ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 15/4 стр. 31
  • Хендикепиран а сепак копнее да служи

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Хендикепиран а сепак копнее да служи
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Сличен материјал
  • Можеш ли да му ги даваш на Јехова своето време и сила?
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2020)
  • Изградба на Сали на Царството — важен аспект од светата служба
    Нашата служба за Царството 2006
  • Како да се поднесе жалоста
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Сали на Царството — програмата за изградба напредува
    Нашата служба за Царството 2002
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 15/4 стр. 31

Хендикепиран а сепак копнее да служи

КОГА за првпат би го видел Леонардо, веројатно би помислил дека не би можел да биде градежен работник. При една несреќа што му се случила на работното место, тој ги изгубил двете раце. Меѓутоа, како што гледаш на сликата, и покрај својот хендикеп Леонардо трудољубиво работел на едно градилиште во Акахутла (Ел Салвадор).

За да може да учествува во тој градежен проект, Леонардо си направил свои алати. Тој ја вметнува својата десна подлактица во една метална јамка што е прицврстена за крајот од една лопата и вешто товари земја во ѕидарската количка. Наместо рачки, на количката прицврстил алки со помош на кои може самиот да ја турка. Што го поттикнало да учествува во овој градежен проект?

Леонардо сакал да учествува во изградбата на една Сала на Царството, односно местото каде што Јеховините сведоци ги одржуваат своите верски состаноци. Имал многу причини што можел да ги користи како изговор за да не учествува во градежниот проект. Работел со полно работно време, бил хендикепиран и веќе служел во своето собрание како слуга помошник. Сепак, сакал да направи сѐ што може за да му служи на Бог и со работа на градилиштето.

Дали и ти си исто толку спремен да му служиш на Бог? Наместо да го искористи својот хендикеп како изговор, Леонардо ги искористил своите умствени способности за да измисли свои алати со кои би можел да прави нешто што инаку би било невозможно за него. Тој му служел на Бог „со сиот свој ум“ (Матеј 22:37). Хендикепирани или не, работниците што учествуваат во изградбата на Салите на Царството на Јеховините сведоци низ целиот свет имаат спремен дух. Нивните состаноци се отворени за јавноста, а добредојден е секој што сака да присуствува.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели