ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w10 1/3 стр. 12-14
  • Треба ли секогаш да си чесен?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Треба ли секогаш да си чесен?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дали сиромаштијата го оправдува крадењето?
  • „Сите го прават тоа“
  • „Кој си го најде, негово е“
  • Зошто се трудат секогаш да бидат чесни
  • Биди чесен во сѐ
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • Биди чесен во сѐ
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Биди чесен во сѐ
    Зачувај ја Божјата љубов
  • Дали сиромаштијата го оправдува крадењето?
    Разбудете се! 1998
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
w10 1/3 стр. 12-14

Треба ли секогаш да си чесен?

СЕКОЈ човек е чесен понекогаш, а многу луѓе се чесни во најголем број случаи. Но, колкумина познаваш што настојуваат секогаш да бидат чесни?

Денес, нечесноста доаѓа до израз на многу полиња од животот. Сепак, добро е познато како гледа Бог на чесноста. На пример, повеќето луѓе ја знаат осмата библиска заповед: „Не кради!“ (2. Мојсеева 20:15). Меѓутоа, мнозина сметаат дека понекогаш околностите го оправдуваат крадењето или некои други облици на нечесност. Да разгледаме три примери на кражби што луѓето најчесто ги оправдуваат.

Дали сиромаштијата го оправдува крадењето?

Еден римски државник рекол: „Сиромаштијата е мајка на злосторството“. Можеби некој сиромашен човек си мисли дека е оправдано да украде нешто. Другите можеби ќе се согласат со ова. Но, што мислел Исус за тоа? Тој бил многу сочувствителен кон сиромашните. Библијата вели дека ‚се сожалил на нив‘ (Матеј 9:36). Сепак, никогаш и во никакви околности не рекол дека е во ред да се краде. Тогаш, што треба да прави оној што е сиромашен?

Бог ги разбира оние што искрено се трудат да му бидат послушни и ќе им помогне да го имаат она што им е потребно (Псалм 37:25). Библијата ветува: „Јехова нема да дозволи да гладува душата на праведникот, а копнежот на злите ќе го одбие“ (Изреки 10:3). Може ли еден сиромашен човек да се потпре на ова ветување? Викторина се уверила дека може.

Како вдовица со пет деца на школска возраст, на Викторина не ѝ е лесно. Таа живее во земја во развој, каде што владата не им дава социјална помош на сите што имаат потреба. Поголемиот дел од денот луѓето го поминуваат надвор, каде што има многу прилики да се краде. Меѓутоа, Викторина не ни помислува да краде. Наместо тоа, се труди да врзе крај со крај чесно продавајќи на тезга. Зошто таа е чесна?

„Прво, верувам дека Бог е чесен и дека чесно ќе постапува со мене ако го следам неговиот пример. Второ, моите деца ќе научат да бидат чесни само ако видат дека и јас сум таква.“

Како успева да преживее? „Имаме храна, облека и покрив над главата. Сепак, имаше моменти кога морав да побарам помош од пријателите, на пример, за да ги платам непредвидените здравствени трошоци. Секогаш го добивам она што ми е потребно. Зошто? Затоа што моите пријатели знаат дека искрено им кажувам какви се моите околности и дека не барам повеќе од она што ми треба.

Ги учам и моите деца да бидат чесни. Една сосетка неодамна виде пари на нашата маса и ме праша дали не се плашам дека децата ќе ги земат. Ѝ беше тешко да поверува кога ѝ реков дека тие никогаш не би го сториле тоа. Без мое знаење, одлучила да провери дали е така. Скришно оставила кај нас пари во вредност од 100 франци, и тоа на место каде што децата лесно можеа да ги најдат. Кога намина следниот ден, се зачуди кога виде дека парите сѐ уште беа таму каде што ги оставила. Тоа што имам чесни деца ми носи многу поголема радост отколку материјалните работи.“

„Сите го прават тоа“

Да се краде на работното место е нешто сосема нормално. Затоа, мнозина си велат: „Сите го прават тоа, па зошто не и јас?“ Но, Библијата ни кажува: „Не поведувај се по мнозинството за да правиш зло“ (2. Мојсеева 23:2). Викторија го послушала овој совет. Дали тоа се исплатило?

Кога имала 19 години, се вработила во една фабрика за производство на палмово масло. По кратко време, забележала дека 40-те жени што работеле таму скришно изнесувале од фабриката палмови зрна во своите корпи. Секој викенд ги продавале за сума колку што изнесувала плата за три-четири дена работа. Викторија раскажува: „Буквално сите жени го правеа тоа. Очекуваа и јас да им се придружам, ама не се согласив и им реков дека јас сакам да бидам чесна во сѐ. Тие ми се смееја и ми велеа дека многу губам.

Еден ден додека излегувавме од фабриката, неочекувано се појави директорот. Им ги пребара кошниците на сите работнички и најде палмови зрна кај сите освен кај мене. Сите што беа фатени требаше или веднаш да добијат отказ или да работат две седмици без плата. Тие две седмици жените се уверија дека јас ништо не изгубив.“

„Кој си го најде, негово е“

Што си помислуваш кога ќе најдеш нешто вредно кое некој го изгубил? Мнозина веднаш би си го зеле без да помислат да го вратат. Сметаат дека, штом тие ‚си го нашле, тоа си е нивно‘. За некои, можеби нема ништо лошо во ова. И онака сопственикот веќе се помирил со загубата. Други велат дека не е нивна работа да се мачат и да го бараат сопственикот.

Како гледа Бог на оваа работа? Од 5. Мојсеева 22:1-3 можеме да видиме дека, кога некој ќе најдел нешто, не требало едноставно да си го задржи, туку требало да го чува ‚додека сопственикот не го побарал. Тогаш му го враќал‘. Ако не кажел дека нашол нешто изгубено, можел да биде обвинет за кражба (2. Мојсеева 22:9). Дали е тоа практично денес? Кристина е уверена дека е така.

Кристина е директорка на едно приватно училиште. Една среда ја подигнала својата месечна плата во готово. На типичен западноафрикански начин, ги свиткала парите во купче и ги пикнала во чантата. Потоа запрела такси и побрзала на состанок. Кога стигнала, пробуричкала во чантата за да најде ситни пари и да му плати на возачот. Но, бидејќи било темно, не забележала дека купчето пари ѝ паднало.

По неколку минути, по истата улица поминал 19-годишниот Блез, кој не бил од тоа место. Тој имал договорено да се најде со некој пријател на истиот состанок на кој одела и Кристина. Го видел купчето пари и го ставил в џеб. По состанокот, му кажал на својот пријател дека надвор нашол нешто и дека секој што загубил нешто може да му се јави на телефон и да каже што е тоа.

Откако се вратила дома таа вечер, Кристина се запрепастила кога открила дека ѝ ја нема платата за тој месец. По една недела, кога ѝ кажала за тоа на својата пријателка Жозефин, дознала дека некој што бил присутен на истиот состанок нашол нешто. Кристина му се јавила на Блез и му кажала колкава сума пари изгубила. Била пресреќна кога Блез ѝ ги вратил парите. А како се чувствувал Блез? Иако парите останале кај него цела недела, тој рекол: „Бев порадосен кога ги вратив отколку додека беа кај мене“.

Зошто се трудат секогаш да бидат чесни

Викторина, Викторија и Блез живеат на различни места и не се познаваат. Меѓутоа, имаат нешто заедничко. Тие се Јеховини сведоци, кои се придржуваат за она што го вели Библијата за чесноста. Сите тројца чекаат да се исполни Божјето ветување за еден нов свет. „Според неговото ветување очекуваме нови небеса и нова земја во кои ќе живее праведноста“. Тогаш сите луѓе ќе бидат праведни — и чесни (2. Петрово 3:13).

Викторина знае дека нејзината финансиска ситуација нема значително да се подобри сѐ додека Бог не ги промени работите. Сепак, таа е духовно богата, нешто што не може да се купи со пари. Нејзините деца се чесни и добро воспитани. Секоја недела тие им зборуваат на своите ближни за Божјата добрина и им објаснуваат дека Бог ќе ги задоволи потребите на „сите што го повикуваат во вистина“ и ќе ги чува „сите што го сакаат“ (Псалм 145:7, 18, 20).

По некое време, Викторија престанала да работи во фабриката за производство на палмово масло. Почнала свој бизнис и продавала на пазар гари (еден вид крупно брашно направено од маниока). Со својата чесност стекнала многу муштерии. Освен тоа, набрзо можела да работи помалку време на пазар и така имала повеќе време за да им кажува на другите за животот во еден свет во кој нема да постои нечесност. Подоцна се омажила, и сега, таа и нејзиниот сопруг служат како полновремени проповедници.

Кристина ги изгубила парите пред една Сала на Царството на Јеховините сведоци. Блез познавал само неколкумина од оние што дошле на тој состанок, но сепак знаел дека тие се негови христијански браќа и сестри кои се трудат секогаш да бидат чесни.

Колку луѓе познаваш што искрено се трудат секогаш да бидат чесни? Замисли си дека си меѓу 50, 100 или 200 такви лица. Токму во таква убава средина се Јеховините сведоци во своите Сали на Царството. Зошто не појдеш таму за да ги запознаеш?

[Истакната мисла на страница 12]

„Тоа што имам чесни деца ми носи многу поголема радост отколку материјалните работи“ (ВИКТОРИНА)

[Рамка на страница 14]

Дали во Изреки 6:30 се оправдува крадењето?

Во Изреки 6:30 пишува: „Не го презираат крадецот ако украде за да си ја насити душата затоа што е гладен“. Дали овие зборови значат дека постои оправдана причина да се краде? Не. Контекстот покажува дека Бог сепак го смета крадецот за виновен за престапот што го направил. Следниот стих гласи: „Но кога ќе го фатат, ќе врати седумкратно — ќе даде сѐ што има од својата куќа“ (Изреки 6:31). Иако крадецот што украл затоа што бил гладен можеби не го заслужува истиот прекор како оној што украл од лакомост или со намера да ѝ наштети на својата жртва, тој сепак треба да „врати“. Оние што сакаат да ја имаат Божјата милост не треба да крадат во никакви околности.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели