ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/01 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2001
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 13 август
  • Седмица што почнува од 20 август
  • Седмица што почнува од 27 август
  • Седмица што почнува од 3 септември
Нашата служба за Царството 2001
km 8/01 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

Седмица што почнува од 13 август

Песна 151

13 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Дискутирај за ‚Новата програма за Денот на специјален собир‘. Објави го датумот на следниот ден на специјален собир и поттикни ги сите да присуствуваат на целата програма. Охрабри ги објавителите да ги поканат новозаинтересираните и библиските студенти.

17 мин: „Сакаш ли да правиш повеќе?“a Вклучи предлози за тоа како да се прави повеќе за да им се сведочи на оние луѓе на твоето подрачје што зборуваат странски јазик. Кратко коментирај за Стражарска кула од 15 јуни 1997, страници 26—29.

15 мин: „Задржи ја рекреацијата на исправно место“. Водител на студија на книга разговара со една брачна двојка откако завршува студијата. Љубезно спомнува дека во последно време не ги видел во службата на теренот или на состаноците на викендот. Двојката објаснува дека биле зафатени со годишни одмори и со други летни активности. Старешината разгледува главни мисли од статијата, помагајќи ѝ на двојката да види дека духовните интереси треба секогаш да бидат на прво место. Тие изразуваат благодарност за добрите потсетувања. Се согласуваат во иднина да си постават подобри приоритети. (Види Стражарска кула од 1 октомври 2000, страници 19 и 20.)

Песна 62 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 20 август

Песна 33

8 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.

15 мин: „Вие сте ‚театарски спектакл‘!“b Спомни некои локални случаи кога луѓето дале поволни забелешки за делото или за однесувањето на Јеховините сведоци. (Види Стражарска кула од 15 март 1998, 10. страница, и од 15 јануари 1999, 32. страница.)

22 мин: „Добрите манири — одлика на побожните луѓе“. Старешина одржува петминутен говор за пасуси 1—5. Потоа дискутира од подиумот за преостанатиот дел од статијата заедно со уште еден старешина и слуга помошник. Разговараат за тоа како да надминат некои необѕирни навики што можат да го одземат вниманието на нашите состаноци и да ги намалат користите што ги примаме. Истакнуваат дека меѓусебното дружење навистина е охрабрувачко кога покажуваме љубезна грижа за интересите на другите (Фил. 2:4).

Песна 72 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 27 август

Песна 82

10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот за служба за август. Кратко дај еден или два предлога како да се понуди книгата Создавање во службата во септември. (Види примери во Наша служба за Царството од септември 1996, 8. страница, и јуни 1995, 4. страница.)

10 мин: Локални потреби.

25 мин: „Можеш да излезеш на крај со обесхрабрувањето!“ Дискусија со учество на присутните за статијата од Стражарска кула од 1 февруари 2001, страници 20—23. Дискусијата нека биде охрабрувачка и позитивна, да се сосредоточи на исправниот став што мора да го развиваме за да ја искористиме помошта што ни стои на располагање.

Песна 113 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 3 септември

Песна 129

8 мин: Локални известувања.

17 мин: „Подготви се за проучување на пророштвото на Исаија!“c Накратко коментирај за тоа како ќе извлечеме корист од проучувањето на книгата Исаија. (Види Пророштвото на Исаија I, 1. поглавје, 10—12 пасус.) Охрабри ги сите редовно да присуствуваат на Собраниската студија на книга.

20 мин: Ако некој рече. Дискусија и прикази. Во службата, кога луѓето ќе кажат нешто или ќе постават прашања што не ги очекуваме, треба да настојуваме да одговориме наместо да ја смениме темата или да го завршиме разговорот. Книгата Расправљање честопати ќе ни помогне во тоа. Изнеси некои вообичаени приговори и објавителите нека прикажат како да се одговори со коментарите од книгата Расправљање. На пример, ‚Не верувам во Бог‘ (страници 57—59). ‚Зошто не се вклучите во напорите да се подобри заедницата?‘ (страници 174, 175). ‚Не е важно на која црква ѝ припаѓаш‘ (страница 335, 336). Охрабри ги сите да ја користат оваа одлика на книгата Расправљање кога во службата ќе се појават неочекувани ситуации.

Песна 166 и заклучна молитва.

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели