ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 1/6 стр. 9
  • Порака што води до вечен живот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Порака што води до вечен живот
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Сличен материјал
  • Учи сега и засекогаш
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • „Ова значи вечен живот“
    Нашата служба за Царството 1996
  • Спознанието од Бог одговара на многу прашања
    Нашата служба за Царството 1997
  • Помогни им на другите да го стекнат спознанието кое води до вечен живот
    Нашата служба за Царството 1996
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 1/6 стр. 9

Порака што води до вечен живот

„За да добијат вечен живот, треба добро да те запознаат тебе, единствениот вистински Бог, и оној кого го испрати, Исус Христос“ (ЈОВАН 17:3)

ЗНАЕЊЕТО може да спаси живот. Кога десетмесечниот Нуху се разболел, мајка му, која е здравствен работник во Нигер, знаела што да направи. Му подготвила раствор за орална рехидрација така што измешала шеќер, сол и чиста вода. Според УНИЦЕФ, нејзината „брза реакција и помошта од стручно лице биле клучни за детето да оздраве“.

И знаењето од Библијата може да спаси живот. Првиот писател на Библијата, Мојсеј, напишал: „Ова не се празни зборови, туку за вас значат живот, и држејќи ги овие зборови ќе ги продолжите своите денови“ (5. Мојсеева 32:47). Може ли Библијата да ти ги продолжи деновите? Во која смисла нејзините зборови значат живот?

Во претходните пет статии од ова списание, видовме дека Библијата е книга на која ѝ нема рамна поради нејзините веродостојни пророштва, историска и научна точност, внатрешна складност и корисни совети. Ова ја прави нешто навистина посебно. Затоа, штом тврди дека го покажува патот до подолг живот — вечен живот — зар не заслужува да ѝ посветиш внимание?

Те поттикнуваме да дознаеш нешто повеќе за тоа како точното познавање на Библијата може да нѐ исполни со мир уште сега и да ни овозможи среќна иднина. На Јеховините сведоци ќе им биде мило да ти помогнат во тоа.

[Рамка/слика на страница 9]

Библијата е посебна книга и затоа што само таа ни дава јасен одговор на некои многу важни прашања, како на пример:

• Зошто постоиме?

• Зошто има толку страдања?

• Има ли некаква надеж за нашите блиски што починале?

Библиските одговори на овие прашања можеш да ги најдеш во книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели