ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 15/11 стр. 5-7
  • Дали Бог бара да се пости?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали Бог бара да се пости?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дали постењето е за христијаните?
  • Што е со Велигденските пости?
  • Кога постењето може да биде корисно
  • Постење — дали те зближува со Бог?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Дали постењето е застарено?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Испрашуван за постењето
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Зошто учениците на Исус не постеле
    Исус — патот, вистината и животот
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 15/11 стр. 5-7

Дали Бог бара да се пости?

БОЖЈИОТ закон даден преку Мојсеј барал да се пости само во една прилика — на годишниот Ден на помирување. Законот заповедал на тој ден Израелците да ‚им нанесуваат болка на своите души‘ кое, како што се смета, значи дека тие постеле (3. Мојсеева 16:29—31, НС; 23:27, НС; Псалм 34:13). Меѓутоа, ова постење не било некаков обичен формализам. Прославувањето на Денот на помирување ги поттикнувало луѓето од Израел на поголема свесност за нивната грешност и за потребата од откупување. Тие постеле тој ден и за да изразат жалост поради своите гревови, како и покајание пред Бог.

Иако тоа бил единствениот задолжителен пост под Мозаитскиот Закон, Израелците се придржувале кон пости и во други прилики (2. Мојсеева 34:28; 1. Царства 7:6; 2. Летописи 20:3; Ездра 8:21; Естира 4:3, 16). Меѓу нив спаѓале доброволните пости како средство за покажување покајание. Јехова ги поттикнал луѓето на Јуда кои грешеле: „Обрнете се кон Мене од сѐ срце со пост, плач и ридание“. Тоа не требало да биде некаква надворешна појава, бидејќи Бог понатаму вели: „Раскинете ги срцата свои, а не облеката“ (Јоил 2:12—15).

Со текот на времето, мнозина постеле покажувајќи надворешен формализам. Јехова се гнасел од таквото неискрено постење и затоа ги прашал лицемерните Израелци: „Таков ли е постот, што Јас го определив: човек да ја изнемоштува душата своја во денот кога ја наведнува главата како трска и под себе постила вреќиште и пепел? Тоа ли ќе го наречеш пост и ден угоден на Господа?“ (Исаија 58:5). Наместо да прават упадливо покажување на своето постење, од овие своеволни луѓе се барало да прават дела што прилегаат на покајание.

Некои пости што ги вовеле Израелците наишле на Божје неодобрување уште од самиот почеток. На пример, едно време луѓето од Јуда имале четири годишни пости за да го слават споменот на катастрофалните настани поврзани со опсадата и опустошувањето на Ерусалим во седмиот век пр. н. е. (4. Царства 25:1—4, 8, 9, 22—26; Захарија 8:19). Откако Евреите биле ослободени од заробеништвото во Вавилон, преку пророкот Захарија, Јехова рекол: „Кога постевте . . . и тоа цели седумдесет години, за Мене ли постевте, зар за Мене?“ Бог не ги одобрувал овие пости затоа што Евреите постеле и оплакувале поради осудите што дошле од самиот Јехова. Тие постеле поради неволјата што ги снашла, а не поради нивното сопствено престапување што довело до тоа. Откако биле вратени во нивната татковина, било време да се радуваат а не да го оплакуваат минатото (Захарија 7:5).

Дали постењето е за христијаните?

Иако Исус Христос никогаш не им заповедал на своите ученици да постат, тој и неговите следбеници постеле на Денот на помирувањето затоа што биле под Мозаитскиот Закон. Освен тоа, некои негови ученици постеле доброволно и во други прилики, затоа што Исус не ги упатил сосема да ја избегнуваат оваа практика (Дела 13:2, 3; 14:23). Па сепак, тие никогаш не требало да ‚си ги прават лицата мрачни, за да се покажат пред луѓето дека постат‘ (Матеј 6:16). Таквото надворешно прикажување на побожност би можело да донесе восхитени погледи и одобрувачки климања со главата од страна на другите луѓе. Меѓутоа, на Бог не му е угодно таквото фалбаџиско прикажување (Матеј 6:17, 18).

Исус зборувал за постењето на своите следбеници и во времето на својата смрт. Со тоа тој не воспоставувал некаков ритуален пост. Место тоа, покажувал една реакција на длабоката тага што ќе ја доживеат тие. Штом бил воскреснат, повторно би бил со нив и повеќе не би имало некаква причина да постат (Лука 5:34, 35).

Мозаитскиот Закон завршил кога ‚Христос еднаш се принел Самиот Себе како жртва, за да ги премавне гревовите на мнозина‘ (Евреите 9:24—28). А со крајот на Законот, завршила и заповедта да се пости на Денот на помирување. На тој начин, бил отстранет единствениот задолжителен пост што се споменува во Библијата.

Што е со Велигденските пости?

Тогаш, која е основата што христијанскиот свет практикува да пости за време на Велигденските пости? И католичките и протестантските цркви ги признаваат Велигденските пости, иако начинот на нивното празнување се разликува од црква до црква. Некои јадат само еден оброк на ден за време на целиот 40-дневен период пред Велигден. Други постат потполно само на Чиста среда и на Велики Петок. За некои, Велигденските пости бараат воздржување од месо, риба, јајца и од млечни продукти.

Велигденските пости наводно се темелат на Исусовиот 40-дневен пост по неговото крштавање. Дали тој тогаш воспоставувал некаков ритуал што треба да се следи секоја година? Воопшто не. Тоа се гледа од фактот што Библијата не бележи ниедна таква постапка меѓу раните христијани. Велигденските пости за првпат почнале да се прославуваат во четвртиот век после Христа. Како многу други учења на христијанскиот свет, тие биле позајмени од пагански извори.

Ако Велигденските пости претставуваат имитација на Исусовото постење во пустината по неговото крштавање, зошто тоа се прославува во текот на седмиците што водат до Велигден — наводно, времето на неговото воскресение? Исус не постел во текот на деновите пред својата смрт. Евангелските извештаи покажуваат дека тој и неговите ученици посетувале домови и јаделе оброци во Витанија само неколку дена пред тој да умре. И го јадел пасхалниот оброк ноќта пред својата смрт (Матеј 26:6, 7; Лука 22:15; Јован 12:2).

Може да се научи нешто од Исусовото постење по неговото крштавање. Тој отпочнувал една животоважна служба. Биле вклучени оправдувањето на Јеховината сувереност и иднината на целиот човечки род. Тоа било време за длабока медитација и за свртување кон Јехова во молитва заради помош и водство. Во текот на ова време, Исус прикладно постел. Тоа покажува дека постењето може да биде корисно кога се прави со исправен мотив и во погодна прилика. (Спореди Колосјаните 2:20—22.)

Кога постењето може да биде корисно

Да разгледаме некои прилики денес кога еден обожавател на Бог би можел да пости. На едно лице кое направило грев можеби не му се јаде еден извесен временски период. Тоа не би било за да остави впечаток кај другите или од гнев кон добиената стега. А, се разбира, постењето само по себе не би ги исправило работите кај Бог. Меѓутоа, едно навистина покајничко лице би чувствувало длабока тага поради тоа што го повредило Јехова, а можеби и пријателите и семејството. Болката и горливата молитва за простување можеби ја спречуваат желбата за храна.

Израелскиот цар Давид имал слично искуство. Кога бил соочен со изгледот да го изгуби својот син од Вирсавија, ги сосредоточил сите свои напори на молењето до Јехова за да добие милост во поглед на детето. Додека неговите чувства и сила биле внесени во молитвата, тој постел. На сличен начин и денес, земањето храна можеби не изгледа прикладно под извесни стресни услови (2. Царства 12:15—17).

Може да има и времиња кога едно побожно лице сака да се сосредоточи на некоја длабока духовна работа. Можеби е неопходно да се истражува во Библијата и во христијанските публикации. Можеби е потребен одреден временски период за медитација. Во текот на таквата задлабочена студија, поединецот можеби избира вниманието да не му биде одвлечувано со јадење оброци. (Спореди Јеремија 36:8—10.)

Постојат библиски примери за Божји слуги кои постеле кога требало да се донесат сериозни одлуки. Во времето на Неемија, требало да се положи заклетва пред Јехова, а Евреите би биле подложни на проклетство доколку би ја прекршиле. Тие требало да ветат дека ќе се разведат од своите странски сопруги и дека ќе се држат одвоени од околните народи. Пред да ја положат оваа заклетва и во текот на исповедувањето на својата вина, целото собрание постело (Неемија 9:1, 38; 10:29, 30). Кога е соочен со тешки одлуки, христијанинот може поради тоа еден краток временски период да биде без храна.

Донесувањето одлуки од страна на старешините во раното христијанско собрание понекогаш било придружено со постење. Денес, собраниските старешини кои се соочени со тешки одлуки, можеби во врска со некој правен случај, може да се воздржуваат од храна додека ја разгледуваат работата.

Избирањето да пости под извесни околности е одлука на поединецот. Едно лице не треба да осудува други во врска со оваа работа. Не треба да сакаме да ‚се покажуваме на луѓето како праведни‘; ниту, пак, треба да ја правиме храната толку важна што би се мешала во нашата грижа за сериозните обврски (Матеј 23:28; Лука 12:22, 23). А Библијата покажува дека Бог ниту бара да постиме ниту, пак, ни го забранува постењето.

[Слика на страница 7]

Дали знаеш зошто Исус постел 40 дена по своето крштавање?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели