ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/13 стр. 4-7
  • Како да ја користиме Добра вест од Бог!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да ја користиме Добра вест од Бог!
  • Нашата служба за Царството 2013
  • Сличен материјал
  • Објавувај ја добрата вест за Царството со брошури
    Нашата служба за Царството 1996
  • Користи различни брошури во својата служба
    Нашата служба за Царството 1995
  • Имитирај го Јехова, грижејќи се вистински за другите
    Нашата служба за Царството 1996
  • Поучувај со помош на брошурата Добра вест
    Нашата служба за Царството 2015
Повеќе
Нашата служба за Царството 2013
km 3/13 стр. 4-7

Како да ја користиме Добра вест од Бог!

Нова брошура што ни помага да правиме повторни посети и да започнуваме библиски студии

1. Која нова брошура што ја добивме на Обласниот конгрес „Чувај си го срцето“ ни помага да правиме повторни посети и да започнуваме библиски студии?

1 Бевме многу радосни кога на Обласниот конгрес „Чувај си го срцето“ добивме нова брошура која ќе ни помага да правиме повторни посети и да започнуваме библиски студии. Брошурата Добра вест од Бог! ја заменува брошурата Бара, а слична е со неа во тоа што лекциите се кратки и јасни. Таа ќе ни помогне да водиме библиски студии на врата. Но, за разлика од брошурата Бара во која се зборуваше за тоа што се очекува од христијаните, барања кои едно заинтересирано лице не е секогаш лесно да ги прифати, во новата брошура главно се зборува за добрата вест од Библијата (Дела 15:35).

2. Зошто беше направена брошурата Добра вест?

2 Зошто беше направена оваа брошура? Браќата од целиот свет бараа нешто поедноставно што ќе ги привлече луѓето кон вистината и ќе ни помогне да преминеме на книгата Што учи Библијата?, нашата главна публикација со која водиме библиски студии. Некои луѓе повеќе сакаат да ја проучуваат Библијата со помош на брошура, отколку со книга. Освен тоа, многу полесно е да се преведе една брошура на голем број јазици.

3. Во што се разликува оваа брошура од другите публикации наменети за проучување на Библијата?

3 Како изгледа брошурата: Многу од публикациите што ги користиме за да проучуваме со луѓето се напишани така што оној што ги чита може сам да ја разбере вистината, дури и без ничија помош. Оваа публикација е поинаква. Таа е направена да се проучува Библијата со помош на Јеховин сведок. Затоа, кога ќе ја понудиш некому, најдобро е заедно да прочитате и да разгледате еден до два пасуса. Бидејќи пасусите се кратки можат да се разгледаат дури и на врата или на работното место. Убаво е да се почне со лекција 1, но можеме да почнеме и со која било лекција од брошурата.

4. Како брошурата ни помага да ги поучуваме луѓето директно од Библијата?

4 Во повеќето наши публикации, одговорите на отпечатените прашања можат да се најдат во самите пасуси. Но, во оваа брошура одговорите главно можат да се најдат во Библијата. Повеќето луѓе повеќе сакаат да учат директно од Библијата отколку од нашите публикации. Затоа, скоро ниту еден од наведените стихови не е цитиран. Тие треба да се прочитаат директно од Библијата. Тоа ќе им помогне на заинтересираните да сфатат дека она што го учат е од Бог (Иса. 54:13).

5. Зошто е важно добро да се подготвиме пред да одиме да проучуваме?

5 Во брошурата не се објаснети сите стихови. Зошто? Затоа што таа е направена да го поттикне заинтересираното лице да поставува прашања, а нам ни помага да станеме повешти учители. Затоа, многу е важно добро да се подготвиме пред да одиме да проучуваме. Но, внимавај: Немој да зборуваш премногу. Точно е дека ние сакаме да ги објаснуваме библиските стихови. Но, честопати можеме повеќе да постигнеме ако го замолиме интересентот да ни каже како тој го сфаќа стихот. Со тоа што тактично ќе поставуваме прашања, можеме да му помогнеме сам да го разбере значењето на секој стих (Дела 17:2).

6. Како можеме да ја користиме брошурата а) со луѓе кои имаат сомнежи во врска со Бог и Библијата? б) кога проповедаме од куќа до куќа? в) кога директно нудиме библиски студии? г) кога правиме повторни посети?

6 Како и другите публикации со кои ги поучуваме луѓето, и оваа брошура можеме да ја понудиме во секое време без разлика на тоа што е на понуда за тој месец. Многумина со задоволство ќе ја користат за директно да понудат библиска студија на врата. Освен тоа, како што видовме на обласниот конгрес, оваа брошура многу ќе ни олесни да правиме повторни посети. (Види ги рамките на страници 5-7.)

7. Како можеш да водиш библиска студија со помош на оваа брошура?

7 Како да ја водиме студијата: Можеш да почнеш така што ќе го прочиташ прашањето со масни букви означено со реден број. Потоа, прочитај го пасусот и стиховите напишани со коси букви. Користи тактични прашања за да му помогнеш на станарот да ги разбере стиховите. Пред да преминете на следното прашање, повторно постави го прашањето со масни букви кое веќе го разгледавте и замоли го станарот да одговори за да видиш дали разбрал. На првите неколку посети, можеби ќе биде најдобро да разгледате само едно од прашањата со масни букви. Со текот на времето, ќе можете да ја поминете и целата лекција одеднаш.

8. Што би било најдобро да кажеме пред да прочитаме некој стих, и зошто?

8 Одговорот на прашањето со масни букви најчесто може да се најде во библиските стихови означени со „прочитај“. Кога сакаш да прочиташ некој стих, избегнувај да почнеш со „Апостол Павле напишал“ или „Видете што прорекол Еремија“. Станарот може да си мисли дека читаме нешто што го напишал некој човек. Подобро би било да кажеме „Божјата Реч вели“ или „Видете што е проречено во Библијата“.

9. Дали треба да се прочитаат сите наведени стихови за време на студијата?

9 Дали треба да ги читаме сите наведени стихови или само оние означени со „прочитај“? Тоа ќе зависи од околностите. Ниту еден од стиховите не е наведен без причина. Секој стих содржи важни информации. Но, во некои случаи, ако интересентот нема време, не е многу заинтересиран или не чита добро, би можеле да ги прочитате само стиховите означени со „прочитај“.

10. Кога треба да преминеме на книгата Што учи Библијата?

10 Кога да преминеме на книгата Што учи Библијата?: Ако редовно го посетуваме лицето и ако веќе неколкупати сме дискутирале на темел на брошурата, може да преминеме на книгата Што учи Библијата? или да ја довршиме брошурата Добра вест. Објавителите треба сами да проценат кога да преминат на книгата. Дали треба да почнеме од почетокот на книгата Што учи Библијата? Нема правило. Секој човек е различен. Меѓутоа, на повеќето интересенти ќе им биде од корист ако подетално ги разгледаат истите теми во книгата Што учи Библијата?

11. Зошто треба добро да ја користиме новата брошура?

11 Во свет во кој ретко може да се слушне добра вест, ние имаме огромна чест да ја објавуваме најдобрата вест — дека Божјето Царство владее и дека наскоро ќе воспостави нов праведен свет! (Мат. 24:14; 2. Пет. 3:13). Уверени сме дека мнозина што ќе ја слушнат оваа порака ќе се согласат со овие зборови: „Колку се убави на планините нозете на оној што донесува добра вест и објавува мир, донесува добра вест за нешто подобро, објавува спасение и му вели на Сион: ‚Твојот Бог се зацари!‘“ (Иса. 52:7). Да ја користиме оваа нова брошура за да им ја пренесеме добрата вест од Бог на искрените лица на нашето подрачје!

[Рамка на страница 5]

Со луѓе кои имаат сомнежи во врска со Бог и Библијата:

● На некои подрачја, објавителите увиделе дека кога ги користат зборовите „Бог“ и „Библија“, станарите не ни сакаат да разговараат. Во таков случај, кога првпат одиш кај некого, можеби е најдобро да зборуваш за актуелни теми, на пример, добра влада, каде да се најдат практични совети за семејствата и што ни носи иднината. Би можеле да започнеме разговор на темел на брошурата Добра вест откако неколкупати сме зборувале со станарот за тоа од каде знаеме дека постои Бог и зошто можеме да имаме доверба во Библијата.

[Рамка на страница 6]

Кога проповедаме од куќа до куќа:

● „Би сакал да Ви покажам колку лесно можеме да дознаеме каква иднина подготвува Бог за луѓето. Сте размислувале ли некогаш дали Бог ќе им стави крај на страдањата? [Почекај да одговори.] Од оваа брошура може да дознаеме каде се наоѓа одговорот на тоа прашање во Библијата. [Дај му брошура и прочитај го првиот пасус од лекција 1, како и Еремија 29:11.] Според ова, Ви звучи ли разумно дека Бог сака да имаме подобра иднина? [Почекај да одговори.] Ако сакате, можете да ја задржите брошурата. Следниот пат може да го разгледаме вториот пасус за да добиеме одговор на прашањето ‚Како Бог ќе го спаси човештвото од сето страдање?‘“ Ако станарот има повеќе време на првата посета, би можеле да го прочитате и да дискутирате за вториот пасус и трите библиски стихови. Договори се да дојдеш повторно за да го разгледате второто прашање од лекцијата.

● „Многу луѓе се молат, особено кога имаат проблеми. Дали и Вие се молите понекогаш? [Почекај да одговори.] Што мислите дали Бог ги слуша сите молитви или некои не му се по волја? [Почекај да одговори.] Со оваа брошура ќе можете да видите каков одговор дава Библијата на овие прашања. [Дај му брошура и заедно разгледајте го првиот пасус од лекција 12 и стиховите означени со „прочитај“.] Зар не е убаво тоа што Бог е спремен да нѐ сослуша? Но, за да ги слушне нашите молитви, треба добро да го познаваме. [Отвори на лекција 2 и истакни ги поднасловите.] Доколку сакате, ќе ви ја оставам брошурата, и друг пат може да ги прочитаме библиските одговори на овие интересни прашања.“

● „Денес луѓето се многу загрижени за тоа каде тргнал овој свет. Мислите ли дека некогаш работите ќе се подобрат? [Почекај да одговори.] Многумина се изненадени кога ќе дознаат дека во Библијата има една добра вест која може да ни влее надеж. Еве некои од прашањата на кои Библијата дава одговор.“ Дај му брошура и замоли го да избере прашање од последната страница кое најмногу го интересира. Потоа сврти на таа лекција и почнете да ја проучувате. Договори се да дојдеш пак за да го разгледате следното прашање од лекцијата.

[Рамка на страница 7]

Пробај директно да ја понудиш:

● „Сакам да Ви кажам за еден нов библиски курс. Оваа брошура има 15 лекции кои покажуваат каде во Библијата можете да најдете одговор на важни прашања. [Покажи му ги насловната и последната страница.] Дали некогаш сте имале желба да ја разберете Библијата? [Почекај да одговори.] Видете на колку едноставен начин овие лекции ја објаснуваат Библијата. [Разгледајте го првиот пасус под 3. прашање од лекција 3, и прочитајте Откровение 21:4,  5. Ако е соодветно, разгледајте го наредниот пасус и стиховите означени со „прочитај“.] Ако сакате, можам да ви ја оставам оваа брошура. Би сакал да Ви покажам како изгледа овој библиски курс. Доколку Ви се допадне, можеме да продолжиме. Следниот пат, би можеле да ја разгледаме првата лекција. Не е долга, само една страница.“

[Рамка на страница 7]

Користи ја кога правиш повторни посети:

● Кога посетуваш некое заинтересирано лице, би можел да кажеш: „Убаво што Ве најдов дома. Ви ја донесов оваа брошура во која има библиски одговори на многу интересни прашања. [Дај му брошура и кажи му да ја погледне последната страница.] Која од овие теми најмногу Ве интересира? [Почекај да одговори. Потоа отвори ја лекцијата што тој ја избрал.] Би сакал да Ви покажам како со помош на оваа брошура можете да ги најдете библиските одговори.“ Потоа, би можеле да разгледате еден или два пасуса и стиховите означени со „прочитај“. Со тоа веќе си започнал библиска студија! Остави му ја брошурата на станарот и договори се да дојдеш повторно. Кога ќе ја завршите лекцијата, можете да преминете на друга лекција што ќе ја избере станарот или да почнете од првата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели