ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/97 стр. 2
  • Состаноци за служба за март

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Состаноци за служба за март
  • Нашата служба за Царството 1997
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 3 март
  • Седмица што почнува од 10 март
  • Седмица што почнува од 17 март
  • Седмица што почнува од 24 март
  • Седмица што почнува од 31 март
Нашата служба за Царството 1997
km 3/97 стр. 2

Состаноци за служба за март

Седмица што почнува од 3 март

Песна 53

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Охрабри ги сите да почнат да ги канат заинтересираните лица за Меморијалот на 23 март. Покажи еден примерок од поканата за Меморијалот и поттикни ги сите да си набават залиха од нив и да почнат да ја дистрибуираат оваа седмица.

15 мин: ‚Изградувај го своето домаќинство‘. Прашања и одговори. Вклучи искуства од Годишникот за 1995, стр. 228 (англ.).

20 мин: „Да им помогнеме на семејствата да си обезбедат трајна иднина“ (пасуси 1—5). Дај кратки коментари за 1. пасус, а потоа дискутирај за тоа како може да се негува интерес за книгата Семејна среќа користејќи ги насловите на поглавјата, разнобојните илустрации и рамките за повторување. Способни објавители нека ги прикажат презентациите од пасусите 2—5. Охрабри ги сите да вложат посебен напор да им ја остават книгата на оние семејства кои претходно покажале интерес. Сети се да ја спомнеш подготовката за донации.

Песна 204 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 10 март

Песна 56

10 мин: Локални известувања. Благајнички извештај. Потсети ги сите да не заборават да го следат читањето на Библијата во периодот на Меморијалот, кое е на распоред од 18—23 март, како што е изложено во брошурата Секојдневно разгледување на Писмото.

20 мин: „Покажете се благодарни“. Прашања и одговори. Сите треба да вложат сериозен напор да ги поканат библиските ученици, заинтересираните лица, членовите на семејството кои се поволно настроени и сите браќа и сестри кои не се активно поврзани со собранието, да бидат присутни на Меморијалот. Краток приказ на објавител кој кани заинтересирано лице на Меморијалот, користејќи покана за Меморијалот. Дај додатни коментари на темел на изданието на Стражарска кула од 1 ноември 1988, стр. 9, 10, пасуси 16, 17. Охрабри ги сите кои можат да бидат помошни пионери во април и мај.

15 мин: „Да им помогнеме на семејствата да си обезбедат трајна иднина“ (пасуси 6—8). Дај некои предлози кои покажуваат како да се нуди книгата Семејна среќа кога даваме неформално сведоштво на работа, на училиште, в парк или во јавен превоз, како и тогаш кога ги посетуваме роднините. Еден способен објавител нека ги прикаже презентациите од пасусите 6 и 7. Дискусијата на повторната посета треба да му помогне на лицето да сфати како проучувањето на Библијата може да ги зајакне семејните врски. Студиите треба да се водат на темел на брошурата Што бара Бог од нас? со цел да се префрлат на книгата Спознание или може да се започне студија со самата книга Спознание.

Песна 72 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 17 март

Песна 63

15 мин: Локални известувања. Разгледај ја точката „Потсетници за Меморијалот“ и изложи ги локалните подготовки за Меморијалот. Сите треба да направат крајни планови за да им помогнат на библиските ученици и на заинтересираните да присуствуваат.

15 мин: Локални потреби или говор од старешина на темел на статијата „Дали навистина треба да се извиниш?“ од изданието на Стражарска кула од 15 септември 1996, стр. 22—24. Ако вашето собрание планира да учествува во обработување на недоделено подрачје во текот на јули и август, тогаш може да се разгледа писмото од 1 јануари 1997, кое ги изложува подготовките кои се прават за оваа активност.

15 мин: Добро користи го Годишникот на Јеховините сведоци за 1997 (срп.). Еден татко ги разгледува со своето семејство врвните точки кои се опфатени на страниците 3—9. Покажува зошто се радуваме кога го гледаме теократскиот напредок ширум светот. Таткото објаснува дека, во текот на претстојната година, за време на оброкот, освен што ќе го разгледуваат дневниот стих, ќе можат да одвојуваат по неколку минути секој ден за да читаат постепено од Годишникот.

Песна 136 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 24 март

Песна 67

9 мин: Локални известувања. Објасни дека не е предоцна да се предаде молба за помошна пионерска служба за април. Изложи ги локалните додатни подготовки за состаноците за служба во текот на месецот.

24 мин: „Собери храброст да правиш повторни посети“ (пасуси 1—20). Прашања и одговори. Кратко прикажи го пасус 16.

12 мин: Да му се помогне на новиот објавител да започне. Разгледај го пасус 19 во додатокот на Наша служба за Царството од јуни 1996. Прикажи како еден способен објавител го подготвува библискиот ученик кому старешините штотуку му одобриле да биде некрстен објавител. Тие заедно ја разгледуваат книгата Наша служба, страница 111, пасус 2. Искусниот објавител истакнува на што веројатно ќе наидат кога ќе учествуваат во сведочењето од куќа до куќа и дека нема потреба да се биде обесхрабрен ако повеќето не се одѕиваат. Објавителот раскажува едно охрабрувачко искуство кое ја покажува радоста што произлегува кога наоѓаме искрено лице кое слуша. Заедно подготвуваат една кратка, едноставна презентација на списание и потоа ја вежбаат. Се дава охрабрувачка пофалба и се прават јасни подготовки за заедничко учество во службата на теренот оваа седмица.

Песна 89 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 31 март

Песна 70

15 мин: Локални известувања. Покани ги сите заинтересирани лица да присуствуваат на специјалното јавно предавање на 6 април. Потсети ги сите да ги предадат своите извештаи од службата на теренот за март. Објави ги имињата на сите кои се помошни пионери во април. Разгледај ја Рубриката прашања.

20 мин: „Собери храброст да правиш повторни посети“ (пасуси 21—35). Прашања и одговори. Разгледај ја рамката на страница 3. Охрабри ги сите, кога ја известуваат својата служба на теренот, да ја бројат секоја повторна посета која ја направиле во текот на месецот.

10 мин: Преглед на литературата која се нуди во април. Ќе нудиме поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се! Кратко раскажи ги предлозите како да се подготват презентации на списание, кои се појавуваат во пасусите 3, 4 и 8 на страница 8 од изданието на Наша служба за Царството од октомври 1996. Двајца објавители нека прикажат една или две кратки презентации и нека ја спомнат подготовката за донации. Објавителите треба да водат белешки за оние кои зеле списанија и да ги додадат во својата рута со списанија.

Песна 92 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели