ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • es26 стр. 98-108
  • Октомври

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Октомври
  • Секојдневно истражување на Писмото — 2026
  • Поднаслови
  • Четврток, 1 октомври
  • Петок, 2 октомври
  • Сабота, 3 октомври
  • Недела, 4 октомври
  • Понеделник, 5 октомври
  • Вторник, 6 октомври
  • Среда, 7 октомври
  • Четврток, 8 октомври
  • Петок, 9 октомври
  • Сабота, 10 октомври
  • Недела, 11 октомври
  • Понеделник, 12 октомври
  • Вторник, 13 октомври
  • Среда, 14 октомври
  • Четврток, 15 октомври
  • Петок, 16 октомври
  • Сабота, 17 октомври
  • Недела, 18 октомври
  • Понеделник, 19 октомври
  • Вторник, 20 октомври
  • Среда, 21 октомври
  • Четврток, 22 октомври
  • Петок, 23 октомври
  • Сабота, 24 октомври
  • Недела, 25 октомври
  • Понеделник, 26 октомври
  • Вторник, 27 октомври
  • Среда, 28 октомври
  • Четврток, 29 октомври
  • Петок, 30 октомври
  • Сабота, 31 октомври
Секојдневно истражување на Писмото — 2026
es26 стр. 98-108

Октомври

Четврток, 1 октомври

Јас ќе гледам кон Јехова (Мих. 7:7)

Ние честопати добиваме упатства од организацијата кои ни помагаат во нашето обожавање — од нашите локални старешини, од покраинскиот надгледник, од подружницата или од Водечкото тело. Но, што ако некогаш не ги разбираме причините за упатствата што ги добиваме? Можеби се концентрираме само на негативните ефекти кои тие упатства би можеле да ги имаат врз нас. Може дури да почнеме да се концентрираме на слабостите на браќата кои ги дале тие упатства. Кога живееме според верата, имаме доверба дека Јехова има контрола над сѐ и дека добро ја знае нашата ситуација. Затоа веднаш ги прифаќаме новите упатства и послушни сме им, и тоа со позитивен став (Евр. 13:17). Свесни сме дека, кога сме послушни, придонесуваме да има единство во собранието (Еф. 4:2, 3). Имаме доверба во Јехова и знаеме дека, иако браќата кои предводат се несовршени, ако сме послушни, тој ќе нѐ благослови (1. Сам. 15:22). И доколку нешто навистина треба да се поправи, во свое време Јехова ќе го поправи (w25.03 23-24, пас. 13-14).

Петок, 2 октомври

Бог ги открива тајните (Дан. 2:28)

Живееме во многу возбудливи времиња! Секој ден пред наши очи се исполнуваат библиски пророштва. На пример, гледаме како „царот на северот“ и „царот на југот“ се борат за светска превласт (Дан. 11:40). Гледаме како добрата вест за Божјето Царство се проповеда во досега невидени размери, при што милиони луѓе одлучуваат да му служат на Јехова (Иса. 60:22; Мат. 24:14). Освен тоа, добиваме изобилство духовна храна „во вистинско време“ (Мат. 24:45-47). Јехова и понатаму ни помага да имаме појасно разбирање за важните настани што наскоро ќе се случат (Изр. 4:18). Можеме да бидеме уверени дека, до времето кога ќе започне големата неволја, ќе знаеме сѐ што ни е потребно да знаеме со цел да останеме верни и обединети во тој тежок период. Сепак, мора да признаеме дека има некои работи за блиската иднина кои едноставно не ги знаеме (w24.05 8, пас. 1-2).

Сабота, 3 октомври

Тој не клевети со јазикот (Пс. 15:3)

Псалмистот конкретно го спомнува клеветењето. Што е клевета? Општо земено, тоа е лажна изјава која може да уништи нечиј углед. Псалм 15:3 исто така нѐ потсетува дека гостите на Јехова не им прават никакво зло на своите ближни и не ги срамотат своите пријатели (Пс. 15:1). Како би можеле да го направиме тоа? Ние би можеле ненамерно да посрамотиме некого така што ќе шириме негативни информации за него. Размисли за следниве ситуации: 1) една сестра престанува со пионерската служба, 2) еден брачен пар повеќе не служи во Бетел или 3) еден брат повеќе не служи како старешина или како слуга-помошник. Дали би било исправно да шпекулираме од кои причини дошло до тие промени и потоа да го споделуваме со другите нашето мислење? Може да има повеќе причини поради кои дошло до тие промени за кои ние не сме ни свесни. Оној што е гостин во Јеховиниот шатор „не му прави никакво зло на ближниот свој и не го срамоти пријателот свој“ (w24.06 11, пас. 11-13).

Недела, 4 октомври

Постојано го имам Јехова пред себе. Тој ми е оддесно, затоа нема да се затетеравам (Пс. 16:8)

За да си го зајакнеме стравот од Јехова, треба да размислуваме што му се допаѓа нему секогаш кога ќе треба да донесеме некоја одлука. Додека читаш некој извештај од Библијата, прашај се: „Каква одлука ќе донесев доколку јас бев во таа ситуација?“ На пример, замисли си дека ги слушаш 10-те израелски поглавари кои, откако ја извидиле земјата која Јехова ветил дека ќе им ја даде, кажуваат дека Израелците нема да можат да го освојат Ханаан. Дали ќе им поверуваше и ќе дозволеше да те надвладее стравот од човек или ќе победеа твојата љубов кон Јехова и желбата да го радуваш него? Едно цело поколение Израелци не ја препознале вистината што ја кажувале Исус Навин и Халев. Како резултат на тоа, Јехова не им дозволил да влезат во Ветената земја (4. Мој. 14:10, 22, 23; w24.07 10, пас. 7).

Понеделник, 5 октомври

Јехова ги испитува срцата (Изр. 17:3)

Гомер, жената на пророкот Осија, го напуштила Осија поради друг маж. Дали било невозможно таа да се покае? Јехова, кој може да ги чита срцата, му рекол на Осија: „Оди и повторно сакај ја жената која друг ја сака и која врши прељуба, како што Јехова ги сака синовите на Израел, додека тие се свртуваат кон други богови“ (Оси. 3:1; Изр. 16:2). Забележи дека жената на Осија сѐ уште правела тежок грев. Сепак, Јехова му рекол на Осија да оди кај неа, да ѝ даде можност да се помират и да ѝ прости. Слично на ова, Јехова не се откажал од својот тврдоглав народ. Иако Израелците сѐ уште правеле тешки гревови, тој сѐ уште ги сакал. Тој продолжил да ги праќа своите пророци за да им помогне да се покаат и да се променат. Овој пример покажува дека Јехова, оној кој „ги испитува срцата“, ќе се обиде да му помогне некому да се покае иако тоа лице сѐ уште прави тежок грев (w24.08 10, пас. 7).

Вторник, 6 октомври

Во Законот наоѓаме само сенка на идните благослови (Евр. 10:1)

Еврејските христијани од првиот век требало да направат големи промени кои воопшто не биле лесни за нив. Едно време, Евреите биле Јеховиниот избран народ. Ерусалим било местото каде што израелските цареви седеле на Јеховиниот престол како претставници на самиот Бог, а храмот бил најважното место на кое Евреите го обожавале Јехова. Сите верни Евреи го држеле Мојсеевиот закон онака како што ги поучувале нивните верски водачи. Овие учења влијаеле врз нивната исхрана, врз нивното гледиште за обрежувањето, па дури и врз начинот на кој се однесувале со луѓето од другите народи. Сепак, по смртта на Исус, Мојсеевиот закон престанал да важи. Јехова повеќе не ги прифаќал жртвите што Евреите ги принесувале во храмот. Бидејќи биле навикнати да се држат за Законот, на Евреите кои станале христијани не им било лесно да го сменат својот начин на обожавање (Евр. 10:1, 4, 10). Дури и на некои зрели христијани, како што бил апостол Петар, им било тешко да прифатат некои од промените (Дела 10:9-14; Гал. 2:11-14). Поради новите верувања, овие христијани станале мета на еврејските верски водачи (w24.09 9, пас. 4).

Среда, 7 октомври

Сеќавајте се на оние што ве предводат, кои ви ја зборуваа Божјата реч (Евр. 13:7)

Секогаш кога Јехова им дава некаква задача на своите слуги, тој очекува да ја извршат на организиран начин (1. Кор. 14:33). На пример, Божја волја е добрата вест да биде проповедана по целиот свет (Мат. 24:14). Јехова му ја дал на Исус одговорноста да го води ова дело. Исус се погрижил тоа да се врши на организиран начин. Во првиот век, кога биле основани собранија на разни места, биле именувани старешини за да даваат упатства и за да предводат (Дела 14:23). Водечкото тело во Ерусалим, кое го сочинувале апостолите и некои искусни старешини, донело одредени одлуки за кои сите собранија требало да се придржуваат (Дела 15:2; 16:4). Бидејќи биле послушни на упатствата што ги добиле, собранијата се зацврстувале во верата и од ден на ден растеле (Дела 16:5; w24.04 8, пас. 1).

Четврток, 8 октомври

Марија Магдалена дојде и им јави на учениците: „Го видов Господарот!“ (Јован 20:18)

Утрото на 16 нисан, неколку жени отишле на гробот каде што било положено телото на Исус (Лука 24:1, 10). Една од нив била Марија Магдалена. Кога Марија пристигнала кај гробот, тој бил празен. Затоа, таа отишла да им го каже тоа на Петар и Јован. Тие двајца отрчале до гробот, а Марија отишла по нив. Откако Петар и Јован виделе дека гробот навистина е празен, се вратиле дома. Но не и Марија. Таа останала таму и плачела. Воопшто не била свесна дека Исус ја гледа. Тој ја набљудувал додека таа плачела и бил длабоко трогнат. Затоа Исус ѝ се појавил на Марија и направил нешто едноставно што многу ја охрабрило. Тој зборувал со неа и ѝ дал една важна задача — да им каже на неговите браќа дека воскреснал (Јован 20:17, 18; w24.10 13, пас. 7).

Петок, 9 октомври

Ќе ги намножам своите знаци и чуда во египетската земја (2. Мој. 7:3)

Мојсеј бил пророк, судија, заповедник и писател. Тој го извел израелскиот народ од ропството во Египет и бил сведок на многу од чудата што ги направил Јехова. Бог го користел за да ги напише првите пет книги од Библијата, Псалм 90, а можеби и Псалм 91. Исто така, тој веројатно ја напишал и книгата Јов. Кратко пред да умре, кога имал 120 години, Мојсеј ги собрал сите Израелци за да ги потсети на она што го виделе и доживеале. Тие со свои очи виделе многу знаци и чуда од Јехова, како и казната што тој им ја нанел на Египќаните (2. Мој. 7:4). Тие поминале низ разделените води на Црвеното Море и го виделе уништувањето на фараоновата војска (2. Мој. 14:29-31). Во пустината, виделе како Јехова ги штити и се грижи за нив (5. Мој. 8:3, 4). Сега, кога Израелците биле на прагот од Ветената земја, Мојсеј ја искористил таа последна можност за да го охрабри народот (w24.11 8-9, пас. 3-4).

Сабота, 10 октомври

Ако некој јаде од овој леб, ќе живее вечно. Лебот што ќе го дадам јас е моето тело, кое ќе го дадам за животот на светот (Јован 6:51)

Она што Исус им го кажал на своите апостоли на Господаровата вечера се разликува од она што му го кажал на мноштвото во близина на Капернаум. Кога бил во Галилеја во 32 год. од н.е., Исус главно им се обратил на Евреи кои сакале тој да им даде леб. Сепак, Исус им го свртил вниманието кон нешто многу покорисно од дословна храна. Тој им кажал што е тоа што може да им даде вечен живот. Исус дури рекол дека оние што умреле може да бидат воскреснати во последниот ден и да живеат засекогаш. Тој не зборувал само за малкумина, за еден ограничен број луѓе, како што било случај подоцна на Господаровата вечера. Наместо тоа, во Галилеја тој зборувал за еден благослов кој ќе имале можност да го добијат сите луѓе (w24.12 11, пас. 10-11).

Недела, 11 октомври

Мажи, сакајте ги своите жени (Кол. 3:19)

Јехова ги мрази оние што се насилни (Пс. 11:5). Тој особено не одобрува кога еден сопруг е насилен кон својата сопруга (Мал. 2:16). Ако еден маж не постапува добро со својата жена, тоа ќе влијае врз неговиот однос со Бог. Јехова може дури и да не ги слуша неговите молитви (1. Пет. 3:7). Некои сопрузи ги повредуваат своите жени така што користат остри зборови и навредлив говор. Но Јехова мрази „лутина и гнев и викање и навредлив говор“ (Еф. 4:31, 32). Кога еден сопруг зборува грубо со својата жена, тоа му штети не само на неговиот однос со неа туку и на неговиот однос со Јехова (Јак. 1:26). Истото може да се каже и за еден маж кој гледа порнографија. И тој си го нарушува односот со Јехова. А со тоа и ја понижува својата жена. Јехова очекува сопругот да ѝ остане верен на својата жена не само во постапките туку и во мислите. Исус рекол дека еден маж кој гледа во друга жена со страст „веќе извршил прељуба со неа во своето срце“ (Мат. 5:28, 29; w25.01 9, пас. 6-8).

Понеделник, 12 октомври

Човек се прогласува за праведен поради верата во Христос Исус (Гал. 2:16)

Библијата вели дека Јеховините слуги се прогласени за праведни. Ова значи дека се тргнати обвиненијата против нас и дека не треба да платиме за нашите гревови. Сепак, ова не значи дека Јехова ги прекршува своите мерила за правда. Тој не нѐ прогласува за праведни затоа што заслужуваме, ниту пак ги оправдува нашите гревови. Всушност, Јехова сака да ни ги прости гревовите бидејќи покажуваме вера во сето она што тој и Исус го направиле за да ја обезбедат откупнината (Рим. 3:24). Што значи ова за секого од нас? Некои од оние кои се прогласени за праведни се избрани да владеат со Христос на небото и се прогласени за Божји деца (Тит 3:7; 1. Јов. 3:1). Бог им ги простува гревовите и гледа на нив како никогаш да не ги направиле. На тој начин, тие ги исполнуваат условите да бидат во Царството (Рим. 8:1, 2, 30). Други кои се прогласени за праведни ќе живеат засекогаш на Земјата. Јехова им ги простил гревовите, и тие стануваат негови пријатели (Јак. 2:21-23; w25.02 5, пас. 17-18).

Вторник, 13 октомври

Твоите мисли не се Божји, туку човечки (Мат. 16:23)

Да разгледаме една прилика во која апостол Петар покажал дека не размислува како Јехова. Исус им кажал на своите апостоли дека ќе мора да оди во Ерусалим, да им биде предаден на верските водачи, да претрпи мачење и на крајот да биде погубен (Мат. 16:21). Петар знаел дека Исус е ветениот Месија кој ќе го спаси Божјиот народ. Можеби поради тоа му било тешко да поверува дека Јехова би дозволил Исус да биде погубен (Мат. 16:16). Затоа, го тргнал настрана и му рекол: „Биди милостив кон себе, Господару. Тоа никако нема да ти се случи тебе!“ (Мат. 16:22). Петар и Исус имале различно мислење за оваа работа бидејќи Петар не го одразувал Јеховиниот начин на размислување. Исус знаел дека, за да ја изврши Јеховината волја, ќе мора да страда и да умре. Затоа го отфрлил советот на Петар, иако очигледно Петар имал добри намери. Во таа прилика, Петар научил важна лекција — дека треба да го усвои Божјиот начин на размислување. Истата поука важи и за нас (w25.03 9, пас. 5-6).

Среда, 14 октомври

Јехова е близу до оние што се скршени во срцето и ги спасува оние со скршен дух (Пс. 34:18)

Дали доживуваш емоционална болка затоа што некој во кого си имал доверба те разочарал или изневерил? Без оглед на тоа како некој постапил кон тебе, твојот небесен Татко те сака. Ако некој нѐ изневерил, утеха може да најдеме во охрабрувачките зборови на Давид запишани во денешниот стих. Во еден библиски прирачник пишува дека изразот „оние со скршен дух“ може да се однесува на „оние кои немаат на што да се надеваат“. Што прави Јехова за да им помогне на оние кои се чувствуваат така поради некое горко разочарување? Јехова „е близу до“ нас. Тој е како родител што го држи во раце и го теши своето растревожено детенце. Ако страдаме затоа што некој нѐ изневерил или нѐ напуштил, Јехова ја чувствува нашата болка и веднаш ни помага. Тој сака да го утеши и залечи нашето скршено срце. А ни ветил и многу работи на кои може да се надеваме и кои ни помагаат да истраеме во сегашните неволји (Иса. 65:17; w24.12 23, пас. 13-14).

Четврток, 15 октомври

Од Јехова ќе ја добиете соодветната награда (Кол. 3:24)

Денес, старешините можат да бидат сигурни дека Јехова го гледа и го цени она што го прават. Освен што прават пастирски посети, поучуваат и проповедаат, многу старешини помагаат во изградба на теократски објекти и помагаат околу организирањето помош при катастрофи. Други служат во Група за посета на пациенти или во Одбор за посредување меѓу лекари и пациенти Јеховини сведоци. Старешините знаат дека собранието му припаѓа на Јехова. Тие со сета душа ги извршуваат своите задачи во собранието и имаат целосна доверба дека Бог ќе ги награди за она што го прават (Кол. 3:23, 24). Не можат сите да бидат старешини. Но, сите можеме да му дадеме нешто на Јехова. Нашиот Бог многу се радува кога му служиме најдобро што можеме. Тој забележува кога даваме прилози за меѓународното дело, дури и ако тоа е многу малку. Исто така, тој многу се радува кога ќе им простиме на оние што ќе нѐ повредат. Имај доверба дека тој го цени она што можеш да го правиш. Јехова многу те сака поради тоа и ќе те награди (Лука 21:1-4; w24.06 23, пас. 12-13).

Петок, 16 октомври

Срцето нека не ти застрани на нејзините патишта. Немој да заталкаш на нејзините патеки (Изр. 7:25)

Извештајот од Изреки поглавје 7 покажува што може да му се случи на кој и да било слуга на Јехова. Еден христијанин може да направи сериозен грев, а потоа да си мисли дека тоа се случило „одеднаш“. Или би можел да каже: „Едноставно, се случи“. Но, ако размисли за она што навистина се случило, веројатно ќе сфати дека донел неколку немудри одлуки кои воделе до престапот. Тој можеби се дружел со пријатели кои не го сакаат Јехова. Или можеби забавата која ја избирал, интернет-страниците кои ги посетувал или местата на кои одел не биле добри за еден христијанин. Исто така, можеби престанал да се моли, да ја чита Библијата, да оди на состаноците или да учествува во службата на проповедање. Исто како што било случај со младото момче опишано во Изреки, и тој христијанин, всушност, не направил грев „одеднаш“. Која е поуката за нас? Треба да се чуваме не само од гревот туку и од чекорите кои водат до грев. Токму ова го објаснил Соломон веднаш откако опишал што му се случило на младото момче (Мат. 5:29, 30; w24.07 16, пас. 10-11).

Сабота, 17 октомври

Тоа богатство го имаме во земјени садови (2. Кор. 4:7)

Кое е тоа богатство? Тоа е проповедничкото дело за Царството со кое се спасуваат животи (2. Кор. 4:1). Што се земјените садови? Тие ги претставуваат Божјите слуги кои им ја пренесуваат добрата вест на другите. Во времето на Павле, трговците користеле глинени садови за во нив да пренесуваат вредни работи, како на пример храна, вино и пари. На сличен начин, Јехова ни ја доверил скапоцената порака за добрата вест. Со Јеховина помош, ние можеме да ја добиеме силата што ни е потребна за да продолжиме да проповедаме. Понекогаш, може да чувствуваме страв од човек или страв дека луѓето нема да сакаат да нѐ слушаат. Како можеме да го надминеме ваквиот страв? Размисли за молитвата на апостолите кога им било наредено да не проповедаат. Наместо да му подлегнат на стравот, тие го молеле Јехова да им помогне да зборуваат со смелост. Јехова веднаш им одговорил на молитвата (Дела 4:18, 29, 31). Ако понекогаш имаш страв од човек, треба да го молиш Јехова да ти помага да ги сакаш луѓето за да можеш да го победиш стравот (w24.04 16, пас. 8-9).

Недела, 18 октомври

Татко наш, кој си на небесата, да се свети името твое (Мат. 6:9)

Љубовта кон Јехова нѐ поттикнува да го светиме неговото име. Ние сакаме да им кажуваме на другите дека ужасните работи што Сатана ги кажал за Јехова се злобни лаги (1. Мој. 3:1-5; Јов 2:4; Јован 8:44). Додека проповедаме, имаме силна желба да им кажеме на сите кои нѐ слушаат кој е Јехова и каков е тој навистина. Сакаме сите да знаат дека неговата најистакната особина е љубовта, дека неговиот начин на владеење е праведен и исправен, и дека неговото Царство наскоро ќе му стави крај на сето страдање и ќе донесе мир и среќа за човештвото (Пс. 37:10, 11, 29; 1. Јов. 4:8). Кога им ги кажуваме на луѓето овие работи за Јехова, ние го светиме неговото име. Исто така, радосни сме бидејќи знаеме дека го правиме она што треба да го правиме како Јеховини сведоци (w24.05 18, пас. 12).

Понеделник, 19 октомври

Кога приредуваш гозба, покани ги сиромашните, сакатите, куците и слепите. И ќе бидеш среќен, бидејќи тие немаат со што да ти возвратат. Ќе ти биде возвратено при воскресението на праведниците (Лука 14:13, 14)

Покажуваш дека си „гостољубив“ кога им правиш добро на другите, вклучувајќи ги и оние што не ти се блиски пријатели (1. Пет. 4:9). Во еден библиски прирачник, гостољубивиот човек е опишан на следниов начин: „Вратата на неговиот дом — и на неговото срце — мора да биде отворена и за луѓе кои не ги познава“. Прашај се: „Дали сум познат по тоа што им правам добро на оние што ќе го посетат моето собрание?“ (Евр. 13:2, 16). Еден гостољубив човек го дели она што го има со гостите во собранието, вклучувајќи ги оние што немаат многу во материјален поглед и оние што вложуваат голем труд за да ги охрабрат браќата и сестрите, како што се покраинските надгледници и говорниците од други собранија (1. Мој. 18:2-8; Изр. 3:27; Дела 16:15; Рим. 12:13; w24.11 21, пас. 6).

Вторник, 20 октомври

Девиците што беа подготвени влегоа со него на свадбата (Мат. 25:10)

Во споредбата за девиците, Исус зборувал за 10 девици кои излегле да го пречекаат младоженецот (Мат. 25:1-4). Сите тие се надевале дека ќе го придружуваат младоженецот на неговата свадба. Пет од нив, Исус ги опишал како „разборити“, а другите пет како „глупави“. Разборитите девици биле подготвени за да го чекаат младоженецот колку и да било потребно, па дури и ако тој пристигнел доцна во ноќта. Затоа, тие со себе понеле светилки за да им се гледа во мракот. Тие дури понеле и резерва масло во случај младоженецот да задоцни. На тој начин, тие биле подготвени за нивните светилки постојано да светат (Мат. 25:6-10). Кога дошол младоженецот, разборитите девици влегле со него на свадбата. Слично на тоа, помазаните христијани кои ќе бидат подготвени така што ќе останат духовно будни и верни сѐ до доаѓањето на Христос ќе бидат прогласени за достојни да му се придружат на младоженецот Исус во неговото небесно Царство (Отк. 7:1-3; w24.09 21, пас. 6).

Среда, 21 октомври

Видов големо мноштво луѓе од сите народи (Отк. 7:9)

Кога размислуваме за тоа како проповедничкото дело им помага на многу луѓе низ целиот свет, поттикнати сме и понатаму ревносно да проповедаме. Секоја година, милиони заинтересирани лица присуствуваат на Спомен-свеченоста и почнуваат да ја проучуваат Библијата. Стотици илјади лица се крштаваат и ни се придружуваат во проповедањето. Не знаеме уште колку луѓе ќе ја прифатат добрата вест, но знаеме дека Јехова собира едно големо мноштво кое ќе ја преживее претстојната голема неволја (Отк. 7:9, 14). Јехова е Господарот на жетвата и тој е уверен дека уште многу луѓе ќе ја прифатат добрата вест. Затоа, имаме добра причина да продолжиме да проповедаме (Лука 10:2). Вистинските ученици на Исус отсекогаш ревносно ја проповедале добрата вест. Кога луѓето виделе со колкава смелост и воодушевеност сведочеле апостолите, ги препознале дека тие биле со Исус (Дела 4:13). И ние сакаме да ја проповедаме добрата вест со смелост и со воодушевеност, и така луѓето ќе можат да забележат дека и ние го следиме примерот на Исус (w25.03 18, пас. 15; 19, пас. 17-18).

Четврток, 22 октомври

О Јехова, што е човекот за да му обрнуваш внимание (Пс. 144:3)

Од Библијата дознаваме дека Јехова ги забележува оние лица кои во очите на другите изгледаат безначајно. На пример, Јехова го испратил пророкот Самоил во куќата на Јесеј за да помаза еден од неговите синови за иден цар на Израел. Кога Самоил пристигнал, Јесеј повикал седум од своите осум синови, но не го викнал најмладиот, Давид. Сепак, Давид бил оној кого Јехова го избрал (1. Сам. 16:6, 7, 10-12). Јехова видел каква личност навистина е Давид — момче кое има ценење за духовните работи. Размисли како досега Јехова ти покажал дека те забележува. Тој сака да ти ги даде најдобрите совети кои одговараат токму на твоите потреби (Пс. 32:8). Дали би можел да го прави тоа ако не те познава добро? (Пс. 139:1). Кога ги применуваш советите од Јехова и гледаш како тие ти помагаат, се уверуваш дека тој е вистински заинтересиран за тебе (1. Лет. 28:9; Дела 17:26, 27). Јехова го забележува трудот што го вложуваш за да му служиш и за да му бидеш послушен. Ги забележува твоите убави особини и сака да ти биде пријател (Ерем. 17:10; w24.10 25-26, пас. 7-9).

Петок, 23 октомври

Се сожали на нив, зашто беа како овци без пастир (Мар. 6:34)

Без сомнение, ти го сакаш Јехова и сакаш да им служиш на другите. Како можеш да си ја зајакнеш желбата да служиш? Размисли колкава радост ќе ти донесе тоа што ќе им служиш на твоите браќа и сестри. Исус рекол: „Повеќе усреќува давањето отколку примањето“ (Дела 20:35). Самиот Исус живеел според ова начело. Тој чувствувал голема радост додека им служел на другите. Да разгледаме еден пример кој е запишан во Марко 6:31-34. Во оваа прилика, Исус и неговите апостоли биле уморни. Тие тргнале кон едно осамено место за да се одморат. Но, едно мноштво луѓе стигнало таму пред нив со надеж дека Исус ќе ги поучува. Тој можел да ги одбие бидејќи ни тој ни неговите апостоли немале време ниту да јадат. Или можел само кратко да ги поучи луѓето за една до две вистини. Но, бидејќи ги сакал, Исус почнал „да ги поучува“ сѐ до доцна во ноќта (Мар. 6:35; w24.11 16, пас. 9-10).

Сабота, 24 октомври

Вашите дела ќе бидат наградени (2. Лет. 15:7)

Родители, поттикнете ги децата да бараат прилики да им ја пренесат библиската вистина на другите (Рим. 10:10). Трудот што го вложуваат за да зборуваат за својата вера би можел да го споредиш со трудот што е потребен да научиш да свириш инструмент. Отпрвин, вежбаш едноставни мелодии. Со текот на времето, свирењето ти станува сѐ полесно. Слично на тоа, еден млад христијанин можеби отпрвин на поедноставен начин ќе им ја пренесува вистината на другите. На пример, би можел да праша некој соученик: „Си знаел ли дека инженерите честопати го копираат она што веќе постои во природата? Сакаш да видиш еден интересен видеоклип?“ Откако ќе му покаже клип од серијата Случајно или создадено?, би можел да рече: „Ако еден научник добива пофалби затоа што копирал нешто што веќе постои во природата, кој заслужува пофалби за оригиналот?“ Ваков едноставен пристап можеби ќе биде доволен за едно младо лице да се заинтересира да дознае нешто повеќе (w24.12 19, пас. 17-18).

Недела, 25 октомври

Преку еден човек гревот влезе во светот и преку гревот смртта (Рим. 5:12)

За да нѐ ослободи од гревот и смртта, Јехова го испратил Исус да ја обезбеди откупнината. Но како може жртвата на еден совршен човек да откупи милиони луѓе? Апостол Павле објаснил: „Како што преку непослушноста на еден човек [Адам] мнозина станаа грешници, така и преку послушноста на еден [Исус] мнозина ќе станат праведни“ (Рим. 5:19; 1. Тим. 2:6). Со други зборови, непослушноста на еден совршен човек била доволна сите ние да станеме робови на гревот и на смртта. Според тоа, послушноста на еден совршен човек е доволна за да бидеме ослободени. Зарем Јехова не можел едноставно да им дозволи на послушните потомци на Адам да живеат вечно? Како несовршени луѓе, може да ни се чини дека тоа ќе било милостиво и разумно решение. Но тоа не е во склад со Јеховината совршена правда. Бидејќи е праведен, Јехова никогаш не би одлучил да ја игнорира непослушноста на Адам (w25.01 21, пас. 3-4).

Понеделник, 26 октомври

Живееме според верата, а не според она што го гледаме (2. Кор. 5:7)

Апостол Павле знаел дека наскоро ќе биде погубен, сепак можел да биде задоволен со животот што го поминал. Затоа рекол: „Трката ја истрчав до крај, верата ја зачував“ (2. Тим. 4:6-8). Павле носел мудри одлуки во службата за Јехова и бил уверен дека тој е задоволен од него. И ние сакаме да носиме добри одлуки за Бог да биде задоволен од нас. Што ќе ни помогне во тоа? За себе и за другите верни христијани, Павле рекол: „Живееме според верата, а не според она што го гледаме“. Кога некој живее според верата, носи одлуки кои се темелат на неговата доверба во Јехова Бог. Од неговите постапки се гледа дека тој е уверен дека Бог ќе го награди во иднина, но и дека уште сега е за негово добро тоа што се држи за Јеховините совети од Библијата (Пс. 119:66; Евр. 11:6; w25.03 20, пас. 1-2).

Вторник, 27 октомври

Преобразете се така што ќе го обновите својот ум (Рим. 12:2)

Со помошта од Божјиот свет дух, многумина кои имале ѕверски особини направиле огромни промени во својот живот (Иса. 65:25). Тие вложиле голем труд за да ги променат нивните лоши особини (Еф. 4:22-24). Се разбира, иако сме Божји слуги, сѐ уште сме несовршени и затоа ќе продолжиме да правиме грешки. Но, Јехова обединил „најразлични луѓе“ во една нераскинлива врска на љубов и мир (Тит 2:11). Ова е чудо што само семоќниот Бог може да го направи! Она што тој го ветува, секогаш се исполнува (Иса. 55:10, 11). Духовниот рај веќе постои. Јехова создал едно братство кое е навистина уникатно. Бидејќи сме дел од тоа братство, можеме да уживаме во релативен мир и да се чувствуваме безбедно среде овој насилен свет (Пс. 72:7). Затоа, сакаме да им помогнеме на што е можно повеќе луѓе да ни се придружат во нашето христијанско братство. Ова ќе можеме да го правиме ако се концентрираме на тоа да ги поучуваме луѓето за Бог (Мат. 28:19, 20; w24.04 23, пас. 13, 15).

Среда, 28 октомври

Ние го имаме Христовиот ум (1. Кор. 2:16)

Исус го сакал Јехова со сиот свој ум. Тој знаел која е Божјата волја за него и бил решен да постапува во склад со неа, иако тоа значело дека ќе мора да страда. Бидејќи му било најважно да ја врши волјата на својот Татко, Исус не дозволил ништо да му го одвлече вниманието од таа цел. Петар и другите апостоли имале прекрасна можност да бидат заедно со Исус и од прва рака да учат како тој размислува. Кога под водство на светиот дух го напишал своето прво писмо, Петар ги поттикнал христијаните да се вооружат со истиот став кој го имал Христос (1. Пет. 4:1). Кога напишал „вооружете се“, Петар употребил воен израз. Според тоа, ако христијаните се трудат да го имаат Исусовиот став, односно Исусовиот начин на размислување, ќе бидат опремени со моќно оружје во нивната борба против грешните склоности и против овој свет со кој владее Сатана (2. Кор. 10:3-5; Еф. 6:12; w25.03 8, пас. 1-3).

Четврток, 29 октомври

Размислувањата во човековото срце се како длабока вода, а разборитиот човек знае како да ги исцрпи (Изр. 20:5)

Што треба да дознаеш за другата личност за време на врската? Пред да развиеш силни романтични чувства, веројатно ќе сакаш да дискутирате за некои важни работи, како на пример за тоа какви цели има другото лице. Како можеш да дознаеш каков е другиот навистина? Еден од најдобрите начини е така што ќе зборувате отворено и искрено, ќе поставувате прашања и вистински ќе слушате (Јак. 1:19). За таа цел, можеби ќе ви биде од корист заедно да извршувате некои активности кои ќе ви овозможат да разговарате, како на пример да јадете заедно, да шетате на јавни места и заедно да проповедате. Исто така, можете да дознаете нешто еден за друг ако минувате време со пријателите и со семејството. Освен тоа, планирајте активности во кои ќе можете да видите како другата личност постапува во различни околности и со различни луѓе (w24.05 27-28, пас. 6-7).

Петок, 30 октомври

Угледајте се на Бог, како негови љубени деца (Еф. 5:1)

Наскоро ќе се соочиме со многу тешки времиња. Затоа ќе биде потребно да се потпираме на Јехова како никогаш порано. Библиските извештаи и искуствата на Јеховини слуги од наше време ќе ни помогнат да сфатиме како Бог покажал дека е Карпа за своите слуги. Длабоко размислувај за тие извештаи. Така ќе покажеш дека Јехова е твоја Карпа. Исто така, уште подобро ќе можеш да ги зајакнеш браќата и сестрите. На пример, Исус му го дал на Симон името Кифа (преведено како „Петар“), што значи „карпа“ (Јован 1:42, фус.). Исус сакал да каже дека Петар ќе ги тешел браќата и сестрите и дека ќе придонесувал за стабилноста на собранието. Старешините во собранието се опишани како „сенка од голема карпа“. Ова покажува како тие ги штитат другите во собранието (Иса. 32:2). Се разбира, сите ние можеме да ги храбриме другите и да ги покажуваме особините поради кои Јехова е спореден со карпа (w24.06 28, пас. 10-11).

Сабота, 31 октомври

Јехова бара да му се покажува оддаденост само нему (5. Мој. 4:24)

Израелските цареви кои Јехова ги сметал за верни му служеле на исправен начин. Поголемиот дел од царевите кои Јехова ги сметал за неверни престанале да се држат за неговиот Закон и почнале да обожаваат лажни богови (1. Цар. 21:25, 26; 2. Лет. 12:1). Зошто на Јехова му било многу важно царевите да му служат на исправен начин? Една причина било тоа што тие имале одговорност да му помагаат на народот да му служи на Јехова на исправен начин. Исто така, кога луѓето обожаваат лажни богови, тоа ги наведува да прават и други сериозни гревови и да постапуваат лошо со другите (Оси. 4:1, 2). Освен тоа, израелските цареви и израелскиот народ му биле заветувани на Јехова. Затоа, кога тие му биле неверни на Јехова и обожавале лажни богови, Библијата го споредува тоа со прељуба (Ерем. 3:8, 9). Кога некој ќе направи прељуба, му греши на својот брачен партнер и му го крши срцето. Слично на тоа, кога некој заветуван слуга на Јехова почнува да им служи на лажни богови, му греши на Јехова и длабоко го повредува (5. Мој. 4:23; w24.07 22-23, пас. 12-15).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели