ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 11/97 стр. 2
  • Состаноци за служба за ноември

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Состаноци за служба за ноември
  • Нашата служба за Царството 1997
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 3 ноември
  • Седмица што почнува од 10 ноември
  • Седмица што почнува од 17 ноември
  • Седмица што почнува од 24 ноември
Нашата служба за Царството 1997
km 11/97 стр. 2

Состаноци за служба за ноември

Седмица што почнува од 3 ноември

Песна 48

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. „Добрата вест на Интернет.“ Коментирај за јулскиот извештај од службата на теренот за земјата и за локалното собрание.

15 мин: „Отворена е голема врата за активност“. Говор на старешина, вклучувајќи и дискусија со присутните. Охрабри ги сите кои можат да посегнат по поголемо учество во проповедничкото дело. Вклучи и дел од советот кој е даден во Стражарска кула од 1 јануари 1989, страница 30.

20 мин: „Проследи го интересот за Веста за Царството“. Прашања и одговори. Демонстрирај ги презентациите од 6. пасус. Во една од нив, покажи како се започнува библиска студија.

Песна 144 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 10 ноември

Песна 50

10 мин: Локални известувања. Благајнички извештај. Информирај го собранието кое подрачје преостанува да се обработи со Веста за Царството бр. 35. Охрабри ги сите да имаат целосен удел во оваа последна седмица од специјалната кампања.

15 мин: Локални потреби.

20 мин: „Достигни ги сопружниците не-Сведоци“. Дискусија меѓу двајца старешини кои се заинтересирани лично да запознаат што повеќе сопружници кои не се соверници. Исто така, тие ги разгледуваат предлозите кои се дадени во Стражарска кула од 1 септември 1989, страници 28, 29, пасуси 6—9. Вклучи искуства од Стражарска кула од 1 октомври 1995, страници 10, 11, пасуси 11, 12.

Песна 148 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 17 ноември

Песна 53

10 мин: Локални известувања. Истакни ги подготовките за службата на теренот за 22 ноември. Сподели некои локални искуства од кампањата со Веста за Царството бр. 35.

20 мин: Искористи ја оваа единствена прилика! Говор темелен на Стражарска кула од 15 ноември 1996, страници 21—23.

15 мин: „Што ќе кажам?“ Дискусија со присутните. Прочитај го првиот пасус на страница 8 од книгата Расудување, објаснувајќи дека книгата е наменета да ни помогне делотворно да сведочиме за една разноликост од библиски теми. Илустрирај со една или две добро подготвени демонстрации.

Песна 151 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 24 ноември

Песна 56

8 мин: Локални известувања.

15 мин: Добри манири на Собраниската студија на книга. Ние ја цениме гостољубивоста на семејствата кои го отвораат својот дом за студија на книга. Тоа може да вклучува прилична подготовка и тешкотии. Кога присуствуваме, треба да покажуваме добри манири, како и почитување и обѕир, што би го вклучувало следново: 1) Треба внимателно да си ги избришеме нозете пред да влеземе, да избегнуваме да го валкаме подот или теписонот. 2) Родителите треба да ги надгледуваат своите деца, грижејќи се добро да се однесуваат и да останат на местото од домот кое е одредено за студија на книга. 3) Иако групата може да биде мала и атмосферата некако неформална, тоа е собраниски состанок и треба да се облекуваме како кога одиме во Салата на Царството. 4) Дружењето после состанокот треба да биде кратко за да може домаќинството да има приватно време за себе. 5) Иако домаќинот каде што се одржува студијата би можел да избере повремено после студијата да послужи лесно освежување, сите треба да разбереме дека тоа ниту е очекувано ниту е потребно.

22 мин: Прави ученици, поучувај ги. Старешина води дискусија со група од тројца или четворица објавители, одговарајќи на прашања кои се темелат на книгата Наша служба, страници 89—92: 1) Зошто правењето повторни посети е неопходно за делотворна служба? Како може да се задоволи предизвикот за делото на повторни посети? 2) Зошто ставаме толку голем нагласок на започнувањето библиски студии? Како можеме да станеме вешти во водењето студии? 3) Зошто е важно да се насочуваат студентите кон организацијата? Како можеме да го правиме тоа? Групата раскажува и за тоа како неодамнешните додатоци од Наша служба за Царството од јуни 1996, март и април 1997 им помогнале на тие подрачја.

Песна 160 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели