Стани повешт во службата — како да реагираш ако станарот е гневен
Зошто е важно: Многу од луѓето што ги среќаваме во служба се љубезни. Но, Исус прорекол дека некои луѓе ќе нѐ мразат (Јован 17:14). Затоа, не треба да нѐ изненади тоа што понекогаш ќе наидеме и на гневни луѓе. Во таков случај убаво е да реагираме онака како што сака Јехова, Богот за кого сведочиме (Рим. 12:17-21; 1. Пет. 3:15). Така најверојатно ќе спречиме ситуацијата да се влоши. Освен тоа, ова ќе биде добро сведоштво и за станарот и за луѓето што можеби ќе ја забележат нашата реакција, а тоа може да придонесе да бидат поспремни да слушаат следниот пат кога ќе ги посетат Јеховини сведоци (2. Кор. 6:3).
Предлози за месецот:
За време на Семејната вечер посветена на Јехова, вежбајте како да реагирате ако станарот е лут.
Откако си сведочел на станар што бил гневен, разговарај со објавителот со кој си во служба како си можел подобро да реагираш.