ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 28
  • Испрашуван за постењето

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Испрашуван за постењето
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Зошто учениците на Исус не постеле
    Исус — патот, вистината и животот
  • Постење — дали те зближува со Бог?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Дали постењето е застарено?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Дали Бог бара да се пости?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 28

Поглавје 28

Испрашуван за постењето

ПОМИНАЛА скоро година откако Исус бил на Пасхата во 30 н.е. Но сега, Јован Крстител е затворен веќе неколку месеци. Иако тој имал желба неговите ученици да бидат следбеници на Христос, сите не станале.

Некои од овие ученици на затворениот Јован доаѓаат кај Исус и го прашуваат: „Зошто ние и фарисеите постиме, а твоите ученици не постат?“ Фарисеите постат двапати во неделата — како ритуал на нивната религија. И Јовановите ученици можеби следат сличен обичај. А можеби постат и од жал поради тоа што Јован е затворен и се прашуваат зошто Исусовите ученици не им се придружат во овој израз на жалост.

Одговарајќи им, Исус објаснува: „Пријателите на младоженецот немаат причина да тагуваат додека младоженецот е со нив, нели? Но ќе дојдат дни кога младоженецот ќе им се одземе, и тогаш ќе постат“.

Јовановите ученици треба да се сетат дека самиот Јован зборувал за Исус како за младоженец. Затоа, додека Исус е присутен, Јован не смета дека е соодветно да се пости, а не сметаат ни Исусовите ученици. Подоцна, кога Исус умира, неговите ученици жалат и постат. Но, кога тој воскреснува и се вознесува на небото, тие немаат натамошна причина да постат поради жалост.

Понатаму Исус ги дава следниве споредби: „Никој не пришива крпеница од несобрана ткаенина на стара горна облека; зашто нејзината полна сила ќе ја истрга од горната облека и скинатото ќе стане уште полошо. Ниту се става ново вино во стари вински мевови; но и ако се стави, тогаш мевовите ќе се скинат, виното ќе се пролее, а мевовите ќе се упропастат. Туку новото вино се става во нови вински мевови“. Каква поврзаност имаат овие споредби со постењето?

Исус им помагал на учениците на Јован Крстител да сфатат дека никој не треба да очекува од неговите следбеници да се придржуваат на старите обичаи на јудаизмот, како што е ритуалното постење. Тој не дојде да закрпи и да продолжи изветвени стари системи на обожавање кои биле спремни за отфрлање. Христијанството не требало да се придржува за тогашниот јудаизам и неговите човечки традиции. Не, не требало да биде како нова крпеница на стара облека, ниту како ново вино во стари мевови. Матеј 9:14—17; Марко 2:18—22; Лука 5:33—39; Јован 3:27—29.

▪ Кој пости, и со каква цел?

▪ Зошто Исусовите ученици не постат додека тој е со нив, и како наскоро потоа ќе исчезне причината за постење?

▪ Какви споредби раскажува Исус и што значат тие?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели