (Дела 11:27-29). И ние денес може да го славиме Јехова со нашите доброволни прилози (w25.01 4, пас. 8; 5, пас. 11).

Недела, 10 мај

Може ли некој да ја забрани водата да не бидат крстени овие? (Дела 10:47)

Што му помогнало на Корнелиј да се крсти? Во Библијата за него пишува: „Се боеше од Бог, како и сите во неговиот дом... И непрестајно му упатуваше сесрдни молитви на Бог“ (Дела 10:2). Кога Петар им ја објавил добрата вест, Корнелиј и неговото семејство го прифатиле Христос и веднаш се крстиле (Дела 10:47, 48). Без сомнение, Корнелиј бил спремен да ја направи секоја промена што била потребна за да може да го обожава Јехова заедно со своето семејство (Ис. Нав. 24:15; Дела 10:24, 33). Како Савле, и Корнелиј можел да дозволи неговата положба да го спречи да стане христијанин. Но не дозволил да се случи тоа. Дали треба да направиш големи промени во твојот живот за да ја прифатиш вистината? Ако да, Јехова ќе ти помага. Тој ќе ја благослови твојата решеност да му служиш во склад со библиските начела (w25.03 5, пас. 12-13).

Понеделник, 11 мај

Избегнувај ги измислените прикаски (1. Тим. 4:7)

Ако слушнеш негативни работи во врска со организацијата или браќата што предводат, сети се како постапувале Божјите непријатели со Исус и со неговите ученици во првиот век. Денес, токму како што било проречено во Библијата, Јеховините слуги се прогонувани и оцрнувани (Мат. 5:11, 12). Ние нема да им веруваме на лагите што ги слушаме ако сме свесни кој стои зад нив и ако веднаш преземеме нешто за да се заштитиме. Што треба да направиме? Отфрли ги лажните информации. Апостол Павле дал јасни упатства за тоа што треба да правиме ако наидеме на „измислени прикаски“, односно на лажни информации. Тој му рекол на Тимотеј: „Те поттикнувам... да им заповедаш на некои... да не се занимаваат со измислени прикаски“ и „избегнувај ги измислените прикаски“ (1. Тим. 1:3, 4). Ние ги отфрламе лажните информации бидејќи знаеме кој стои зад нив. Ние ги слушаме само „здравите зборови“ на вистината (2. Тим. 1:13; w24.04 11, пас. 16; 13, пас. 17).

Вторник, 12 мај

Со слатки и ласкави зборови ги заведуваат срцата на простодушните (Рим. 16:18)

Остани обединет со оние кои му се верни на Јехова. Бог сака да го обожаваме обединето со нашите браќа и сестри. Ќе останеме обединети сѐ додека се држиме за вистината. Сите што шират информации кои не се во склад со вистината, создаваат поделби во собранието. Затоа, Бог нѐ предупредува да ги избегнуваме таквите поединци. Во спротивно, би можеле да застраниме од вистината (Рим. 16:17). Ако ја препознаеме вистината и цврсто се држиме за неа, ќе останеме блиски со Јехова и нашата вера ќе остане цврста (Еф. 4:15, 16). Нема да бидеме измамени од пропагандата и од лажните учења на Сатана, и ќе бидеме безбедни за време на големата неволја бидејќи Јехова ќе се грижи за нас. Продолжи цврсто да се држиш за вистината, и „Богот на мирот ќе биде со [тебе]“ (Фил. 4:8, 9; w24.07 13, пас. 16-17).

Среда, 13 мај

[Исус] за сите времиња принесе една жртва за гревови (Евр. 10:12)

Исус им обрнал посебно внимание на луѓето кои биле оптоварени од гревот и ги поканил да станат негови следбеници. Тој знаел дека главната причина поради која луѓето страдаат е гревот. Затоа, Исус особено им помагал на оние кои биле познати како грешници. Користејќи една споредба, тој објаснил: „На здравите не им треба лекар, туку на болните“. Потоа додал: „Не дојдов да ги повикам праведниците, туку грешниците“ (Мат. 9:12, 13). Исус живеел во склад со тие зборови. Кога една жена му ги измила нозете со своите солзи, тој љубезно зборувал со неа и ѝ ги простил гревовите (Лука 7:37-50). Исус ја поучил Самарјанката крај бунарот за важни вистини и покрај тоа што знаел дека водела неморален начин на живот (Јован 4:7, 17-19, 25, 26). Бог дури му дал моќ на Исус да го отстрани крајниот резултат на гревот — смртта. Како? Исус имал моќ да воскреснува луѓе — лица од машки и женски пол, деца и возрасни (Мат. 11:5; w24.08 4, пас. 9-10).

Четврток, 14 мај

Ќе му суди на светот според правдата и на народите — според својата верност (Пс. 96:13)

Како Јехова ќе го прослави своето име во блиска иднина? Преку осудите што ќе ги изврши. Наскоро, тој ќе го уништи Големиот Вавилон поради тоа што му нанесува срам на неговото свето име (Отк. 17:5, 16; 19:1, 2). Некои што ќе го видат уништувањето на Големиот Вавилон можеби ќе почнат да му служат на Јехова заедно со нас. На крајот, во Армагедон, Јехова ќе го уништи целиот свет на Сатана така што ќе ги уништи сите што му се противат и му нанесуваат срам на неговото име, а ќе ги спаси сите кои го сакаат, кои му се послушни и кои со гордост го слават (Мар. 8:38; 2. Сол. 1:6-10). По последниот испит кој ќе следи по илјадагодишното владеење на Христос, Јехова потполно ќе го прослави своето име (Отк. 20:7-10). Во тоа време, „земјата ќе биде полна со знаење за Јеховината слава како што морето е полно со вода“ (Авак. 2:14). Колку прекрасно ќе биде кога секој ќе му ја оддава на Јехова славата што е достојна на неговото име (w25.01 7, пас. 15-16).

Петок, 15 мај

Вие трпите заради вашето воспитување (Евр. 12:7)

Што ќе им помогнело на христијаните кои живееле во Ерусалим и во Јудеја да истраат и покрај противењето? Апостол Павле знаел дека ќе треба да имаат исправно гледиште за своите неволји. Затоа, тој објаснил дека, кога христијаните минуваат низ неволји, Јехова може да го искористи тоа за да ги обучи. Ваквата обука може да му помогне на еден христијанин да стекне или во уште поголема мера да развие особини кои му се допаѓаат на Јехова. Тоа што ќе се фокусирале на крајниот исход од таквите неволји ќе им помогнело на христијаните во Ерусалим и во Јудеја да истраат (Евр. 12:11). Павле ги поттикнал еврејските христијани да бидат уште порешени да истраат во неволјите. Зошто тој можел да им даде добри совети во врска со тоа како да издржат под прогонство? Бидејќи порано ги прогонувал христијаните, Павле знаел колку сурово се постапувало со нив. Исто така, тој знаел како да истрае под прогонство. Всушност, откако станал христијанин, Павле се соочил со разни облици на противење (2. Кор. 11:23-25; w24.09 12, пас. 16-17).

Сабота, 16 мај

Бдејте (Мат. 25:13)

Со секој изминат ден, станува сѐ поитно да проповедаме. Зошто? Бидејќи не останува уште многу време до крајот. Размисли што прорекол Исус во врска со проповедничкото дело во последните денови, како што е запишано во Марко 13:10. Според паралелниот извештај од евангелието според Матеј, Исус рекол дека добрата вест ќе се проповеда по целата населена Земја пред да дојде „крајот“ (Мат. 24:14). Овој израз означува целосен крај на злобниот свет на Сатана. Јехова одредил ден и час за настаните што наскоро ќе се случат (Мат. 24:36; Дела 1:7). Секој ден, ние сме сѐ поблизу до тоа време (Рим. 13:11). Дотогаш, мора да продолжиме да проповедаме додека не дојде крајот. Кога станува збор за нашата служба на проповедање, убаво е да размислиме за следново важно прашање: Зошто ја проповедаме добрата вест? Едноставно кажано, она што нѐ поттикнува да проповедаме е љубовта. Кога проповедаме, ние ја покажуваме нашата љубов — љубовта кон добрата вест, љубовта кон луѓето и, пред сѐ, љубовта кон Јехова и кон неговото име (w24.05 14-15, пас. 2-3).

Недела, 17 мај

Бог го погледна сето она што го беше направил, и гледај, беше многу добро (1. Мој. 1:31)

Родители, поттикнете ги децата да размислуваат за светот на природата. Додека се шетате во природа или работите нешто во градината, посочете им ги на децата неверојатните форми што постојат во природата. Така децата ќе сфатат дека мора да ги создал некој многу интелигентен. На пример, научниците веќе долги години ги истражуваат спиралните форми. Биофизичарот Никола Фамели објаснува дека, ако го броиш бројот на спирали во природата, ќе видиш дека одредени броеви се појавуваат по шема. Тие се наречени Фибоначиев број. Спиралните форми може да се забележат кај многу творби, на пример, обликот на некои галаксии, обликот на спиралните школки, ливчињата на растенијата и главата на сончогледот (w24.12 16, пас. 7).

Понеделник, 18 мај

Тој ти дава живот (5. Мој. 30:20)

Мојсеј, Давид и Јован живееле во време и околности кои биле различни од нашите. Но имаме многу заеднички работи со нив. Тие му служеле на вистинскиот Бог, а му служиме и ние. Исто како нив, му се молиме на Јехова, се потпираме на него и бараме водство од него. И, исто како овие мажи од минатото, уверени сме дека Јехова богато ги благословува оние што му се послушни. Со оглед на сето ова, да ги земеме при срце прошталните зборови на овие верни постари мажи така што ќе им бидеме послушни на Јеховините заповеди. Така ќе постапуваме разборито во сѐ. Ќе имаме „живот и долговечност“ — ќе живееме вечно. И, ќе бидеме радосни затоа што го радуваме нашиот небесен Татко полн со љубов кој ги исполнува сите свои ветувања на далеку подобар начин од што очекуваме, па дури и од што можеме да си замислиме (Еф. 3:20; w24.11 13, пас. 20-21).

Вторник, 19 мај

Бог во собранието поставил разни поединци (1. Кор. 12:28)

Во првиот век, некои браќа биле именувани за слуга-помошници (1. Тим. 3:8). Се чини дека тие се „оние што помагаат“, за кои пишувал апостол Павле. Очигледно, слуга-помошниците се грижеле за голем број важни и практични работи за да можат старешините да се концентрираат на поучувањето и на пастирската грижа. На пример, можеби слуга-помошниците помагале да се прават преписи од светите списи или можеби ги набавувале материјалите потребни за таа цел. Размисли како помагаат слуга-помошниците во твоето собрание (1. Пет. 4:10). Тие можеби имаат задача да се грижат за собраниското сметководство, за подрачјата, за литературата, да управуваат со аудио и видео опремата, да служат како редари или да помагаат во одржувањето на салата. Сето ова е неопходно за да може собранието исправно да функционира (1. Кор. 14:40; w24.10 19, пас. 4-5).

Среда, 20 мај

Сѐ можам со помош на оној што ми дава сила (Фил. 4:13)

Ќе можеме да истраеме во секоја неволја, без разлика дали е голема или мала, ако имаме на ум дека Јехова е жив и дека е тука за да ни помогне. Тој е Семоќен, и може да ни даде сила да истраеме. Затоа, ја имаме секоја причина храбро да се соочиме со секоја неволја. Кога гледаме дека Јехова ни помага додека се соочуваме со помали неволји, тоа нѐ уверува дека тој ќе ни помогне и кога ќе се соочиме со поголеми неволји. Да разгледаме две случки од животот на цар Давид кои му ја зголемиле довербата во Јехова. Кога Давид бил млад и ги чувал овците на татко му, еден лав, а потоа и една мечка однеле по една овца од стадото. И во двете прилики, тој постапил храбро — се стрчал по лавот и по мечката и ги спасил овците. Но, Давид не мислел дека тоа го направил со сопствена сила бидејќи знаел дека Јехова е тој што му помогнал (1. Сам. 17:34-37). Тоа што размислувал за овие случки, му влеало доверба на Давид дека живиот Бог ќе го зајакне и во иднина (w24.06 21, пас. 5-6).

Четврток, 21 мај

Кој одговара пред да сослуша, тоа е за него глупост и срам (Изр. 18:13)

Замисли дека си поканет на некоја забава. Дали треба да одиш? Ако не го познаваш оној што ја организира забавата и ако не знаеш што планира тој да има на неа, ќе треба да му поставиш прашања, како на пример: „Кога и каде ќе се одржи забавата? Колку луѓе се поканети? Кој ќе ја надгледува? Кој ќе присуствува? Што е планирано да се прави на забавата? Дали ќе се служи алкохол?“ Одговорите на овие прашања ќе ти помогнат да донесеш мудра одлука. Потоа, откако ќе ги собереш сите факти, внимателно размисли за целата ситуација. На пример, што ако дознаеш дека на забавата ќе присуствуваат лица кои не ги почитуваат библиските начела или дека ќе се служи алкохол без некој да го надгледува тоа? Дали мислиш дека има можност забавата да се претвори во разуздана забава? (1. Пет. 4:3). Ако размислиш за сите факти, ќе ти биде полесно да донесеш добра одлука (w25.01 14-15, пас. 4-5).

Петок, 22 мај

Ако бидат вашите гревови како црвено платно, ќе станат бели како снег (Иса. 1:18)

Јехова користи споредби за да ни помогне да ја цениме откупната жртва преку која тој ги брише гревовите на оние што се каат. Многу е тешко да се исчисти една црвена флека од облеката. Но, преку оваа споредба, Јехова нѐ уверува дека нашите гревови можат да бидат толку темелно исчистени што повеќе нема да бидат видливи. Гревовите се споредени и со „долгови“ (Мат. 6:12; Лука 11:4). Значи, секогаш кога ќе му згрешиме на Јехова, ни се зголемува долгот. Нашиот долг кон него е огромен! Но, кога Јехова ни простува, тоа е како да ни го поништува долгот кој би требало да го платиме. Тој никогаш нема да побара да му платиме долг за гревовите што веќе ни ги простил. Оваа споредба на убав начин покажува колкаво олеснување чувствуваме кога Јехова ќе ни прости! (w25.02 10, пас. 9-10).

Сабота, 23 мај

Децата не треба да стекнуваат имот за родителите, туку родителите за децата (2. Кор. 12:14)

На родителите можеби ќе им биде потребна некаква практична помош, и многу деца со задоволство им пружаат таква помош (1. Тим. 5:4). Но родителите кои имаат доверба во Јехова сфаќаат дека среќата не зависи од тоа дали ќе ги одгледаат своите деца со цел тие финансиски да се грижат за нив, туку од тоа дали ќе им помогнат да станат слуги на Јехова (3. Јов. 4). Родители, со својот пример поучувајте ги вашите деца да имаат доверба во Јехова додека им помагате да научат самите да се издржуваат во иднина. Додека сѐ уште се мали, поучувајте ги колку е корисно трудољубиво да работат (Изр. 29:21; Еф. 4:28) Додека растат, помагајте им да го даваат своето најдобро на училиште. Добро е родителите да истражуваат за да најдат библиски начела и потоа да им помогнат на своите деца на темел на тие начела да донесат мудри одлуки за тоа какво образование да изберат. Тоа ќе им помогне на децата да бидат во состојба самите да се издржуваат и колку што е можно повеќе да учествуваат во службата на проповедање (w25.03 30-31, пас. 15-16).

Недела, 24 мај

Облечете ја новата личност (Еф. 4:24)

Во Исаија поглавје 65, Јехова опишал каков ќе им биде животот на оние што ќе живеат во духовниот рај. Првото исполнување на ова пророштво се случило во 537 год. пр.н.е. Во тоа време, Евреите кои се покајале биле ослободени од ропството во Вавилон и се вратиле во својата татковина. Јехова ги благословил своите слуги и им помогнал повторно да ја вратат убавината на разрушениот град Ерусалим и да го обноват неговиот храм каде што го обожавале Бог (Иса. 51:11; Зах. 8:3). Второто исполнување на пророштвото од Исаија започнало во 1919 год. од н.е., кога слугите на Јехова од наше време биле ослободени од ропството на Големиот Вавилон. Потоа, духовниот рај почнал постепено да се проширува низ Земјата. Ревносните објавители на Царството основале многу собранија и покажувале христијански особини. Мажи и жени, кои некогаш воделе насилен и неморален начин на живот, ја облекле „новата личност, која е создадена по Божја волја“ (w24.04 20-21, пас. 3-4).

Понеделник, 25 мај

Секој ќе го носи својот товар (Гал. 6:5)

Во некои земји, се очекува родителите или некое друго возрасно лице да одберат брачен другар за некој свој роднина кој не е во брак. Во други земји, семејството или пријателите наоѓаат потенцијален брачен другар за оној што не е во брак, и потоа договараат средба за момчето и девојката да видат дали си одговараат. Ако си замолен да посредуваш за врска или за брак, земи ги предвид желбите и потребите на двете страни. Ако сметаш дека некој би бил добар брачен другар за твојот пријател или роднина, обиди се добро да ја запознаеш личноста за да видиш какви особини има и, што е најважно, дали е духовна личност. Блискиот однос со Јехова е многу поважен од парите, образованието или социјалниот статус. Но, не заборавај дека братот и сестрата кои се самци треба да ја донесат конечната одлука дали ќе стапат во брак (w24.05 23, пас. 11).

Вторник, 26 мај

Вистинскиот пријател сака во секое време (Изр. 17:17)

Можеме да им помогнеме на оние што се во врска со она што ќе го кажеме или нема да го кажеме. Понекогаш можеби ќе ни треба самоконтрола (Изр. 12:18). На пример, можеби едвај ќе чекаме да им кажеме на другите дека некои двајца започнале врска, но тие можеби ќе сакаат самите да им ја кажат на другите таа вест. Не треба да го озборуваме тој пар, ниту да го критикуваме за некои лични работи (Изр. 20:19; Рим. 14:10; 1. Сол. 4:11). Освен тоа, не треба да поставуваме прашања или да кажуваме работи поради кои парот ќе биде под притисок да стапи во брак. Што ако еден пар одлучи да ја прекине врската? Не треба да им поставуваме лични прашања, ниту пак да обвинуваме некого од нив за крајот на врската (1. Пет. 4:15). Ако еден пар одлучи да ја прекине врската, тоа не значи дека таа била неуспешна. Обично, тоа едноставно значи дека врската ја постигнала својата цел — му помогнала на парот да донесе добра одлука. Сепак, поради таа одлука, тие можеби сѐ уште чувствуваат емоционална болка. Затоа, треба да размислиме на кој начин можеме да им помогнеме (w24.05 31, пас. 15-16).

Среда, 27 мај

Ако се обесхрабриш во денот на неволја, ќе ослаби твојата сила (Изр. 24:10)

Една од најтешките работи што може да ни се случи е ако некој член на семејството или близок пријател го напушти Јехова (Пс. 78:40). Колку поблиски сме со таа личност, толку потешко може да ни биде да истраеме во таа ситуација. Ако и ти си доживеал такво болно искуство, примерот на верниот Садок може да те зајакне. Тој му останал верен на Јехова кога неговиот близок пријател Авијатар одлучил да му биде неверен на Бог. Ова се случило додека цар Давид лежел на смртна постела. Неговиот син Адонија се обидел да го преземе престолот за кој Јехова ветил дека ќе го наследи Соломон (1. Лет. 22:9, 10). Авијатар одлучил да го поддржи Адонија (1. Цар. 1:5-8). Со тоа, Авијатар не им бил неверен само на Давид и на Садок туку и на Јехова! Со децении, Садок и Авијатар соработувале како свештеници (2. Сам. 8:17; 15:29; 19:11-14; w24.07 6, пас. 14-15).

Четврток, 28 мај

Среќен е човекот кој секогаш внимава што прави (Изр. 28:14, Превод Нов свет, ревидирано издание на англиски од 2013)

Можеме да бидеме уверени дека вреди сиот труд што го вложуваме за да се чуваме од искушенија. Без разлика какви минливи задоволства нуди гревот, тоа што ќе живееме според Јеховините мерила ќе нѐ направи далеку посреќни (Евр. 11:25; Пс. 19:8). Тоа е така бидејќи ние сме создадени да живееме според неговите мерила (1. Мој. 1:27). Како резултат на тоа, ќе имаме чиста совест и еден ден ќе имаме можност да живееме вечно (1. Тим. 6:12; 2. Тим. 1:3; Јуда 20, 21). Вистина е дека „телото е слабо“ (Мат. 26:41). Но, тоа не значи дека сме беспомошни. Јехова е спремен да ни ја даде потребната сила (2. Кор. 4:7). Забележи дека силата која ни ја дава Бог ја надминува нормалната. Но ние имаме одговорност да ја користиме нашата сопствена сила, односно да даваме сѐ од себе за секој ден да се бориме против искушенијата. Јехова ќе одговори на нашите молитви и ќе ни даде повеќе сила кога тоа ќе ни биде потребно (1. Кор. 10:13). Без сомнение, со Јеховина помош можеме да се чуваме од искушенија! (w24.07 19, пас. 19-21).

Петок, 29 мај

Оние што прават грев, укори ги пред сите (1. Тим. 5:20)

Апостол Павле му ги напишал зборовите од денешниот стих на Тимотеј, кој исто така бил старешина, за да му каже како да постапи со „оние што прават грев“. Дали сакал да каже дека треба да бидат укорени пред целото собрание? Не секогаш. Кога рекол „пред сите“, тој мислел на оние неколкумина кои можеби веќе знаеле за гревот. Тоа би можело да бидат очевидците или оние на кои престапникот им се доверил. Старешините ќе им кажат само на овие лица дека презеле нешто во врска со случајот и дека престапникот е укорен. Понекогаш, многумина во собранието веќе знаат дека некој направил тежок грев или веројатно ќе дознаат за тоа. Во таков случај, изразот „пред сите“ се однесува на целото собрание. Затоа, еден старешина ќе го извести собранието дека некој соверник е укорен. Зошто? Како што објаснил Павле, за да можат другите да извлечат поука од тоа и да не направат тежок грев (w24.08 23-24, пас. 16-17).

Сабота, 30 мај

Ова се вистинити Божји зборови (Отк. 19:9)

Мора да останеме зафатени во службата за Јехова сѐ до крајот. Помазаниците мора да останат духовно будни за да бидат „земени“, односно Исус да им ја даде нивната небесна награда (Мат. 24:40). Тие едвај чекаат да бидат „собрани“ кај Исус на небото. По војната Армагедон, помазаниците ќе бидат Исусовата невеста на свадбата на Јагнето (2. Сол. 2:1). Времето кога Исус ќе суди брзо се приближува, но нема потреба да се плашиме. Ако останеме верни, нашиот небесен Татко кој е полн со љубов ќе ни даде „сила, која ја надминува нормалната“, „за да [успееме]... да [застанеме] пред Синот човечки“ (2. Кор. 4:7; Лука 21:36). Без разлика дали имаме надеж да живееме на небото или на Земјата, ние ќе го радуваме нашиот Татко ако обрнеме внимание на предупредувањата од споредбите на Исус. Благодарение на Јеховината незаслужена доброта, нашите имиња ќе бидат запишани во „книгата на животот“ (Дан. 12:1; Отк. 3:5; w24.09 24-25, пас. 19-20).

Недела, 31 мај

Мене ми е добро да бидам близу до Бог (Пс. 73:28)

И ти можеш да најдеш внатрешен мир со помош на Божјата Реч. Како можеш да го постигнеш тоа? Размислувај колку вреди она што го имаш — вклучувајќи го и богатството кое си го собрал на небото — и спореди го тоа со она што го имаат оние чија награда е само тоа што светот го нуди. Тие можеби потполно се потпираат на сопствените постигнувања во животот бидејќи немаат никаква надеж за иднината. Сепак, тебе Јехова ти ветил благослови кои се многу поубави од сѐ што можеш да си замислиш (Пс. 145:16). Размисли и за следново: Дали навистина може да знаеш каков ќе ти беше животот доколку донесеше поинакви одлуки? Едно е сигурно: На оние кои носат одлуки на темел на нивната љубов кон Бог и кон другите луѓе, нема да им недостасува ништо што е вистински добро (w24.10 27, пас. 12-13).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели