Покажи искрен интерес — така што ќе бидеш прониклив
1 Јехова Бог и Христос Исус најдобро ги препознаваат потребите на луѓето и најдобро им помагаат (2. Лет. 16:9; Мар. 6:34). Кога ќе забележиме за што се интересираат и за што се грижат оние што ги сретнуваме во службата, ќе можеме соодветно да ја приспособиме нашата презентација на добрата вест.
2 Внимавај на деталите: Исус бил прониклив (Мар. 12:41-43; Лука 19:1-6). Слично на тоа, кога се приближуваме до вратата на станарот, и забележуваме религиозни симболи, слогани на автомобилите или играчки во дворот, тогаш можеме да создадеме прилики делотворно да сведочиме за добрата вест.
3 Изразите на лицето и однесувањето на луѓето можат да ни кажат нешто за нив (Посл. 15:13). Можеби имаат потреба од утеха поради смртта на некој близок или поради други вознемирувачки настани. Можеби ќе ги утешат некои соодветни стихови што ќе им ги прочитаме (Посл. 16:24). Дали станарот се брза за некаде или, пак, држи расплачено бебе? Во тој случај подобро би било да се договориме да навратиме во друга прилика. Со тоа ќе бидеме обѕирни и што ќе ‚покажуваме сочувство‘, можеби ќе го поттикнеме лицето да нѐ сослуша следниот пат (1. Петр. 3:8).
4 Избери ги зборовите: Апостол Павле забележал дека во Атина имало олтар посветен „На Непознат Бог“. Ова влијаело на начинот на кој ја пренел добрата вест, затоа што рекол: „Она на кое вие незнаејќи му укажувате побожна оддаденост, тоа јас ви го објавувам“. Тактичниот пристап на Павле поттикнал некои од присутните да ѝ обрнат внимание на пораката за Царството и да станат верници (Дела 17:23, 34).
5 Слично на тоа, ако сме проникливи ќе забележиме што ги интересира луѓето, а тоа ни овозможува да го приспособиме нашиот пристап. Користи прашања кои можат да го охрабрат станарот да се искаже. Размисли кои стихови можат да се употребат за да се зголеми неговиот интерес (Посл. 20:5). Ако сме проникливи и покажуваме искрен личен интерес за другите, ќе можеме вешто да ја кажуваме добрата вест.