ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/96 стр. 2
  • Состаноци за служба за јануари

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Состаноци за служба за јануари
  • Нашата служба за Царството 1996
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 1 јануари
  • Седмица што почнува од 8 јануари
  • Седмица што почнува од 15 јануари
  • Седмица што почнува од 22 јануари
  • Седмица што почнува од 29 јануари
Нашата служба за Царството 1996
km 1/96 стр. 2

Состаноци за служба за јануари

Седмица што почнува од 1 јануари

Песна 133

7 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството.

13 мин: „Проповедај со увид“. Дискутирај ги главните точки и нека се прикажат една или две презентации. Извести го собранието кои постари книги ги има моментално на залиха.

25 мин: „Обласен конгрес на Јеховините сведоци за 1996 — ‚Гласници на божествен мир‘“. Секретарот го обработува со прашања и одговори. Иако повеќето од она што е споменато можеби не се однесува за твоето собрание, потруди се да ги поврзеш главните начела кои ќе бидат од корист за сите што ќе присуствуваат. Во делот „Твојата соработка се цени“, нагласи дека библиските начела за чесност, послушност, љубезна грижа кон другите итн. важат дури и тогаш кога се чини дека никој во собранието нема да користи хотелски соби.

Песна 213 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 8 јануари

Песна 138

10 мин: Локални известувања. Благајнички извештај. Дај соодветна пофалба за финансиската поддршка на локалното и на светското дело за да биде проповедана добрата вест.

15 мин: Заштитната вредност на картичката Медицинско упатство до лекарите/Ослободување од одговорност. Еден старешина дискутира со собранието за тоа колку е важно секој да ја пополни исправно картичката Медицинско упатство до лекарите/Ослободување од одговорност и секогаш да ја носи со себе, но и потребата децата да ја имаат секогаш со себе Легитимацијата. Како што укажува и насловот на картичката, таа однапред дава забелешка за она што се сака (или не се сака) во поглед на медицинската нега. Зошто ова се прави секоја година? Новата картичка е поубедлива отколку онаа за која можеби ќе се смета дека е застарена или дека повеќе не одразува нечии уверувања. Документот зборува за тебе во случај ти да не можеш да зборуваш за себе. Картичките ќе се поделат вечерва. Тие треба внимателно да се пополнат дома, но да не се потпишуваат. Како што се правеше во последниве две години, потпишувањето — како твоето така и на сведоците — ќе биде направено на местото за Собраниска студија на книга, под надзор на водителите на студијата на книга. Оние кои потпишуваат како сведоци треба навистина да гледаат како сопственикот на картичката го потпишува документот. Тоа ќе се направи после студијата на книга во текот на седмицата од 15 јануари. (За поединости во врска со постапката, види 2. страница од Наша служба за Царството од јануари 1994.) Сите крстени објавители можат да пополнат картичка Медицинско упатство до лекарите/Ослободување од одговорност. Некрстените објавители, приспособувајќи ги изразите од оваа картичка кон своите сопствени околности и убедувања, можеби ќе сакаат да напишат свое сопствено упатство. Родителите можат да им помогнат на своите некрстени деца да ја пополнат Легитимацијата.

20 мин: „Бидете извршители — а не само слушачи“. Прашања и одговори. Доколку допушта времето, дискутирај за важноста на послушноста, на темел на книгата Увид, 2. дел, 521. страница, пасуси 1 и 2.

Песна 70 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 15 јануари

Песна 77

12 мин: Локални известувања. Кратко дискутирај за сѐ поголемиот проблем во врска со оние кои не се дома. Охрабри ги објавителите да го надоместат времето така што ќе преземат иницијатива да им пристапат на луѓето кои можеби минуваат, стојат на тротоар или седат во автомобил.

15 мин: Локални потреби, или „Внимавај на твоето чувство на итност“, говор темелен на Стражарска кула од 1 октомври 1995, страници 25-28.

18 мин: „Наврати повторно за да спасиш некого“. Разгледај ги предложените презентации. Препорачај ја целта да се започнат студии со новата книга Спознание кое води до вечен живот.

Песна 156 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 22 јануари

Песна 200

5 мин: Локални известувања.

20 мин: „Извлечи корист од Теократската школа за проповедање за 1996 — 1. дел“. Говор на надгледникот на школата. Разгледај ги упатствата што се дадени за задачите на учениците во Упатствата за Теократската школа за проповедање, кои се појавија во Наша служба за Царството од октомври 1995.

20 мин: „Зборувај со смелост“. Говор и дискусија што ќе ги одржи еден старешина. Разгледај ги локалните подготовки за служба во недела. Пофали ја добрата поддршка и дај предлози онаму каде што е потребно подобрување.

Песна 92 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 29 јануари

Песна 129

10 мин: Локални известувања.

15 мин: Сведочење при лошо време. Многумина мораат да се соочуваат со остар студ, голем снег или дожд во текот на зимските месеци. Група од три или четири објавители дискутираат за тоа како можат да задржат добар удел во службата и покрај лошото време. Многу собранија обработуваат селски подрачја во текот на летните месеци, се сосредоточуваат на градските подрачја во текот на зимата, а состаноци за служба договараат на подрачјето за да избегнат да патуваат предолго. Некои си чуваат станбени згради за лошите денови. Групите со автомобили нека бидат мали за да се избегне предолго чекање. Во работата од куќа до куќа распореди си некои повторни посети. Носи погодна облека за да ти биде топло и суво. Користи телефон или пишувај писмо кога не е мудро да се излегува. Дискутирај и за други идеи за кои сметаш дека се практични на твоето подрачје.

20 мин: Нуди ја книгата Откровение во текот на февруари. Објасни зошто книгата Откровение долго време се сметала за мистерија која не може да се разбере. Разгледај ги пасусите 6 до 9 на страница 8, покажувајќи зошто е потребна оваа книга. Охрабри ги објавителите да ги имаат на ум овие мисли за да ги користат како основа кога зборуваат за некои точки на врата. Осврни се на „Рамката на книгата Откровение“ на страници 98 и 99 и покажи како може таа да се искористи за да се даде целосен поглед на книгата Откровение. Сврти го вниманието врз впечатливите илустрации на внатрешната страница од предните и задните корици и како можат тие да се употребат за да се започне разговор. Потсети ги сите да си подигнат примероци за користење во службата овој викенд.

Песна 143 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели