Младите прашуваат — на што да го посветам мојот живот? (Дел 2)
На главното мени од DVD-то Младите прашуваат — на што да го посветам мојот живот? избери Интервјуа, а потоа Делови. Откако ќе ги изгледаш сите три дела, користи ги прашањата од 2. пасус како повторување. Потоа, од главното мени избери Додаток, и откако ќе ги изгледаш сите пет додатни интервјуа, користи ги прашањата од 3. пасус како повторување.
Делови — Ќе се посветиш ли на безвредни работи или на Бог: 1) Какви цели им се наметнуваат на младите? 2) Како 1. Јованово 2:17 им помага на младите да одлучат колкав степен на образование да завршат? 3) Зошто не треба да дозволиме стравот да нѐ спречи да се крстиме? 4) Кои се некои работи што можат да ни помогнат да решиме да се крстиме? Како да уживаш во службата: 5) Зошто некои не уживаат во службата? 6) Кои се некои работи што можат да ни помогнат? 7) Од што се плашат некои многу повеќе отколку да разговараат со непознати, и зошто? 8) Како можеме да го совладаме стравот и да научиме да зборуваме храбро? 9) Зошто е важно да се трудиме да бидеме вешти во службата? Можеш да бидеш пионер: 10) Како пионерската служба ни дава многу можности духовно да напредуваме? (Фил. 3:16) 11) Зошто некои се колебаат да започнат со оваа служба? 12) Кои библиски начела може да ни помогнат да не бидеме претерано загрижени дали ќе можеме да се издржуваме? 13) Како некои пионери се издржуваат? 14) Што ако околностите никако не ти дозволуваат да служиш полновремено?
Додаток — Важноста на личното проучување: 15) Зошто е важно да имаме добри навики на проучување? Различни видови сведочење: 16) Како учеството во различни видови служба ќе ја зголеми нашата радост? Бетелска служба: 17) Кои се некои убави страни на бетелската служба? Школа за организациско оспособување: 18) Каква корист имале оние што биле на оваа школа (сега позната како Библиска школа за неженети браќа)? Мисионерска школа Гилеад: 19) Како Питер и Фиона се подготвиле за да служат како мисионери, и каква корист имале од Гилеад?