ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g93 8/7 стр. 30
  • Го набљудуваме светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Го набљудуваме светот
  • Разбудете се! 1993
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Трагедија во трагедијата“
  • Мексико и католичката црква
  • Богатства кои исчезнуваат
  • Конечно помилуван
  • Родителите го наплаќаат недостатокот на стега
  • Долги, среќни бракови
  • Денешната младина — лесен плен за сатанизмот?
    Разбудете се! 1995
  • Брак — зошто многумина се откажуваат
    Разбудете се! 1993
  • Кога ќе се избере развод
    Разбудете се! 1999
  • Подемот и падот на сатанизмот
    Разбудете се! 1995
Повеќе
Разбудете се! 1993
g93 8/7 стр. 30

Го набљудуваме светот

„Трагедија во трагедијата“

Еден неодамнешен семинар во Рим, организиран од страна на Светската здравствена организација и Интернационалниот центар за истражување и помош, открил „долг список на ненормалности, залудни трошоци и зачудувачки грешки за кои секогаш е виновна моќната интернационална машинерија за помош“, наведува Economia (додаток на весникот Corriere della Sera). На листата се наоѓаат диетални бонбони испратени во од глад погодената Етиопија; летни шатори испратени после земјотресот во Анадолија (Турција), каде што термометарот покажуваше -12° C; лекови на кои им поминал рокот на употреба; вакцини кои треба да стојат во фрижидер испратени во места каде што нема струја. Хуманитарната помош често останува неразделена во складишта или не стигнува до оние на кои им е потребна. Зошто и понатаму се случуваат ваквите големи грешки? Economia наведува: „Интернационалната помош мора да даде видливи, и ако е возможно, спектакуларни резултати. . . . Тоа го бара јавното мислење затоа не е важно ако, скоро секогаш, тоа е само расфрлање на пари“. Стручњаците тоа го нарекуваат „трагедија во трагедијата“.

Мексико и католичката црква

На 21. септември 1992, после 130-годишен прекин, Мексико и Ватикан ги обновија целосните дипломатски односи. Тоа беше по иницијатива на претседателот Карлос Салинас де Гортари да се промени Уставот и на религиозните групи да им се вратат правата што им биле одземени по револуцијата во 1910. „Повеќето од тие права беа првобитно поништени помеѓу 1856 и 1861, кога бунтовните либерали, со желба да ја обуздаат огромната моќ на католичката црква, ги прекинаа врските на земјата со Светата столица“, наведува The New York Times. Меѓутоа, повеќето забрани долго беа игнорирани. Но, Уставот останал непроменет, бидејќи многу Мексиканци сѐ уште немале доверба во моќта на католичката црква. Сите цркви сега имаат точно дефиниран законски статус, имаат право да спроведуваат религиозно образование и можат да поседуваат свој имот.

Богатства кои исчезнуваат

Според еден истражувачки извештај објавен во Moscow News, во последните 12 години, Русија изгуби околу 90 отсто од нејзините уметнички богатства, како што се уметнички слики и икони. Во 1990, царинските службеници конфискуваа цело богатство фолклорна уметност, златни кованици и религиозни предмети. Меѓутоа, тоа беше само еден дел — можеби од 2 до 5 отсто — од сите прошверцувани предмети. Moscow News тврди дека во земјата моментално работат околу 40 шверцерски банди, организирани воглавно во Германија и Италија,. Најскапоцените предмети ги чистат и обновуваат, а потоа ги праќаат за продажба во богатите земји.

Конечно помилуван

Папата Јован Павле II „свечено“ го помилувал Галилео. Сѐ досега, Католичката црква славниот физичар го сметаше за „цензуриран од Светата инквизиција“ во 1633, затоа што упорно тврдел дека Земјата се врти околу Сонцето. Сега, после 360 години, папата се обиде да го реши спорот еднаш засекогаш со свечен говор пред Папската академија на науките. Но, според италијанскиот весник Corriere della Sera, дури и во таа прилика папата не се воздржал да нагласи дека Галилео не бил во право барем за една точка. Наводно, физичарот го одбил „предлогот“ своите заклучоци да ги изложи како хипотеза додека немало „неоспорен доказ“.

Родителите го наплаќаат недостатокот на стега

Еден суд во Токио (Јапонија), неодамна одлучи родителите на три тинејџерски члена на една моторциклистичка банда мора да помогнат да се плати отштета за злосторството на нивните деца. Момчињата претепале еден човек, неколку пати удирајќи го со клоци в стомак откако се жалел на буката од нивните мотори. Човекот умрел по еден месец. „Злосторството било резултат на начинот на живот што го водеа четворицата млади момчиња, кои повеќе пати бегале од часови, пиеле, пушеле и возеле моторцикли“, така Mainichi Daily News ја цитирал изјавата на судијата. „Иако биле потполно свесни за начинот на живот што го воделе нивните синови, родителите не ги држеле во стега“, рекол тој и дал налог родителите да платат вкупен износ од 83.000.000 јени (скоро 700.000 долари) како отштета на семејството на починатиот.

Долги, среќни бракови

„Старото правило гласи: држи се за Десетте Заповеди и живеј среќно засекогаш“, се жалел психологот Гери Шонер во едно поново издание на списанието Newsweek. Зошто се изразил така потсмевливо? Нашироко објавените информации од анкетирањето на скоро 6.000 луѓе покажуваат дека постарите венчани двојки се посреќни отколку младите самци кои водат живот на сексуален промискуитет. Резултатите кои Шоунер ги отфрла, тоа дека го поддржуваат бракот и дека се моралистички, покажуваат дека, иако зачестеноста на сексуалните односи донекаде опаѓа со годините, најсреќните луѓе помеѓу анкетираните биле постарите брачни двојки кои своите брачни другари сѐ уште ги сметале „физички многу привлечни“ и сѐ уште редовно имале интимни односи. Други студии покажале дека оние кои внимаваат на својата тежина и редовно вежбаат, имаат поголема веројатност да останат сексуално активни во своите подоцнежни години.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели