Објавување на добра вест за нешто подобро
1 Веќе 117 години Стражарска кула служи како бранител на библиската вистина. Моментално се печатат 18.950.000 примероци од секое издание, на 125 јазици. И Разбудете се! долго ја застапува Божјата Реч, а сега има тираж од 15.730.000 примероци, на 80 јазици. (Спореди Колосјаните 1:23.)
2 Списанијата задоволуваат духовна потреба: Стражарска кула и Разбудете се! им користат на милиони луѓе со искрени срца со тоа што им помагаат да ја задоволат нивната духовна потреба. Издадени се статии кои ја изградуваат верата. На пример, во Стражарска кула од 1 февруари 1996, проучувавме материјал кој се бави со потребата да имаме доверба во Јехова и во неговата Реч. Изданието на Стражарска кула од 1 март 1996 нѐ охрабри да останеме зафатени во службата на Јехова и да продолжиме да го исчекуваме. Колку само беше поттикнувачка деталната дискусија за пророштвото на Софонија! Потоа, во изданието на Стражарска кула од 15 март 1996, беше дискусијата која ја зајакнува верата, во врска со христијанската лојалност. Изданието од 15 мај 1996, ја нагласи вредноста на редовното читање и проучување на Божјата Реч. Овие статии служеа за да го продлабочат нашето разбирање на Божјата Реч, а беше зголемено и нашето ценење за неговото Царство.
3 Освен тоа, овие списанија содржат навремени, практични статии за побожното однесување, христијанскиот морал и за други животоважни теми. Тие сериозно се зафаќаат со реални прашања кои влијаат на нашиот живот. Како резултат на тоа, уживаме подобар квалитет на животот сега, додека го чекаме исполнувањето на Божјите ветувања за нешто уште подобро во иднина (Иса. 48:17; 1. Тим. 6:19).
4 Еден краток преглед на она што е наведено на 4. страница од секое издание на Разбудете се!, ни дава добра причина за да им го препорачуваме ова списание како извонреден материјал за читање на луѓето насекаде, како на стари така и на млади. Таму стои: „Разбудете се! е списание за просветување на целото семејство. Покажува како да се излезе на крај со денешните проблеми. Донесува новости, известува за луѓе од многу земји, ја испитува религијата и науката. Но, оди уште подалеку. Не ја допира само површината туку укажува и на вистинското значење на денешните настани, останувајќи во политички поглед секогаш неутрално и не воздигнувајќи една раса над друга. Што е најважно, ова списание ја изградува довербата во ветувањето на Творецот за еден мирољубив и сигурен нов свет, кој наскоро ќе го замени сегашниов злобен, беззаконски систем на ствари“.
5 Споделувај ги списанијата со другите: Биди великодушен во дистрибуирањето на Стражарска кула и Разбудете се! (Спореди 1. Тимотеј 6:18.) Имај на располагање примероци за да можеш да му ги понудиш на секој што случајно ќе го сретнеш (Проп. 11:6). Сите ние, вклучувајќи ги младите и новите објавители, можеме да имаме целосно учество во дистрибуирањето на списанија овој месец, користејќи кратки презентации кои се темелат на навремените статии кои се истакнати во текуштите изданија. Добро запознај се со нивната содржина и нуди ги со искреност и уверување.
6 Стражарска кула и Разбудете се! содржат информации што им се потребни на сите луѓе. Нивното дистрибуирање е еден од најдобрите начини на кои можеме да им помогнеме на другите да ја дознаат добрата вест дека наскоро ќе дојде нешто подобро!