ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 2/01 стр. 5-6
  • Успешно сведочење по телефон

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Успешно сведочење по телефон
  • Нашата служба за Царството 2001
  • Сличен материјал
  • Сведочењето преку телефон може да биде ефикасно
    Нашата служба за Царството 2009
  • Сведочење по телефон — начин да се достигнат мнозина
    Нашата служба за Царството 1993
  • Започнување библиски студии на врата или преку телефон
    Нашата служба за Царството 2005
  • Рубрика прашања
    Нашата служба за Царството 1996
Повеќе
Нашата служба за Царството 2001
km 2/01 стр. 5-6

Успешно сведочење по телефон

1 Нашата цел како Јеховини сведоци не е само да учествуваме во проповедањето на добрата вест туку и да дојдеме ако е можно до секого со пораката за Царството (Дела 10:42; 20:24). Иако делото од куќа до куќа и понатаму е главен начин на кој ги достигнуваме луѓето, сфаќаме дека дури ни со оваа систематска метода не доаѓаме во контакт со секого. Затоа, ‚за потполно да ја извршиме нашата служба‘, користиме и други методи — вклучувајќи и сведочење по телефон — за да ги најдеме оние кои се слични на овци (2. Тим. 4:5).

2 На многу места, луѓето живеат во станбени згради со високо обезбедување, комплекси за повеќе фамилии или комплекси со безбедносни капии, каде што е тешко да ја примениме нашата традиционална метода да ги достигнеме луѓето од куќа до куќа. Дури и во подрачја каде што можеме да работиме од куќа до куќа, значителен број луѓе не се дома. Меѓутоа, многу објавители имаат одличен успех во достигнувањето на овие станари по телефон. Едно утро, додека работела од куќа до куќа, една брачна двојка не нашла никој дома на девет места. Откако се вратиле во Салата на Царството, ги побарале во адресар каде што телефонските броеви се наведени според адресата. Се јавиле на тие броеви и нашле дома осум од овие станари!

3 Дали се колебаш да го вклучиш и сведочењето по телефон во твојата служба? Еден брат признава: „Не сакам никој да ми се јавува дома и да ми продава нешто, па затоа имам ментална бариера во врска со овој вид сведочење“. Меѓутоа, само после два телефонски повика, тој рекол: „Многу ми се допаѓа! Никогаш не помислував дека ќе биде така, но многу ми се допаѓа! Луѓето се опуштени на телефон, а тебе ти е на дофат сѐ што ти треба. Супер е!“ Една сестра реагирала на сличен начин: „Не бев многу воодушевена од сведочењето по телефон. Да бидам искрена, не сакав да го правам. Но, се обидов и открив дека е многу ефикасно. Имам 37 повторни посети од сведочењето по телефон и повеќе студии отколку што можам да водам!“ Ако сакаш да се обидеш со сведочење по телефон, и ти можеш да имаш успех.

4 Организирање на сведочењето по телефон: Активноста на сведочење на собранието е под надзор на надгледникот за служба. Во зависност од потребите, старешинското тело може да одлучи да назначи некој друг старешина или квалификуван слуга помошник тесно да соработува со него во организирањето на сведочењето по телефон. Треба да биде вклучен и братот кој се грижи за подрачјата бидејќи ќе ги доделува подрачјата и ќе води тековни белешки. Исто така, и покраинскиот надгледник ќе биде заинтересиран за тоа како напредува оваа програма.

5 Ако во твоето подрачје има места кои не се достапни за сведочење од врата до врата, треба да се подготват телефонски подрачја. Наименуваниот брат грижливо ќе направи список на адресите кои треба да се префрлат во ваквите подрачја. Тие треба да бидат релативно мали за да можат редовно да се обработуваат. На сите карти на подрачјата со ваквите места на нив треба да стои ознака дека конкретниот дел е наменет за сведочење по телефон.

6 Како можеш да ги добиеш телефонските броеви? Можеби во поштата може да се добие адресар во кој телефонските броеви се наведени според адресите. Ако некој комплекс со високо обезбедување има сопствен попис на телефонските броеви, можеби ќе можеш да ги земеш броевите оттаму. Освен тоа, можеби ќе можеш да ги препишеш имињата на станарите од списокот во фоајето и да ги побараш во стандарден телефонски именик.

7 Старешините можат да покажат активен интерес за ова дело правејќи подготовки за оние кои имаат искуство во сведочењето по телефон да ги обучуваат другите, можеби преку програмата Пионерите им помагаат на другите. Одвреме навреме, деловите за локални потреби на Состанокот за служба можат да се посветат на зголемувањето на успехот на оваа гранка на сведочењето.

8 Кога старешините прават пастирски посети кај оние кои не можат да излезат од дома или се болни, можат будно да ги охрабрат таквите да учествуваат во сведочењето по телефон. Можеби некој старешина може да се јави на неколку места во присуство на објавителот. Потоа објавителот може да се радува на приликата да телефонира. Многумина од оние кои започнале на ваков начин поминуваат по неколку минути секој ден во ова дело и навистина многу им се допаѓа.

9 Предлози за успех: Кога Исус ги испратил своите ученици да проповедаат, тој ‚ги испратил по двајца‘ (Лука 10:1). Зошто? Затоа што знаел дека преку заедничката соработка ќе учат еден од друг и ќе се охрабруваат. Истото важи и за сведочењето по телефон. Работејќи како партнери, можете да учите еден од друг, да дискутирате за исходот и да си дадете предлози за следниот разговор. Дури и за време на некој телефонски разговор можете да си помогнете да ги пронајдете соодветните информации.

10 За појасно размислување и концентрација, седни онаму каде што можеш да ги наредиш материјалите што ги користиш додека сведочиш — Библијата, книгата Расправљање, брошурата Бара, списанија итн. Запиши си некои презентации и чувај ги на место каде што можеш да ги гледаш. Биди подготвен да водиш точни и целосни белешки, вклучувајќи го датумот и времето за да знаеш кога да го следиш интересот што си го пронашол.

11 Луѓето честопати се претпазливи кога ќе чујат некој непознат глас на телефонот. Затоа, биди срдечен, пријателски настроен и тактичен. Станарот нема ништо друго освен твојот глас за да го одреди твојот карактер и искреноста. Опушти се и зборувај од срце. Зборувај полека, јасно и доволно гласно за да те чуе. Дај му прилика на станарот да зборува. Кажи го твоето цело име и спомни дека живееш во соседството. Не сакаме луѓето да мислат дека им продаваме нешто по телефон. Наместо да речеш дека им се јавуваш на сите станари во некоја зграда или комплекс, дај му личен карактер на твојот повик.

12 Презентации по телефон: Многу од уводите на страници 9—15 во книгата Расправљање можат да се приспособат на сведочењето по телефон. Би можел да речеш: „Ви се јавувам по телефон затоа што не можам да дојдам кај Вас лично. Целта на мојот повик е да Ве прашам што мислите Вие за едно многу интересно прашање“. Потоа наведи го прашањето.

13 Првата презентација под насловот „Криминал/безбедност“ може да се употреби на овој начин: „Здраво. Се викам _____. Живеам во соседството. Бидете уверени дека не продавам ништо и не спроведувам анкета. Ви се јавувам заради тоа што сум загрижен за личната безбедност. Околу нас има многу криминал и тоа влијае врз нашиот живот. Што мислите, дали ќе дојде време кога сите луѓе ќе можат да одат по улица ноќе и да се чувствуваат безбедни? [Дозволи одговор.] Да Ви прочитам што ветил Бог дека ќе стори“.

14 Користењето директен пристап за да се нудат библиски студии по телефон дава добри резултати. Студијата може да се прикаже за неколку минути. Понуди му на станарот да го посетиш кај него за да продолжите со студијата, а ако се колеба, понуди му да продолжите со студијата по телефон друг ден.

15 Кога ќе завршиш со разговорот, имај на ум нешто што ќе води до тоа да го посетиш лицето во неговиот дом или да му испратиш литература по пошта. Ако лицето се колеба да ти ја даде адресата, понуди му повторно да му телефонираш. Можеби ќе треба да се јавиш неколку пати пред да се чувствува слободен да те повика во својот дом.

16 Преземи иницијатива: Една 15-годишна сестра ја започнала својата утринска служба со телефонски повик. Разговарала со некоја жена која се согласила да ја земе книгата Спознание. Кога сестрата ѝ ја однела книгата дома, жената сакала да дознае од каде девојката го знае нејзиниот телефонски број бидејќи не бил заведен во именикот. Сестрата го свртела по грешка! Жената прифатила студија и сега е некрстен објавител.

17 Една сестра добила телефонско подрачје, но не го обработувала три седмици затоа што се плашела. Што ѝ дало храброст да почне? Се сетила на статијата од Разбудете се! од 22 јануари 1997 (српско издание) со наслов „Кога сум слаб, тогаш сум силен“. Во неа станува збор за некоја жена Сведок која проповеда по телефон и покрај физичките ограничувања. Сестрата рекла: „Го молев Јехова и барав сила од него. Го молев да ми даде исправни зборови за да ја изнесам мојата презентација“. Какви биле резултатите од нејзиниот прв ден на сведочење по телефон? Таа известува: „Јехова одговори на мојата молитва. Луѓето ме слушаа и договорив една повторна посета“. Подоцна, од нејзиното сведочење по телефон произлегла библиска студија. Таа заклучува: „Уште еднаш Јехова ме поучи да имам доверба во него, а не во себе“ (Посл. 3:5).

18 Презентирањето на вистината по телефон станало успешна метода на проповедање на добрата вест. Добро подготвувај се и учествувај со сето срце. Немој да се обесхрабруваш ако не наидеш на поволен одговор при првите обиди. Моли се за водство од Јехова и спореди ги своите белешки со другите кои проповедаат на овој возбудлив начин. Со желба да не пропуштиме никого на нашето подрачје, темелно да ја извршуваме нашата служба со итност (Рим. 10:13, 14).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели