ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 10/95 стр. 2
  • Состаноци за служба за октомври

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Состаноци за служба за октомври
  • Нашата служба за Царството 1995
  • Поднаслови
  • Седмица од 2 октомври
  • Седмица од 9 октомври
  • Седмица од 16 октомври
  • Седмица од 23 октомври
  • Седмица од 30 октомври
Нашата служба за Царството 1995
km 10/95 стр. 2

Состаноци за служба за октомври

Седмица од 2 октомври

Песна 81

10 мин: Локални известувања и избрани Известувања од Наша служба за Царството.

15 мин: „Секогаш фали го Јехова“. Прашања и одговори. Истакни ја примената на наведените и на цитираните библиски стихови.

20 мин: „Нуди списанија во секоја прилика“. Дискутирај за главните точки, а потоа разгледај ги оние статии кои би можеле да се користат при понудата на последните изданија. Договори две или три презентации. Не заборавај да вклучиш и предлози за тоа како да им се каже на луѓето да приложат за светското дело.

Песна 77 и заклучна молитва.

Седмица од 9 октомври

Песна 114

10 мин: Локални известувања. Благајнички извештај.

15 мин: По потреба на собранието. Или, еден старешина нека одржи говор на тема „Исклучувањето — љубезна подготовка?“, темелен на Стражарска кула од 15 јули 1995, стр. 25-27.

20 мин: „Дали сме будни — избегнувајќи го она што ни го одвлекува вниманието?“ Прашања и одговори. Ако допушта времето, дај дополнителни коментари темелени на Стражарска кула од 1 мај 1992, стр. 20-22.

Песна 181 и заклучна молитва.

Седмица од 16 октомври

Песна 98

10 мин: Локални известувања.

15 мин: „Јеховините сведоци и образованието“. Еден старешина ги користи белешките од конгресното предавање и дискутира со публиката за некои обележја на новата брошура. Да се изнесе добро подготвен приказ кој покажува како треба родителите да разговараат со наставникот или со директорот на училиштето и да им ја покажат брошурата. Охрабри ги оние чии деца одат на училиште, да ја разделат брошурата онака како што беше кажано во конгресното предавање, доколку сѐ уште не го сториле тоа.

20 мин: „Повторни посети со одредена цел“. Дискутирај кои се нашите цели кога правиме повторни посети. Способни објавители нека прикажат две различни презентации. Објавителот нека објасни како се финансира делото.

Песна 130 и заклучна молитва.

Седмица од 23 октомври

Песна 47

10 мин: Локални известувања. Теократски вести.

15 мин: „Потребно ни е собранието“. Прашања и одговори.

20 мин: Да се насочи интересот кон организацијата. Надгледникот за служба води дискусија со двајца или тројца објавители, користејќи ја брошурата Јеховините сведоци — Обединето ја извршуваат Божјата волја ширум светот. Објасни зошто е корисно да се поучат заинтересираните за тоа како функционира организацијата, како се планираат различните активности и на кој начин можат да бидат вклучени и тие. Разгледај ги врвните точки од 14. и 15. страница од темата „Состаноци кои поттикнуваат на љубов и добри дела“. Групата објавители накратко прикажува на кој начин овој материјал може да се вклучи во дискусија при повторна посета или на библиска студија за да му се помогне на заинтересираниот да сфати дека е потребно да присуствува на состаноците.

Песна 193 и заклучна молитва.

Седмица од 30 октомври

Песна 201

10 мин: Локални известувања. Охрабри ги сите да размислат за учество во помошната пионерска служба во текот на ноември и декември.

15 мин: Си се обидел ли да се поврзеш со познаниците на твоите интересенти? Говор. Некои објавители започнале нови библиски студии на следниов начин: Откако проучувале извесно време со некој што е заинтересиран, тие го запрашале дали познава некој од неговите пријатели, роднини или познаници, кој би бил заинтересиран за библиска студија. Честопати се добиваат имиња на неколку лица. Прашај дали можеш да го спомнеш неговото име кога ќе им се јавиш на тие поединци. Кога ќе се јавиш, би можел да речеш: „Тој и тој се радува на својата библиска студија толку многу што мисли дека и Вие би сакале да извлечете корист од нашата програма за бесплатно проучување на Библијата“. На овој начин може да се добие корисен список на повторни посети кои би можеле да се развијат во плодни библиски студии. Вклучи едно или две искуства на објавители кои на овој начин пронашле заинтересирани луѓе или започнале нови студии.

20 мин: Понуда на книгата Библијата — Реч Божја или човечка? во текот на ноември. Еден искусен објавител нека прикаже кратка презентација, користејќи ги уводните забелешки од 14-то поглавје од книгата Библијата — Реч Божја или човечка?, на страница 184. Потсети ги сите да си подигнат онолку примероци колку што ќе користат во службата во текот на оваа седмица.

Песна 138 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели