ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 1/1 стр. 9-11
  • Отвори го широко срцето

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Отвори го широко срцето
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Да ги цениме нашите соверници
  • На Коринќаните ‚им било тесно‘
  • Широко да се отвори срцето денес
  • Биди отворен за нови пријателства
  • Да реагираме на потребите на другите
  • „Раширете се“
    Нашата служба за Царството 2004
  • Продлабочувај ја својата љубов кон браќата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • „Имајте горлива љубов еден кон друг“
    Обожавај го единствениот вистински Бог
  • „Живејте во љубов“
    Приближи му се на Јехова
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 1/1 стр. 9-11

Отвори го широко срцето

СИНЏИРОТ што ја држи котвата на еден брод мора да издржи огромен притисок за да спречи бродот да отплови. Но, тоа е возможно само ако алките на синџирот се цврсто поврзани и силни. Инаку, синџирот ќе се скине.

Потполно истото може да се каже и за христијанското собрание. За собранието да биде силно и здраво, неговите членови мора да се меѓусебно поврзани и обединети. Што е тоа што ги поврзува? Љубовта, која е најмоќната сила што обединува. Не е чудо што Исус им рекол на своите ученици: „Нова заповед ви давам: сакајте се еден со друг! Како што јас ве сакав, така и вие сакајте се еден со друг. По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако се сакате еден со друг“. Да, вистинските христијани чувствуваат љубов што е повеќе од обично пријателство или должна почит кон некого. Тие во себе развиваат самопожртвувана љубов (Јован 13:34, 35).

Да ги цениме нашите соверници

Многу собранија се состојат од луѓе на различна возраст, од различна раса и со различна националност, култура, јазик и општествено потекло. Секој од нив има работи што ги сака и работи што не ги сака, свои надежи и стравови, и обично секој си носи свој личен товар — можеби лошо здравје или материјална несигурност. Овие разлики може да го отежнат христијанското единство. Затоа, што може да ни помогне широко да го отвориме своето срце и да останеме обединети и покрај сѐ што ни го отежнува тоа? Посилно ќе се сакаме еден со друг ако искрено го цениме секого во собранието.

Но, што значи да цениш некого? Според еден речник, тоа значи „да го сфаќаш или да имаш осет за него; доволно да го почитуваш; да го сметаш за драгоцен или извонреден; да си благодарен што го имаш“ (The New Shorter Oxford English Dictionary). Ако ги цениме нашите соверници, ќе бидеме свесни за нивните потреби, многу ќе ги почитуваме, ќе ги сметаме за извонредни и ќе бидеме благодарни што заедно веруваме во истиот Бог. Како резултат на тоа, многу ќе ги засакаме. Да го разгледаме накратко она што апостол Павле во првиот век им го напишал на христијаните во Коринт, за да видиме како да покажуваме христијанска љубов во потполна мера.

На Коринќаните ‚им било тесно‘

Павле го напишал своето прво писмо до Коринќаните во 55 година од н.е., а своето второ писмо една година потоа. Од она што го напишал се гледа дека некои во собранието во Коринт немале ценење за своите соверници. Павле ја опишал ситуацијата со следниве зборови: „Сѐ ви кажавме отворено, Коринќани, и срцето широко ни се отвори. Вам не ви е тесно во нас, туку ви е тесно во вашите срца“ (2. Коринќаните 6:11, 12). Што сакал да каже Павле кога рекол дека ‚им е тесно во нивните срца‘?

Сакал да каже дека биле тесногради и со неблагодарно срце. Еден специјалист за библискиот текст смета дека љубовта што Коринќаните требало да ја имаат кон Павле била „спречена од тешките ситуации до кои довеле неоснованите сомненија... и повредената гордост“.

Забележи каков совет им дал Павле: „Возвратете на ист начин — ви зборувам како на деца — и вие широко отворете ги своите срца“ (2. Коринќаните 6:13). Павле ги поттикнал Коринќаните да го отворат своето срце кон соверниците. Тоа би значело да не бидат сомничави и ситничави, туку да имаат позитивен став и широко срце.

Широко да се отвори срцето денес

Колку е убаво што се гледа дека слугите на вистинскиот Бог денес многу се трудат да го отворат своето срце еден кон друг! Мора да се признае, тоа од нив бара да вложат труд. Не се бара теорија. За да го отвориме срцето, треба да се однесуваме поинаку од луѓето што не живеат според библиските мерила. Таквите луѓе честопати малку ги ценат другите. Може да се невнимателни, без почит и зајадливи. Затоа, никогаш да не си дозволиме да паднеме под влијание на таквите ставови. Би било многу жално нашата љубов да биде спречена од недоверба, како што било случај со Коринќаните. Ова може лесно да се случи ако брзо ги забележуваме грешките на нашите браќа, а едвај можеме да ги видиме нивните добри страни. Тоа може да е случај и ако срцето ни е затворено кон некој затоа што доаѓа од поинаква култура.

За разлика од тоа, Божјиот слуга што има широко отворено срце искрено ги цени своите соверници, многу ги почитува, достоинствено се однесува со нив и има осет за нивните потреби. Дури и кога има оправдана причина за поплака, тој сака брзо да прости и не сака да држи лутина. Наместо тоа, спремен е да им припише најдобри намери на своите соверници. Неговото великодушно срце му помага да ја покаже онаа љубов на која мислел Исус кога прорекол: „По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако се сакате еден со друг“ (Јован 13:35).

Биди отворен за нови пријателства

Вистинската љубов ќе нѐ натера да се отвориме и, наместо да се дружиме само со малкумина, да го прошириме својот круг на пријатели. Тоа ќе го постигнеме ако во него вклучиме и други од собранието, со кои не сме толку блиски. Кој може да биде тоа? Некои од нашите браќа и сестри се срамежливи или, било од една било од друга причина, немаат многу пријатели. Отпрвин може да си мислиме дека, освен што заедно му служиме на Јехова, немаме многу заедничко со нив. Но, зар некои од најблиските пријателства во Библијата не биле меѓу луѓе што, на прв поглед, имале малку заедничко?

На пример, Рут и Ноемина припаѓале на различна генерација, различна националност и поинаква култура, па дури имале и различен мајчин јазик. Сепак, нивното пријателство ги надминало тие разлики. Јонатан израснал како принц, а Давид како овчарче. Имале и голема разлика во години, но сепак, нивното пријателство е едно од најблиските пријателства спомнати во Светото писмо. Обете спомнати пријателства им носеле задоволство и духовна поткрепа на оние што ги развиле (Рут 1:16; 4:15; 1. Самоилова 18:3; 2. Самоилова 1:26).

И денес, се развиваат блиски пријателства меѓу вистинските христијани што припаѓаат на различна генерација или кои живеат во сосема различни околности. На пример, Регина е самохрана мајка со две деца на тинејџерска возраст.a Многу е зафатена и ѝ останува малку време за дружење. Харалт и Ута се пензиониран брачен пар без деца. На прв поглед, овие две семејства имаат малку заедничко. Но, Харалт и Ута го примениле библискиот совет да го отворат широко срцето. Се потрудиле да ги вклучат Регина и нејзините деца во многу активности, и во врска со службата на проповедање и рекреативни.

Можеме ли да го прошириме својот круг на пријатели и во него да вклучиме и други луѓе освен нашите вообичаени пријатели? Зошто да не се зближиме со соверници што се од друга национална, културна или старосна група?

Да реагираме на потребите на другите

Ако имаме широко срце, ќе мислиме на потребите на другите. Какви потреби? Па, набљудувај ги членовите на христијанското собрание. На младите им треба водство, на постарите охрабрување, на полновремените слуги пофалба и поддршка, а на оние што се потиштени отворено уво. Секој има некакви потреби, а ние, кој колку може, сакаме да направиме нешто за нив.

Да го отвориме срцето значи и да покажеме разбирање за оние што имаат посебни потреби. Познаваш ли некој хронично болен или некој што се бори со друга мака во животот? Ако имаме широко, отворено срце, ќе ни биде полесно да имаме разбирање и да им помогнеме на оние на кои им треба помош.

Кога ќе почнат да се исполнуваат библиските пророштва во врска со нашата блиска иднина, нашата цврста поврзаност со другите во собранието ќе има далеку поголема вредност отколку нашиот имот, способностите или достигнувањата (1. Петрово 4:7, 8). Секој од нас може лично да придонесе да бидеме поцврсто поврзани меѓу себе во собранието со тоа што широко ќе го отвори срцето кон своите соверници. Можеме да бидеме сигурни дека Јехова богато ќе нѐ благослови што сме ги послушале зборовите на неговиот Син, Исус Христос, кој рекол: „Ова е мојата заповед: сакајте се еден со друг како што јас ве сакав вас!“ (Јован 15:12).

[Фуснота]

a Некои имиња се сменети.

[Истакната мисла на страница 10]

Ако ги цениме нашите браќа и сестри, многу ќе ги почитуваме, ќе се однесуваме со нив со достоинство и ќе имаме осет за нивните потреби

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели