ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 15/7 стр. 29-31
  • Дали имаш „послушно срце“?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали имаш „послушно срце“?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Тие имале послушно срце
  • Делумна послушност не е доволна
  • Колку е потполна твојата послушност?
  • Послушното срце донесува благослови
  • Јехова ја цени твојата послушност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Помогни им на другите да станат „послушни од срце“
    Нашата служба за Царството 2005
  • Научи се на послушност со прифаќање на стега
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Што значи љубовта кон Бог
    Зачувај ја Божјата љубов
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 15/7 стр. 29-31

Дали имаш „послушно срце“?

КОГА Соломон станал цар на древниот Израел, се чувствувал неадекватен. Затоа, тој го замолил Бог за мудрост и спознание (2. Летописи 1:10). Исто така, Соломон се молел: „Подари му, пак, на Твојот слуга разумно [послушно, NW] срце, за да му служи на Твојот народ“ (3. Царства 3:9). Доколку Соломон имал „послушно срце“, би можел да ги следи божествените закони и начела и би доживувал Јеховин благослов.

Послушното срце не е товар, туку извор на радост. Апостол Јован напишал: „Бидејќи љубовта кон Бога се состои во тоа: да ги пазиме заповедите Негови. А Неговите заповеди не се тешки“ (1. Јованово 5:3). Секако, ние би требало да го слушаме Бог. Најпосле, Јехова е нашиот Голем Творец. Нему му припаѓа Земјата и сѐ што е на неа, па дури и сето сребро и злато. Затоа, не можеме вистински да му дадеме на Бог нешто материјално, иако тој ни дозволува да ги користиме нашите парични средства за да ја изразиме својата љубов кон него (1. Летописи 29:14). Јехова очекува да го љубиме и понизно да одиме со него, вршејќи ја неговата волја (Михеј 6:8).

Кога Исус Христос бил запрашан која е најголемата заповед во Законот, тој рекол: „Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум; тоа е прва и најголема заповед“ (Матеј 22:36—38). Еден начин да ја изразиме таа љубов е да го слушаме Бог. Затоа, молитвата на секој од нас треба да биде — Јехова да ни даде послушно срце.

Тие имале послушно срце

Библијата изобилува со примери на оние кои имале послушно срце. На пример, Јехова му рекол на Ное да изгради една огромна арка за сочувување на животот. Тоа било колосална задача која траела околу 40 или 50 години. Дури и со сите современи електрични алатки и друга опрема која сега е на располагање, би било инженерски подвиг да се изгради една таква огромна структура која би можела да плови. Освен тоа, Ное морал да ги предупреди луѓето кои несомнено се подбивале и го исмејувале. Но, тој бил послушен до последниот детаљ. Библијата вели: „Токму така направи“ (1. Мојсеева 6:9, 22, NW; 2. Петрово 2:5). Ное ја покажал својата љубов кон Јехова преку верната послушност низ многуте години. Колку само убав пример за сите нас!

Размисли и за патријархот Авраам. Бог му кажал да се пресели од просперитетниот Ур Халдејски во една непозната земја. Авраам послушал без да се посомнева (Евреите 11:8). Во остатокот од својот живот, тој и неговото семејство живееле во шатори. После многу години како странец во земјата, Јехова го благословил него и неговата послушна жена Сара со еден син по име Исак. Колку само 100-годишниот Авраам мора да го љубел овој син од староста! После неколку години, Јехова го замолил Авраам да го жртвува Исак како пален принос (1. Мојсеева 22:1, 2). Самата помисла да го стори тоа сигурно била болна за Авраам. Сепак, тој и понатаму бил послушен бидејќи го љубел Јехова и имал вера дека ветеното семе ќе дојде преку Исак, дури и ако Бог би морал да го подигне од мртвите (Евреите 11:17—19). Меѓутоа, само што Авраам посегнал да го убие својот син, Јехова го запрел и му рекол: „Сега знам, оти се плашиш од Бога штом не го пожали ни саканиот свој син заради Мене“ (1. Мојсеева 22:12). Поради својата послушност, богобојазливиот Авраам станал познат како „пријател Божји“ (Јаков 2:23).

Исус Христос е нашиот најдобар пример за послушност. Во текот на своето претчовечко постоење, тој наоѓал задоволство во послушната служба на својот Татко на небото (Изреки 8:22—31). Како човек, Исус го слушал Јехова во сѐ, секогаш уживајќи во вршењето на неговата волја (Псалм 39:8; Евреите 10:9). Затоа, Исус можел верно да каже: „Ништо не правам Сам од Себе, туку, како што Ме научи Мојот Отец, така и зборувам. Оној што Ме прати е со Мене; Отецот не Ме остави Сам, оти секогаш го вршам она што Му е угодно“ (Јован 8:28, 29). На крај, за да го оправда Јеховиниот суверенитет и за да го искупи послушното човештво, Исус спремно го дал својот живот, подложувајќи се на една многу понижувачка и болна смрт. Навистина, ‚кога се нашол во човечки облик, се понизил себеси и станал послушен дури до смртта, да, до смрт на маченички столб‘ (Филипјаните 2:8, NW). Каков само пример за покажување послушно срце!

Делумна послушност не е доволна

Сите кои тврдат дека се послушни на Бог, не му се вистински послушни. Размисли за цар Саул од древниот Израел. Бог го поучил да ги збрише злобните Амаликијци (1. Царства 15:1—3). Иако Саул ги уништил како нација, тој го поштедил нивниот цар и сочувал дел од нивните овци и крупниот добиток. Самуил прашал: „Зошто тогаш ти не го послуша гласот Господов?“ Како одговор, Саул рекол: „Јас го послушав гласот Господов . . . а од пленот: овците и воловите, народот [на Израел] го зеде најдоброто од ограбеното . . . за да му принесе жртва на Господа“. Нагласувајќи ја потребата од потполна послушност, Самуил одговорил: „Зар сепалениците и приносите повеќе Му се пријатни на Господа, отколку послушноста на гласот Господов? Послушноста е подобра од жртвата, и покорувањето — подобро отколку овнешкото месо; зашто непокорноста е исто таков грев, какво што е вражањето, а упорноста е исто како и идолопоклонството. Поради тоа што го отфрли зборот на Господа, затоа и Он те отфрли, за да не бидеш цар“ (1. Царства 15:17—23). Колку само изгубил Саул бидејќи немал послушно срце!

Дури и мудриот цар Соломон, кој се молел за послушно срце, не продолжил да го слуша Јехова. Спротивно на божествената волја, тој се оженил со туѓинки кои го навеле да му згреши на Јехова (Неемија 13:23, 26). Соломон ја изгубил божествената наклоност бидејќи тој не продолжил со послушно срце. Какво само предупредување е ова за нас!

Ова не значи дека Јехова бара совршенство од своите човечки слуги. Тој „помни дека ние сме земја“ (Псалм 102:14). Сигурно дека сите ние понекогаш правиме грешки, но Бог може да види дали ние навистина имаме искрена желба да му угодиме (2. Летописи 16:9). Доколку грешиме поради човечката несовршеност, но се каеме, можеме да молиме за простување на темел на Христовата откупна жртва, уверени дека Јехова „ќе прости во голема мера“ (Исаија 55:7, NW; 1. Јованово 2:1, 2). Помошта од христијанските старешини, полни со љубов, може исто така да биде потребна за да можеме духовно да се опоравиме и да имаме здрава вера и послушно срце (Тит 2:2; Јаков 5:13—15).

Колку е потполна твојата послушност?

Како Јеховини слуги, повеќето од нас несомнено мислат дека имаат послушно срце. Можеби резонираме: ‚Зарем јас не учествувам во делото на проповедање на Царството? Зарем не стојам цврсто кога се појавуваат поголеми спорни прашања, како што е неутралноста? И зарем не присуствувам редовно на христијанските состаноци, како што поттикнал апостол Павле? (Матеј 24:14; 28:19, 20; Јован 17:16; Евреите 10:24, 25). Точно, Јеховиниот народ како целина покажува искрена послушност во тие важни аспекти.

Но, што е со нашето однесување во секојдневните работи, можеби во навидум малите работи? Исус навел: „Верниот во малку и во многу е верен, а несправедливиот и во многу и во малку е несправедлив“ (Лука 16:10). Затоа, секој од нас ќе направи добро ако се запраша: ‚Дали имам послушно срце кога станува збор за ситни нешта или работи кои другите не ги ни знаат?‘

Псалмистот покажал дека дури и внатре во својот дом, каде што другите не го гледале, тој ‚одел со чисто срце [интегритет на срцето, NW]‘ (Псалм 100:2). Додека седиш во својата куќа, можеби го вклучуваш телевизорот и почнуваш да гледаш некој филм. Токму таму би можела да биде испитана твојата послушност. Можеби филмот по содржина станува неморален. Дали ќе продолжиш да го гледаш, наоѓајќи си оправдување дека овие денови се прикажуваат такви филмови? Или, пак, твоето послушно срце ќе те натера да се повиниш на библиската забрана ‚блудство и секаква нечистота дури да не се спомнуваат меѓу вас‘? (Ефесјаните 5:3—5). Дали ќе го исклучиш ТВ-то, дури и ако приказната е толку фасцинантна? Или, пак, дали ќе го смениш каналот ако програмата стане насилничка? „Самиот Јехова го испитува праведниот како и злобниот“, пеел псалмистот, „и Неговата душа сигурно го мрази секој кој го љуби насилството“ (Псалм 11:5, NW).

Послушното срце донесува благослови

Се разбира, постојат многу подрачја во животот на кои можеме корисно да се преиспитаме за да видиме дали навистина сме му послушни на Бог од срце. Нашата љубов кон Јехова треба да нѐ натера да му угодиме и да го правиме она што тој ни го кажува во неговата Реч, Библијата. Послушното срце ќе ни помогне да задржиме добар однос со Јехова. Навистина, доколку сме целосно послушни, ‚зборовите на устата наша и помислите на срцето наше ќе бидат благоугодни пред Јехова‘ (Псалм 18:14).

Поради тоа што Јехова нѐ љуби, тој нѐ учи на послушност заради наше лично добро. А ние извлекуваме голема корист ако со цело срце обрнуваме внимание на божествената поука (Исаија 48:17, 18). Затоа, радо да ја прифатиме помошта која ни ја обезбедува нашиот небесен Татко преку неговата Реч, неговиот дух и неговата организација. Ние сме толку добро поучени што тоа е исто како зад нас да слушаме глас кој вели: „Ете го патот, врвете по него“ (Исаија 30:21). Додека Јехова нѐ поучува преку Библијата, христијанските публикации и собраниските состаноци, да обрнуваме внимание, да го применуваме она што го учиме и да бидеме „во сѐ послушни“ (2. Коринтјаните 2:9).

Послушното срце ќе резултира во голема радост и многу благослови. Тоа ќе ни донесе мир во мислите, зашто ќе знаеме дека му угодуваме на Јехова Бог и дека го радуваме неговото срце (Изреки 27:11). Срце кое е послушно ќе биде заштита за нас кога сме искушувани да постапиме погрешно. Тогаш, секако, би требало да му бидеме послушни на нашиот небесен Татко и да се молиме: „Подари му, пак, на Твојот слуга послушно срце“.

[Извор на слика на страница 29]

Од Self-Pronouncing Edition of the Holy Bible, кое ги содржи King James и Revised versions.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели