ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w10 1/3 стр. 15
  • Дали сте знаеле?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сте знаеле?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Сличен материјал
  • Зошто учениците на Исус не постеле
    Исус — патот, вистината и животот
  • Испрашуван за постењето
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
w10 1/3 стр. 15

Дали сте знаеле?

Зошто Исус рекол дека „никој не става ново вино во стари мешини“?

▪ Во библиски времиња било вообичаено виното да се чува во животински кожи (Исус Навин 9:13). Мешините се правеле од целата кожа на домашни животни како што биле јарињата и козите. За да се направи мешина, главата и нозете на мртвото животно се отсечувале и трупот внимателно се одерувал за да не се расече кај мевот. Тогаш кожата се штавела и сите отвори се зашивале, освен отворот на вратот или на едната нога на животното, кој се оставал незашиен за да служи како грло на мешината. Овој отвор можел да се затвори со тапа или да се подврзе со врвца.

Со текот на времето, кожата станувала сѐ потврда и ја губела еластичноста. Затоа, старите мешини не биле погодни за да се чува ново вино кое не престанувало да ферментира. При таквата ферментација, стврднатата кожа на старите мешини сигурно ќе се скинела. Но, новите кожи биле помеки и можеле да го издржат притисокот предизвикан од ферментацијата на новото вино. Значи, Исус рекол нешто што било општо познато во негово време. Кажал што ќе се случи ако некој стави ново вино во стари мешини: „Новото вино ќе ги скине мешините и ќе се пролее, а мешините ќе пропаднат. Туку новото вино треба да се стави во нови мешини“ (Лука 5:37, 38).

Кои биле ‚вооружените бунтовници‘ што се спомнуваат во извештајот за апсењето на Павле?

▪ Според библиската книга Дела, за време на немирите во храмот во Ерусалим, еден римски илјаданачалник го уапсил апостол Павле, мислејќи дека е водач на една чета од ‚четири илјади вооружени бунтовници‘ (Дела 21:30-38). Што знаеме за овие бунтовници?

Грчкиот збор за „вооружени бунтовници“ доаѓа од латинскиот збор сикарии, што значи „оние што користат сика“, или кама. Јосиф Флавиј, историчар од првиот век, ги опишува сикариите како група фанатички еврејски патриоти, заколнати непријатели на Рим, кои вршеле организирани политички убиства.

Јосиф раскажува дека сикариите „убивале луѓе сред бел ден и во центарот на градот. Тоа го правеле главно на празниците, кога се мешале меѓу мноштвото, ги криеле камите под облеката, а потоа ги прободувале своите непријатели“. Кога тие ќе паднеле мртви, сикариите се преправале дека се гневни поради убиството и така успевале да се извлечат. Јосиф додава дека подоцна, во 66-70 год. од н.е, сикариите одиграле главна улога во бунтот на Евреите против Рим. Затоа, римскиот илјаданачалник сигурно многу ќе се радувал ако успеел да го фати наводниот водач на некоја таква група.

[Слика на страница 15]

Стара мешина

[Слика на страница 15]

Уметнички приказ на вооружен бунтовник

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели