Распоред за состаноците
Седмица од 11 февруари
10 мин.: Локални известувања. Употреби ги предлозите од 8. страница или некоја друга презентација што одговара за вашето подрачје за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 1 февруари и Разбудете се! од февруари.
15 мин.: Можеш ли да служиш таму каде што има поголема потреба? Говор и дискусија со присутните на темел на Стражарска кула од 15 јули 2003, страница 20. Вклучи некои мисли од книгата Организирани, страница 111. Накратко интервјуирај некои објавители што се преселиле таму каде што имало поголема потреба. На какви проблеми наишле и како ги надминале? Какви благослови добиле?
20 мин.: Помогни им на новите да бидат делотворни проповедници. По воведот, кој треба да трае помалку од една минута, продолжи со дискусија со присутните со помош на прашањата од статијата за проучување во Стражарска кула од 1 декември 2005, страница 31. Откако ќе го разгледате 18. пасус, нека има приказ во кој станарот му дава некој приговор на новиот објавител, кој е во служба со поискусен објавител. Одговорот на новиот објавител не е делотворен, и станарот го прекинува разговорот. Откако заминуваат, поискусниот објавител срдечно го пофалува новиот за трудот, а потоа му покажува како би можел, со помош на книгата Расправљање, да одговори кога некој би му дал сличен приговор.
Седмица од 18 февруари
10 мин.: Локални известувања. Избрани известувања од Нашата служба за Царството.
10 мин.: Локални потреби.
25 мин.: „Доказ за цврста вера!“a Точката да ја одржи надгледникот за служба. Во заклучокот спомни кои добри резултати ги постигнало собранието во изминатата службена година.
Седмица од 25 февруари
10 мин.: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата за февруари. Прочитај ги сметководниот извештај и писмото со благодарност за прилозите. Во една презентација нека се прикаже како да ја користиме поканата за Спомен-свеченоста кога ќе каниме некој роднина или сосед.
20 мин.: „Со ценење да се сетиме на откупнината.“b Колку што дозволува времето, замоли ги присутните да коментираат за наведените стихови.
15 мин.: Подготвувај се за да ги нудиш новите списанија. Дискусија со присутните. Откако ќе дадеш краток преглед на списанијата Стражарска кула од 1 март и Разбудете се! од март, прашај ги присутните кои статии би биле најинтересни за луѓето на подрачјето, и зошто. Замоли ги да кажат некои мисли од статиите што планираат да ги нудат. Со кои прашања би можеле да започнеме разговор? Кои стихови од статијата би можеле да ги прочитаме? За да прикажеш како да се понудат списанијата Стражарска кула од 1 март и Разбудете се! од март, употреби некоја презентација што ќе ја предложат присутните или некоја од предложените презентации од Нашата служба за Царството.
Седмица од 3 март
10 мин.: Локални известувања. Разгледај ги главните точки од рубриката „Потсетувања за Спомен-свеченоста“.
20 мин.: Можеш ли да започнеш библиска студија во март? Дискусија со присутните. Во март ќе ја нудиме книгата Што учи Библијата со цел да започнуваме библиски студии. Спомни некои интересни обележја на книгата. Дискутирајте за тоа како по 22 март би можеле да му ја понудиме книгата на некој што покажал интерес кога сме му дале покана за Спомен-свеченоста, на некој што зел списанија и на некој што сме го нашле во службата од куќа до куќа. (Види во km 8/07, стр. 3; km 3/06, стр. 1, пас. 3; km 1/06, стр. 3-6.) Треба да се изнесат една до две презентации.
15 мин.: Користи ја Библијата кога одговараш на прашања. Говор и дискусија со присутните на темел на книгата Школа за служба, страници 143, 144. Вклучи кратка презентација во која на еден објавител му е поставено прашање што често се слуша на вашето подрачје, а потоа тој одговара со помош на Библијата.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.