ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w09 1/2 стр. 30-31
  • Зошто Јеховините сведоци не користат икони?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто Јеховините сведоци не користат икони?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што барал Бог од Израелците?
  • Во што верувале христијаните во првиот век?
  • Дали Бог сака да користиме религиозни предмети?
    Разбудете се! 2008
  • Треба ли да се користат икони во обожавањето?
    Разбудете се! 2005
  • Религиозни предмети
    Разбудете се! 2014
  • Обожавај го Бог „во дух“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
w09 1/2 стр. 30-31

Читателите прашуваат

Зошто Јеховините сведоци не користат икони?

Во целиот свет, хиндусите, будистите, католиците и православните сметаат дека употребата на икони и кипови е битен дел од нивната религија. Во некои делови од Африка, луѓето обожаваат режани кипови од дрво или камен и си мислат дека во нив живее некој бог или духот на богот.

За разлика од нив, Јеховините сведоци воопшто не користат такви предмети. Ако отидеш во местата каде што одржуваат состаноци, познати како Сали на Царството, ќе видиш дека нема ниту икони на „светци“ ниту кипови на Исус или Марија.a Зошто? Забележи што вели Библијата на оваа тема.

Што барал Бог од Израелците?

Откако ги ослободил Израелците од Египет, Јехова Бог им дал јасни упатства во врска со начинот на кој треба да го обожаваат. Втората од познатите Десет заповеди гласи: „Немој да си правиш режан лик, ниту што и да е друго што личи на она што е горе на небото, или долу на земјата, или во водите под земјата. Немој да им се клањаш, ниту да им служиш, зашто јас сум Јехова, твојот Бог, Бог кој бара да му се покажува оддаденост само нему“ (2. Мојсеева 20:4, 5).

Додека Бог му ги давал на Мојсеј овие заповеди, Израелците правеле златно теле, веројатно слично како што правеле Египќаните, кои обожавале животни. Тие не му дале на телето име на некој египетски бог. Наместо тоа, го поврзале со обожавањето на Јехова (2. Мојсеева 32:5, 6). Како реагирал Бог? Се разгневил на оние што му се клањале на тој идол, а Мојсеј го уништил златното теле (2. Мојсеева 32:9, 10, 19, 20).

Подоцна, Јехова Бог изнел уште повеќе детали за втората заповед. Преку Мојсеј, ги потсетил Израелците дека не смеат да си прават „режан лик, лик на каков и да е идол, сеедно дали е лик на маж или на жена, лик на какво било животно што е на земјата, на каква било крилеста птица што лета по небото, лик на што и да е што се движи по земјата, лик на каква и да е риба што е во водите под земјата“ (5. Мојсеева 4:15-18). Јасно било дека Израелците не требало да користат никакви идоли за да го обожаваат Бог.

Сепак, подоцна Израелците почнале да се клањаат на идоли. За да ги исправи, Јехова им испраќал пророци што ги предупредиле на казната што ги чекала поради нивното идолопоклонство (Еремија 19:3-5; Амос 2:8). Како народ, Израел не ги послушал Божјите предупредувања. Затоа, во 607 год. пр.н.е., Јехова им допуштил на Вавилонците да го уништат Ерусалим и да го одведат народот во заробеништво (2. Летописи 36:20, 21; Еремија 25:11, 12).

Во што верувале христијаните во првиот век?

Кога не-Евреите се преобратиле во христијанството во првиот век, престанале да користат идоли. Забележи што рекол Димитриј, сребрар од Ефес кој изработувал идоли, за проповедањето на апостол Павле: „Луѓе, вие знаете дека нашата благосостојба зависи од оваа работа. А гледате и слушате дека тој Павле, не само во Ефес туку и скоро во цела Азија увери мноштво луѓе и ги преобрати, велејќи дека боговите направени со раце не се богови“ (Дела 19:25, 26).

И самиот Павле го потврдил обвинението на Димитриј. Кога им зборувал на Грците во Атина, Павле рекол: „Не смееме да мислиме дека Бог е како злато или сребро или камен, лик што е обликуван со човечка умешност и досетливост. Вистина, Бог не се обѕира на времињата на таквото незнаење, туку сега им порачува на сите луѓе насекаде да се покаат“ (Дела 17:29, 30). На истата тема, Павле им напишал на христијаните во Солун и ги пофалил со зборовите: „Од своите идоли се обративте кон Бог“ (1. Солуњаните 1:9).

Не само Павле туку и апостол Јован ги предупредил христијаните да не користат идоли. На крајот од првиот век, Јован одлучно им рекол: „Чувајте се од идоли“ (1. Јованово 5:21).

Јеховините сведоци го слушаат јасното упатство што го дава Бог, имено, да не користиме никакви идоли. Тие сериозно го сфаќаат она што го вели Јехова Бог: „Јас сум Јехова. Тоа е моето име, и никому нема да му ја дадам својата слава, ниту на режаните ликови својата фалба“ (Исаија 42:8).

[Фуснота]

a Во некои Сали на Царството се насликани библиски личности. Меѓутоа, тие слики се користат за украс, а не како икони. Јеховините сведоци ниту се молат ниту се поклонуваат пред тие слики.

[Истакната мисла на страница 31]

„Јас сум Јехова. Тоа е моето име, и никому нема да му ја дадам својата слава, ниту на режаните ликови својата фалба“ (Исаија 42:8)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели