Стани повешт во службата — Прави белешки
„Добро внимавај како живееш и како поучуваш“ (1. Тимотеј 4:16). Советот што Павле му го дал на Тимотеј покажува дека сите ние треба да се трудиме да станеме повешти во службата на проповедање, без разлика дали сме подолго време во вистината или од неодамна. Во тоа ќе ни помогне новата рубрика „Стани повешт во службата“ која ќе излегува во Нашата служба за Царството. Во секоја статија ќе биде разгледан по еден важен аспект од службата на проповедање на кој ќе работиме цел месец. Исто така, преку овие статии ќе добиеме и практични предлози за да се подобриме во аспектот што ќе се разгледува. Откако ќе заврши месецот, на Состанокот за нашата служба ќе имаме можност да коментираме како овој аспект ни помогна да станеме повешти во службата. Овој месец ќе се трудиме да правиме добри белешки.
Зошто е важно: За добро да ја извршиме нашата задача, не е доволно само да проповедаме. Треба да го залеваме семето на вистината кое сме го посадиле така што повторно ќе ги посетиме и ќе ги поучуваме оние што покажале интерес (Матеј 28:19, 20; 1. Коринќаните 3:6-9). Ова вклучува да го најдеме лицето на кое сме му сведочеле, да покажеме дека сме заинтересирани за она што му се случува во животот или го загрижува и да се надоврземе на претходниот разговор. Затоа, кога ќе најдеме некој што покажува интерес, важно е да водиме белешки.
Предлог за месецот:
Кога правиш белешки, кажи му на твојот партнер со кој си во служба што запишуваш.