Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 јан.
„Многу луѓе користат ликови во обожавањето. Дали мислите дека таквите предмети имаат моќ да спасат? [Дозволи одговор.] Ве молам забележете што ќе направи за нас вистинскиот Бог. [Прочитај Откровение 21:3, 4.] Само еден вистински Бог може да го постигне ова. Ова списание покажува кој е тој и како можеме да извлечеме корист ако положиме доверба во него.“
Стражарска кула 1 фев.
„Постои голема загриженост во врска со загадувањето на животната средина. Но, дали некогаш сте размислувале за загадувањето на умот? [Дозволи одговор.] Библијата истакнува колку е важно да се биде чист и физички и духовно. [Прочитај 2. Коринќаните 7:1.] Уверен сум дека овие информации ќе бидат корисни и практични за Вас.“
Разбудете се! 8 фев.
„Ќе се согласите ли дека луѓето денес изгледа живеат под поголем притисок отколку кога и да е порано? [Дозволи одговор.] Библијата го претскажала ова. [Прочитај 2. Тимотеј 3:1.] Многу луѓе сметаат дека животот им е толку тежок што се откажуваат од него. Ова списание дава вистинско охрабрување. Покажува како да се бориме со очајот и како да го направиме животот вреден да се живее.“