ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jy погл. 28 стр. 70-стр. 71 пас. 6
  • Зошто учениците на Исус не постеле

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто учениците на Исус не постеле
  • Исус — патот, вистината и животот
  • Сличен материјал
  • Испрашуван за постењето
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Постење — дали те зближува со Бог?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Дали постењето е застарено?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Дали Бог бара да се пости?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Исус — патот, вистината и животот
jy погл. 28 стр. 70-стр. 71 пас. 6
Учениците на Јован Крстител го прашуваат Исус за постењето

ПОГЛАВЈЕ 28

Зошто учениците на Исус не постеле

МАТЕЈ 9:14-17; МАРКО 2:18-22; ЛУКА 5:33-39

  • УЧЕНИЦИТЕ НА ЈОВАН ГО ПРАШУВАЛЕ ИСУС ЗА ПОСТЕЊЕТО

Некое време по Пасхата во 30 год. од н.е., Јован Крстител бил уапсен и затворен. Тој сакал сите негови ученици да станат следбеници на Исус. Но, поминале месеци откако Јован бил затворен, а некои од неговите ученици сѐ уште не го следеле Исус.

Бидејќи се ближела Пасхата во 31 год. од н.е., некои од учениците на Јован дошле кај Исус и го прашале: „Зошто ние и фарисеите постиме, а твоите ученици не постат?“ (Матеј 9:14). Фарисеите постеле бидејќи тоа било верски обичај. Подоцна, Исус дури кажал и една споредба во која еден самоправеден фарисеј се молел: „Боже, ти благодарам што не сум како останатите луѓе... Постам двапати во седмицата“ (Лука 18:11, 12). Можеби и учениците на Јован постеле од почит кон тој верски обичај или, пак, постеле во знак на жалост поради тоа што Јован бил затворен. Сигурно и останатите присутни се прашувале зошто учениците на Исус не постеле, ако ништо друго, барем како израз на жалење за она што му се случило на Јован.

Исус им одговорил со следниов пример: „Имаат ли пријателите на младоженецот причина да тагуваат додека младоженецот е со нив? Но, ќе дојдат денови кога младоженецот ќе им биде одземен, и тогаш ќе постат“ (Матеј 9:15).

Во една прилика, самиот Јован го нарекол Исус младоженец (Јован 3:28, 29). Според тоа, сѐ додека Исус бил со своите ученици, тие немало потреба да постат. Подоцна, кога Исус умрел, неговите ученици навистина тагувале и немале желба да јадат. Но, откако воскреснал, работите се смениле. Тогаш веќе немале причина да тажат и да постат.

Потоа Исус кажал две споредби: „Никој не пришива на стара облека закрпа од ткаенина што уште не се собрала, зашто закрпата ќе се откине од облеката и дупката ќе стане уште поголема. И не се става ново вино во стари мешини. Инаку мешините ќе се скинат, и така виното ќе се пролее и мешините ќе пропаднат. Туку новото вино се става во нови мешини“ (Матеј 9:16, 17). Што сакал да каже Исус со овие споредби?

Исус сакал да им помогне на учениците на Јован Крстител да сфатат дека никој не треба да очекува неговите ученици да постапуваат според старите обичаи на јудаизмот, како што било постењето. Тој не дошол да го „крпи“, односно да го поправа стариот и дотраен верски систем кој требало да биде отфрлен и заменет со нов. Обожавањето за кое ги поучувал Исус немало да се приспособува на тогашните еврејски верувања и традиционални обичаи. Тој немало да става ново парче ткаенина на стара облека или, пак, ново вино во стврдната, стара мешина.

СПОРЕДБИТЕ ЗА ПОСТЕЊЕТО

Мешина

Луѓето можеле лесно да ги разберат споредбите на Исус бидејќи зборувал за работи што им биле познати. На пример, што ќе се случело ако некој на носена или стара облека пришиел парче нова ткаенина, што уште не била собрана? Откако облеката ќе се исперела, парчето нова ткаенина ќе се соберело и ќе ја скинело старата облека.

Слично на тоа, виното понекогаш се ставало во мешини, односно садови направени од животинска кожа. Со текот на времето, кожата се стврднувала и ја губела еластичноста. Да се ставело ново вино во стара мешина било ризик, затоа што тоа би можело да продолжи да ферментира и да создаде притисок во мешината. На крајот мешината можела да пукне затоа што кожата била стара и стврдната.

  • Кој постел во времето на Исус, и зошто?

  • Зошто учениците на Исус не постеле додека тој бил со нив, но од која причина можеби постеле подоцна?

  • Што сакал да каже Исус со споредбите за новата ткаенина и новото вино?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели