ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 15/7 стр. 3
  • Во потрага по нов светски поредок

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Во потрага по нов светски поредок
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Потрага која не е ослободена од неволја
  • Човечки планови за меѓународна безбедност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • „Новиот светски поредок“ — разнишан почеток
    Разбудете се! 1996
  • Дали е на повидок светски мир?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Новиот свет е близу!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 15/7 стр. 3

Во потрага по нов светски поредок

”НЕ ПОСТОЈАТ никакви карти кои би нѐ одвеле таму кадешто одиме, во тој нов свет кој сами го замислуваме. Додека светот се осврнува на девет децении на војна, раздор, сомневања, да погледнеме и напред — кон ново столетие, и нов милениум на мир, слобода и просперитет.“

Тој коментар го даде претседателот на САД, Џорџ Буш, на 1. јануари 1990. Во слична порака, советскиот претседател Михаил Горбачов тогаш предложи соработка во 1990-те години за да ”светот се ослободи од стравовите и недовербата, од непотребното оружје, од застарените политички концепции и воени доктрини и од вештачките бариери помеѓу луѓето и државите.“ Така извести Mainichi Daily News на Јапонија од 3. јануари 1990.

Очигледно дека очекувањата биле големи. Такви биле и една година подоцна. Во својот говор кој го изнел пред отворањето на редовното заседание на конгресот на 29. јануари 1991, претседателот Буш, алудирајќи на воената состојба во Персискиот Залив, рекол: ”Она што е на коцка е повеќе од една мала држава [Кувајт], тоа е една голема идеја — нов светски поредок во кој различни народи се собрани околу истата цел за да ги постигнат универзалните тежнеења на човештвото: мир и безбедност, слобода и владеење на законот.“

Потрага која не е ослободена од неволја

Многу проблеми го спречуваат човекот во неговата потрага по нов светски поредок. На патот секако стојат оружените судири. Во врска со непријателството кое тогаш беснееше меѓу Ирак и Кувајт, во списанието Time од 28. јануари 1991 пишувало: ”Додека паѓаа бомби и летаа проектили, надежите за нов светски поредок отстапија пред познатиот неред.“ Весникот додал: ”Никој не би требало да негува никакви илузии за тоа дека многу фалениот нов светски поредок е овде или дури на дофат.“

Меѓународна соработка никогаш не била постигната, и тоа ги спречува човечките напори да воспостават нов светски поредок. Во еден извештај кој се појавил во изданието The World & I (Светот и јас [јануари, 1991]), научниците ги испитувале ”поновите надворешни политики на суперсилите и нивното веројатно влијание на новиот светски поредок“. Издавачот заклучил: ”Историјата укажува дека линијата помеѓу војната и мирот е тенка и под најдобри услови. Меѓународната соработка, особено помеѓу главните сили, е пресудна за успешното преминување од студена војна во нов светски поредок.“

На патот на новиот светски поредок кој многумина го замислуваат исто така стојат и проблемите поврзани со уништувањето на околината. Во делото State of the World 1991 (извештај од Worldwatch институтот), Лестер Р. Браун рекол: ”Никој не може со сигурност да каже како ќе изгледа новиот светски поредок. Но ако сакаме за следната генерација да создадеме иднина која ветува, тогаш огромниот труд кој е потребен за да деградацијата на околината на оваа планета се сврти во спротивна насока, ќе доминира со работите во светот во наредните децении.“ Во тој изештај стоело дека загадувањето на воздухот ”достигнал ниво опасно по здравјето во стотици градови, а во многу земји ниво кога е загрозена летината.“ Извештајот додава: ”Како што расте бројот на луѓето кои ја населуваат оваа планета, така опаѓа бројот на растителните и животинските видови. Уништувањето на животниот простор и загадувањето ја намалуваат биолошката разновидност на Земјата. Температурните зголемувања и осиромашувањето на озонскиот слој можат да предизвикаат нови загуби.“

Според тоа, јасно е дека потрагата на човекот по нов светски поредок е полна со проблеми. Дали трагањето ќе се покаже успешно? Дали може да се каже дека е близу нов свет? Ако може, тогаш како ќе дојде?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели