ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/05 стр. 1
  • Поголем нагласок на Библијата!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поголем нагласок на Библијата!
  • Нашата служба за Царството 2005
  • Сличен материјал
  • До нашите читатели
    Разбудете се! 2006
  • Стражарска кула и Разбудете се! — навремени списанија на вистината
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Користење на нашите списанија од куќа до куќа
    Нашата служба за Царството 1993
  • Објавување на добра вест за нешто подобро
    Нашата служба за Царството 1996
Повеќе
Нашата служба за Царството 2005
km 3/05 стр. 1

Поголем нагласок на Библијата!

1. Во почетокот, за кого првенствено била наменета Стражарска кула, а за кого Златен век?

1 На 1 октомври, 1919 година, излезе првото издание на списанието Златен век. Тоа се покажа како најкорисна алатка во проповедничката активност. Зошто? Затоа што беше посебно наменето за јавноста. Од друга страна, пак, за списанието Стражарска кула многу години се мислеше дека повеќе е наменето за „малото стадо“ (Лука 12:32). Објавителите на Царството реагираа со толкава воодушевеност на новата публикација, така што многу години дистрибуцијата на Златен век беше доста поголема од таа на Стражарска кула.

2. Кој е денешниот наслов на Златен век и која била неговата намена во почетокот?

2 Целта на списанието Златен век беше да им покаже на луѓето дека вистинското решение за нивните проблеми е Христовото Илјадагодишно Царство, коешто ќе го најави златниот век за човештвото. За да бидат задоволени различните потреби од тоа време, Златен век во следните децении доживеа неколку промени. Во 1937 година беше променет неговиот наслов во Утеха. Во 1946 стана Разбудете се!, името по кое го знаеме сѐ до денес.

3. Во исполнувањето на кое пророштво Разбудете се! служи како моќна алатка?

3 Уште од својот почеток ова списание многу придонесе за големото сведоштво што се дава од 1919 година (Мат. 24:14). Меѓутоа, со оглед на итноста на нашево време, се чини дека е мудро да се направат и други промени на Разбудете се!

4. а) Што треба да прави некој ако сака да биде заштитен во „денот на Јеховиниот гнев“? б)  На што нѐ повикува ‚ангелот што лета среде небото‘, според Откровение 14:6, 7?

4 Милиони луѓе уживаат во читањето на Разбудете се!, бидејќи тоа обработува најразлични нерелигиозни теми на еден привлечен начин. Повеќето од оние што присуствуваат на Меморијалот секоја година, сигурно се редовни читатели на Разбудете се! Сепак, ако некој сака да биде заштитен во „денот на Јеховиниот гнев“, тогаш треба да му се помогне да направи повеќе отколку само редовно да ги чита нашите публикации (Соф. 2:3, NW; Откр. 14:6, 7).

5. а) Што ќе биде повеќе нагласено од јануари 2006 година во Разбудете се! б) На што можеби ќе бидат поттикнати многумина и во исполнување на кое пророштво?

5 Затоа, од јануари 2006 година, Разбудете се! повеќе ќе го нагласи Божјето Царство. Списанието подиректно ќе ги поттикне читателите да бараат решение за своите проблеми во Библијата и повеќе ќе ги нагласи библиските објаснувања за тековните настани. На овој начин, читателите ќе имаат подобро разбирање за тие настани и од тоа што ќе го прочитаат можеби ќе бидат поттикнати повеќе да учат за Јехова (Зах. 8:23).

6, 7. а) На кој начин Разбудете се! ќе им помогне на многумина да го применат 1. Солуњаните 2:13? б) Колку често ќе се издава Разбудете се! и на колку јазици ќе влијае тоа?

6 Разбудете се! ќе продолжи да нуди теми од општ интерес. Меѓутоа, повеќе ќе се нагласи Библијата (1. Сол. 2:13). Затоа што Стражарска кула содржи подлабоки библиски информации, а Разбудете се! повеќе ќе нуди материјал темелен на Библијата, изгледа дека не е потребно да се продолжи со издавање на Разбудете се! двапати месечно. Затоа почнувајќи од јануари 2006 година, Разбудете се! ќе излегува еднаш во месецот. Со тоа значително ќе се поедностави подготовката, преведувањето и транспортот на нашата литература.

7 Оваа промена ќе влијае на околу 40 проценти од јазиците на кои се издава Разбудете се! На повеќето јазици, тоа е веќе месечно или тримесечно списание. Со списанието Стражарска кула нема да има промени

8. Како можат објавителите да го користат Разбудете се! заедно со Стражарска кула?

8 Објавителите ќе можат да го нудат секое месечно издание на Разбудете се! заедно со кое било издание на Стражарска кула за тој месец. Тоа значи дека истото издание на Разбудете се! може да се користи низ целиот месец.

9. Каква ќе биде и понатаму улогата на Разбудете се!?

9 Уште од првото издание од 1919 година, списанието што беше познато како Златен век, Утеха и сега како Разбудете се! игра голема улога во проповедничката активност. Ние се молиме Јехова да продолжи да ја благословува дистрибуцијата на списанието со променета содржина и да им помогне на многу луѓе од „сите нации и племиња и народи и јазици“ да се свртат кон Божјето Царство како нивна единствена надеж (Откр. 7:9).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели