ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w17 Јули стр. 27-30
  • Заштити се од пропагандата на Сатана

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Заштити се од пропагандата на Сатана
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • КОЛКУ Е ОПАСНА ПРОПАГАНДАТА НА САТАНА?
  • ЗАЈАКНИ ЈА СВОЈАТА ВЕРА
  • НЕ ДОЗВОЛУВАЈ ДА СЕ НАРУШИ ЕДИНСТВОТО
  • НЕ ДОЗВОЛУВАЈ ДА ТИ БИДЕ ПОТКОПАНА ДОВЕРБАТА
  • НЕ ДОЗВОЛУВАЈ САТАНА ДА ТЕ ЗАПЛАШИ
  • БИДИ МУДАР И СЕКОГАШ СЛУШАЈ ГО ЈЕХОВА
  • Манипулирање со информации
    Разбудете се! 2000
  • Пропагандата може да биде смртоносна
    Разбудете се! 2000
  • Спротивстави се на Сатановата пропаганда
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Кој го обликува твоето размислување?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
w17 Јули стр. 27-30
Твојот ум е мета на пропаганда

Заштити се од пропагандата на Сатана

ТИ СИ мета на моќен непријател — Сатана. Тој користи многу опасно оружје. Тоа е пропагандата. Ова оружје е посебно наменето да го нападне твојот ум.

Апостол Павле знаел дека пропагандата што ја шири Сатана е многу опасна. Но, сите Божји слуги не биле свесни за таа опасност. На пример, изгледа дека некои христијани во Коринт си мислеле дека се толку цврсти во верата што не можат да бидат заведени од Сатана (1. Кор. 10:12). Токму затоа Павле го дал следново предупредување: „Се плашам — како што змијата ја заведе Ева со своето лукавство — да не се расипат вашите мисли и да се одвратат од искреноста и чистотата, кои му ги должите на Христос“ (2. Кор. 11:3).

Зборовите на Павле покажуваат колку е важно да не станеме премногу самоуверени. За да ги заштитиме мислите од пропагандата на Сатана, мора да сфатиме колку е опасна таа.

КОЛКУ Е ОПАСНА ПРОПАГАНДАТА НА САТАНА?

Што е пропаганда? Во овој контекст, пропаганда претставува ширење на лажни информации или информации кои наведуваат на погрешен заклучок. Целта е да се манипулираат мислењето и постапките на луѓето. Според една книга, пропагандата е „неетичка, штетна и неправедна“. Некои луѓе ја изедначуваат со „лаги, извртување на факти, измама, манипулација, контрола на умот, [и] психолошка војна“ (Propaganda and Persuasion).

Пропагандата е многу опасна бидејќи може постепено да влијае врз нашето размислување без да го забележиме тоа. Можеме да ја споредиме со еден отровен гас кој не се гледа ниту се чувствува. Ванс Пакард, стручњак за однесувањето на луѓето, рекол дека пропагандата влијае врз начинот на кој постапуваме „повеќе отколку што сме свесни“. Еден друг стручњак рекол дека пропагандата ги поттикнува луѓето да постапуваат на многу опасни и неразумни начини, и дека таа водела до истребување на цели народи, војни и прогонство поради расата или религијата (Easily Led — A History of Propaganda).

Штом луѓе се способни да заведат други со својата пропаганда, тогаш колку повеќе Сатана може да го направи тоа! Уште откако биле создадени луѓето, тој ги набљудувал како се однесуваат. Освен тоа, „целиот свет“ е под негова власт, и затоа може да го користи секој негов дел за да ги шири своите лаги (1. Јов. 5:19; Јован 8:44). Со својата пропаганда, Сатана „им ги заслепил“ умовите на толку многу луѓе што сега „го заведува целиот свет“ (2. Кор. 4:4; Отк. 12:9). Како можеш да се спротивставиш на неговата пропаганда?

ЗАЈАКНИ ЈА СВОЈАТА ВЕРА

Исус ни открил едноставен начин на кој можеме да ја победиме пропагандата. Тој рекол: „Ќе ја запознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи“ (Јован 8:31, 32). Кога има војна, еден војник треба да знае од кој извор може да добие веродостојни информации бидејќи непријателот ќе шири лаги за да го измами. Каде можеш ти да најдеш веродостојни информации? Јехова се погрижил да се запишат во неговата Реч, Библијата. Во неа можеш да најдеш сѐ што ти е потребно за да се спротивставиш на пропагандата на Сатана (2. Тим. 3:16, 17).

Бидејќи Сатана го знае ова, тој го користи светот кој е под негова власт за да ни го одвлече вниманието и да нѐ спречи да ја читаме и да ја проучуваме Библијата. Не дозволувај да бидеш измамен од „Ѓаволовите сплетки“ (Еф. 6:11). Не е доволно да ги знаеме само основните библиски учења. Мора многу да се трудиме за уште подобро да ја разбереме библиската вистина (Еф. 3:18). Писателот Ноам Чомски рекол: „Никој нема да ти ја стави вистината во твојот мозок. Мораш самиот да ја откриеш“. Затоа, самиот откриј ја вистината така што секој ден ќе ја проучуваш Божјата Реч (Дела 17:11).

Еден човек чита Библија и тоа го штити од разни форми на пропаганда

За да ги заштитиме мислите од пропагандата на Сатана, мора да сфатиме колку е опасна таа

Сатана не сака јасно да размислуваме и да сфатиме дали информациите што ги добиваме се вистина или лага. Зошто? Затоа што пропагандата „веројатно е најуспешна кога под нејзино влијание луѓето... престануваат да размислуваат и не ја испитуваат точноста на информациите“ (Media and Society in the Twentieth Century). Немој слепо да веруваш во она што ќе го чуеш (Изр. 14:15). Користи ги „способноста за расудување“ и разумот што ти ги дал Бог за да си ја зајакнеш верата (Изр. 2:10-15; Рим. 12:1, 2).

НЕ ДОЗВОЛУВАЈ ДА СЕ НАРУШИ ЕДИНСТВОТО

Војниците кои се под влијание на пропаганда ги обзема страв и ја губат волјата за борба. Пропагандата дури може да ги натера да се борат меѓу себе или да се изолираат од другите војници. Според еден германски генерал, една од причините поради која Германија доживеала пораз во Првата светска војна била токму пропагандата. Тој рекол дека таа толку многу влијаела врз луѓето што тие биле како хипнотизирани. Денес, Сатана користи слични методи за да го уништи единството меѓу Божјите слуги. На пример, тој се обидува да создаде несогласувања меѓу браќата и сестрите. Исто така, сака да ги натера да ја напуштат Јеховината организација така што ги наведува да мислат дека таа постапува неправедно или дека направила нешто погрешно.

Не дозволувај да бидеш измамен! Биди послушен на советите од Божјата Реч и остани обединет со браќата и сестрите. На пример, Библијата нѐ поттикнува спремно да си простуваме еден на друг и брзо да ги решаваме несогласувањата (Кол. 3:13, 14; Мат. 5:23, 24). Освен тоа, нѐ предупредува да не се изолираме од собранието (Изр. 18:1). Преиспитај се дали си спремен да се спротивставиш на пропагандата на Сатана. Прашај се: „Последниот пат кога некој брат ме навреди, дали со начинот на кој реагирав го израдував Јехова или Сатана?“ (Гал. 5:16-26; Еф. 2:2, 3).

НЕ ДОЗВОЛУВАЈ ДА ТИ БИДЕ ПОТКОПАНА ДОВЕРБАТА

Еден војник кој не му е лојален на својот водач нема добро да се бори. Затоа, непријателите користат пропаганда за да ја поткопаат довербата на војниците во нивниот водач. Ако водачот направи грешка, непријателите ќе се обидат да го искористат тоа и да речат: „Не можете да му верувате!“ и „Не дозволувајте да ве одведе во пропаст!“ Истото го прави и Сатана. Тој се обидува да ја поткопа твојата доверба во оние што Јехова ги користи за да го водат неговиот народ.

Како можеш да се одбраниш од пропагандата на Сатана? Биди решен да останеш во Јеховината организација. Остани верен и поддржувај ги оние што го предводат Божјиот народ иако се несовршени (1. Сол. 5:12, 13). Отпадниците и други измамници можат да ја напаѓаат организацијата (Тит 1:10). Дури и ако ти се чини дека она што го кажуваат е вистина, не дозволувај брзо да те расколебаат во твоето расудување (2. Сол. 2:2). Земи го при срце советот што Павле му го дал на Тимотеј: „Остани во она што си го научил“ и не заборавај „од кого си го научил сето тоа“ (2. Тим. 3:14, 15). Размисли за сите докази кои потврдуваат дека можеш да имаш доверба во верниот роб што Јехова го користи веќе речиси 100 години за да нѐ поучи за вистината (Мат. 24:45-47; Евр. 13:7, 17).

НЕ ДОЗВОЛУВАЈ САТАНА ДА ТЕ ЗАПЛАШИ

Сатана се обидува да влијае врз нашите мисли и на подиректни начини. Понекогаш тој користи заплашување — „една од најстарите форми на пропаганда“ (Easily Led — A History of Propaganda). Британскиот професор Филип Тејлор напишал дека, со цел да ги држат под контрола своите непријатели, Асирците имале обичај „да ги плашат луѓето така што ширеле пропаганда“. Сатана може да го искористи стравот — стравот од човек, стравот од прогонство и стравот од смртта — за да те натера да престанеш да му служиш на Јехова (Иса. 8:12; Ерем. 42:11; Евр. 2:15).

Не дозволувај Сатана да успее во тоа! Исус рекол: „Не плашете се од оние што го убиваат телото, и потоа не можат ништо повеќе да направат“ (Лука 12:4). Биди потполно уверен дека, токму како што ветил, Јехова ќе се грижи за тебе, ќе ти дава „сила која ја надминува нормалната“ и ќе ти помогне да се спротивставиш на нападите од Сатана (2. Кор. 4:7-9; 1. Пет. 3:14).

Се разбира, можеби ќе има периоди кога ќе се чувствуваш обесхрабрено или исплашено. Но, во тие моменти имај ги на ум охрабрувачките зборови што Јехова му ги кажал на Исус Навин: „Биди храбар и силен! Не бој се и не плаши се, зашто со тебе е Јехова, твојот Бог, каде и да појдеш!“ (Ис. Нав. 1:9). Ако се чувствуваш вознемирено, веднаш помоли му се на Јехова и кажи му ги своите грижи. Можеш да бидеш уверен дека Божјиот мир ќе го чува твоето срце и твојот ум. Тоа ќе ти даде сила да се спротивставиш на пропагандата на Сатана (Фил. 4:6, 7, 13).

Дали се сеќаваш на пропагандата што ја користел Рапшакот, гласникот на Асирците, за да го исплаши Божјиот народ? Тој сакал да ги убеди Израелците дека никој, дури ни Јехова, не може да ги заштити од Асирија. Рапшакот тврдел дека Јехова им заповедал на Асирците да го уништат Ерусалим. Но, Јехова му рекол на својот народ: „Не плаши се од зборовите што ги чу, со кои слугите на асирскиот цар хулеа на мене“ (2. Цар. 18:22-25; 19:6). Потоа испратил ангел кој погубил 185.000 Асирци во една ноќ (2. Цар. 19:35).

БИДИ МУДАР И СЕКОГАШ СЛУШАЈ ГО ЈЕХОВА

Дали некогаш си гледал филм во кој некој од ликовите не е свесен дека е измамен? Дали си посакал да извикаш: „Не им верувај! Те лажат!“ Слично на тоа, замисли ги и ангелите како ти велат: „Не дозволувај да бидеш измамен од лагите на Сатана!“

Немој да ја слушаш пропагандата што ја шири Сатана (Изр. 26:24, 25). Слушај го Јехова и имај потполна доверба во него (Изр. 3:5-7). Тој те сака и затоа те поттикнува: „Биди мудар, сине мој, и израдувај ми го срцето“ (Изр. 27:11). Ако го послушаш, ќе успееш да ги заштитиш твоите мисли од нападите на Сатана!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели