Стани повешт во службата — покажувај искрен интерес за другите
Зошто е важно: Исус ги гледал луѓето како поединци и покажувал искрен интерес за нив. На пример, кога требало да излекува еден глув човек, Исус сфатил дека тој се срамел од другите и затоа го тргнал настрана од мноштвото и го излекувал (Мар. 7:31-35). Освен тоа, Исус покажал разбирање за своите ученици со тоа што ги зел предвид нивните ограничувања и не ги оптоварувал со премногу информации (Јован 16:12). Дури и од својата висока положба на небото, тој покажува искрен интерес (2. Тим. 4:17). Како ученици на Христос, ние сакаме да се угледаме на неговиот пример (1. Пет. 2:21; 1. Јов. 3:16, 18). Исто така, ќе бидеме поуспешни во службата ако покажуваме разбирање кон станарот и ако обрнеме внимание во какви околности живее, што го интересира и што го загрижува. Ако увиди дека сме искрено заинтересирани за него, а не дека сме дојдени само да си го кажеме нашето или само за да поделиме некаква литература, ќе биде поспремен да нѐ сослуша.
Предлог за месецот:
За време на Семејната вечер вежбајте како може да ја промените презентацијата за да одговара на она што го интересира станарот. Исто така, можеш да го вежбаш ова заедно со твојот партнер додека сте во служба.
На некои состаноци за проповедање, братот што предводи може да разгледа или да прикаже на кои начини можеме да покажуваме искрен интерес за другите.