Извлечи корист од Теократската школа за проповедање за 1996 — 1. дел
1 Ги прочита ли упатствата кои се дадени во „Распоредот за Теократска школа за проповедање за 1996“? Дали забележа некои промени? Од јануари до април, задачата бр. 3 ќе се темели на брошурата Библиски теми за дискусии, а од мај до декември ќе се темели на новоиздадената книга Спознание. Задачата бр. 4 ќе биде говор на некоја тема од книгата Расудување.
2 Задачи на учениците: Задачата бр. 3 ѝ се доделува на сестра. Кога се темели на брошурата Библиски теми, рамката треба да опфаќа сведочење од врата до врата или неформално сведочење. Кога се темели на книгата Спознание, треба да се прикаже како повторна посета или домашна библиска студија. Ова треба да биде многу корисно бидејќи книгата Спознание нашироко ќе се користи за водење на домашни библиски студии.
3 Ако рамката е домашна библиска студија, обете сестри може да седат. Премини директно на студијата така што ќе дадеш кратки воведни коментари, а потоа постави го отпечатеното прашање. Улогата на станарот треба да биде реално одиграна. Наведените стихови може да се побараат и да се прочитаат доколку дозволува времето. Сестрата треба да примени уметност на поучување така што со прашања и со расудување на темел на употребените библиски стихови ќе му помогне на станарот да се искаже.
4 Што треба да се стори ако во задачата се наведени повеќе библиски стихови отколку што може да се дискутираат за пет минути? Избери ги клучните стихови кои ги истакнуваат главните точки. Доколку има само неколку стихови, тогаш може поопширно да се дискутира за главните точки од лекцијата. Во дадена прилика може да се прочита по еден пасус или реченица од книгата и потоа да се дискутира со станарот.
5 Објавителката чија задача ги опфаќа последните пасуси од поглавјето, може накратко да се осврне на рамката со наслов „Провери го своето спознание“, што се наоѓа на крајот од секое поглавје од книгата Спознание. И рамките со податоци кои припаѓаат на доделените пасуси можат да се дискутираат доколку дозволува времето. Ако рамката со податоци се наоѓа помеѓу две задачи, може да ја разгледа сестрата која ја има првата задача. Илустрациите во книгата можат да се коментираат кога се однесуваат на материјалот што се разгледува.
6 Задачата бр. 4 несомнено ќе биде многу интересна и практична презентација која ќе биде од корист на собранието. Разработи го говорот околу темата и избери ги клучните библиски текстови кои ќе им помогнат на слушателите да расудуваат за главните мисли што се изнесени. Ова ќе му помогне на секого подобро да се запознае со книгата Расудување и да види како може делотворно да ја употреби во службата на подрачјето.
7 Ако го искористиме потполно оспособувањето што се добива во Школата, ќе бидеме поспособни ‚да ја проповедаме речта‘ на начин кој ја покажува убавата „уметност на поучување“ (2. Тим. 4:2, НС).