ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g93 8/10 стр. 5-7
  • Брак — зошто многумина се откажуваат

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Брак — зошто многумина се откажуваат
  • Разбудете се! 1993
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што стои зад сето тоа?
  • Врата кон посреќен живот?
  • Разводот — каде што Истокот се среќава со Западот
    Разбудете се! 1993
  • Кога ќе се избере развод
    Разбудете се! 1999
  • Четири факти за разводот за кои треба да си свесен
    Разбудете се! 2010
  • Дали разводот е решение?
    Разбудете се! 2004
Разбудете се! 1993
g93 8/10 стр. 5-7

Брак — зошто многумина се откажуваат

ВО ВРСКА со разводите во Хонгконг, каде што источната и западната култура егзистираат една до друга, весникот Asia Magazine наведува: „Недостигот на комуникација, неверноста, сексуалните проблеми и несогласувањата се фактори кои обично се причина за брачниот конфликт и кај кинеските и кај западњачките двојки“. Ситуацијата е еднаква и на други места по светот.

И мажите и жените на кои кариерата им е на прво место, брзо ги жртвуваат своите семејства во полза на работата. Поради тоа, потполно ја задушуваат семејната комуникација. Изморен од дневната работа, сопругот ја закопува главата во весникот. Јуничи и неговата сопруга воделе три ресторани и работеле од осум наутро до десет навечер на различни места. „Практично немаше комуникација меѓу нас како маж и жена“, признава Јуничи. Таквиот недостиг на комуникација довел до сериозни брачни проблеми.

Друг фактор кој води до раскинување на брачните врски е гледиштето на луѓето за вонбрачните сексуални односи. Сексуалните односи надвор од бракот се сега толку раширени што 20 отсто од мажите и 8 отсто од жените, кои учествувале во една анкета во Јапонија, признале дека во текот на изминатата година имале сексуални односи надвор од нивниот брак. Не е необично жената кариерист во Јапонија освен со својот сопруг да излегува и со други мажи. Таа оди од еден маж до друг со помислата: „Ако мажот ми ме открие, ќе се разведам од него“. Современото општество ги затвора очите пред ваквите работи.

Истото тоа општество го унапредува ставот „прво јас“, и затоа сопругот и сопругата стануваат егоцентрични, кое што, пак, води до несогласие, уште една причина за развод. „Вака како двојка уште од почетокот бевме на работ од разделување“, вели Кјоко. „Веднаш штом се зедовме, мажот ми ми рече да бидам робот и само да го правам она што ќе ми се каже. Кога му одеше сѐ добро, не беше толку лошо, но кога не му одеше добро, не сакаше да си ги признае грешките и другите ги обвинуваше за сѐ. И јас бев обвинета, бидејќи се бунев против неговиот авторитет. Ми беше многу тешко да му бидам послушна кога беше неправеден“.

Други причини за развод се насилство и пијанство, финансиски проблеми, проблеми со родителите на сопружниците и психичко малтретирање.

Што стои зад сето тоа?

Без разлика колку се разновидни причините за развод, има нешто повеќе зад тој бран кој е раширен по целиот свет. Иако Истокот го обвинува влијанието на западното општество за неговите зла, одобрувањето на разводот на Западот е понов феномен. Всушност, разводите се зачестиле три пати во Соединетите Држави и четири пати во Британија само во изминатите неколку децении. Ендрју Џ. Черлин од Urban Institute (истражувачка организација која испитува општествени и економски проблеми во Соединетите Држави), иако признава дека причините за појавата на разводот не се добро сфатени, наведува дека „растечката економска независност кај жените“ и „промените во ставовите во општеството воопшто“ спаѓаат во факторите кои го предизвикуваат тој тренд.

За жените во Соединетите Држави, како и за оние во другите индустријализирани земји, повеќе не е необично да бидат омажени и да работат надвор од домот. Меѓутоа, уделот на сопругот во домашните работи многу бавно се зголемува. Не е чудно што некои жени се жалат: „Најмногу што ѝ треба на една вработена жена е да биде сопруга!“

Додека во Соединетите Држави жените се отепуваат од работа, од перење, чистење, готвење и грижа околу децата, „многу мажи го тепаат времето така што ‚висат наоколу‘“, вели книгата The Changing American Family and Public Policy. Антрополозите велат дека тоа се забележува по целиот свет. Во Јапонија не е необично за мажите да излегуваат после работното време. Тие тврдат дека тоа е неопходно за добрите меѓучовечки односи на нивното работно место, а ги игнорираат добрите меѓучовечки односи дома. Бидејќи мажите, според нивната логика, го издржуваат семејството, жените и децата не треба да се жалат. Меѓутоа, бидејќи сѐ повеќе жени работат, таквото размислување се покажува дека е само изговор.

Друг важен фактор кој придонесува за брачниот неуспех се „промените во ставовите во општеството воопшто“ или, како што се изразува Journal of Marriage and the Family: „Распаѓањето на идеалот за траен брак“. За невестите и младоженците од 1990-те, традиционалниот брачен завет „додека смртта не нѐ раздели“ повеќе го нема тоа значење. Тие и понатаму се во потрага по подобар партнер. Ако нововенчаните така гледаат на нивната врска, колку ќе биде таа јака?

Овие општествени промени воопшто не ги изненадуваат истражувачите на Библијата. Оваа инспирирана книга открива дека од 1914 живееме во „последните денови“, кои се „критични времиња со кои тешко ќе се излегува на крај“. Луѓето се „себељубиви, . . . неблагодарни, нелојални, без природна наклоност, непристапни за каков и да е договор“ (2. Тимотеј 3:1-3, НС). Значи за луѓето кои себеси се љубат повеќе отколку своите партнери, кои на своите сопружници им стануваат нелојални и кои се неспремни за каков и да е договор во нивниот брак, разводот станува единствениот излез од нивните брачни проблеми.

Врата кон посреќен живот?

Разводот, во повеќето случаи, не се покажал како врата кон среќа.a „Разводот е измамлив“, рекла Џудит Волерстајн, истражувач на полето на ментално здравје, после една студија на 60 разведени двојки која траела 15 години. „Во правна смисла тоа е еден единствен настан, но во психолошка тоа е синџир — понекогаш и непрекиден синџир — на настани, преселби и радикално променливи односи кои се случуваат во одредено време“. Нејзините студии покажуваат дека една четвртина од жените и една петтина од мажите својот живот сѐ уште не го вратиле во нормален колосек и една деценија после разводот.

Посебно се ранливи децата на разведените. Во рамките на истото истражување, Волерстајн открила дека практично на сите деца кои биле вклучени, разводот им нанел „силни и потполно непредвидливи последици“. Некои деца кои порекнуваат било какви негативни чувства околу разводот на нивните родители можат ненадејно да откријат дека такви чувства испливуваат на површина подоцна во нивниот живот, кога бараат брачен другар.

Тоа не значи дека сите жртви на разводот нема никогаш да најдат среќа, бидејќи некои наоѓаат. Тие обично изградуваат нова личност од урнатините на старата. На пример, кога шокот од разводот и неговите придружни жалости и сомневања околу вредноста на самиот себе еднаш ќе поминат, недолжниот партнер може да излезе од тешкото искушение како појака, пожива, здрава личност.

Една жена чиј сопруг ја оставил поради друга жена, објаснува дека, откако болката и гневот ќе попуштат, „откривате дека внатре сте поинакви. Чувствата ви се измениле. Никогаш нема да бидете онаа личност која сте биле пред тоа“. Таа советува: „Одвојте си време повторно да се запознаете себеси. Партнерите во бракот обично ги потиснуваат своите склоности и желби од почит спрема другиот, но после разводот потребно е време за да откриете што сега ви се допаѓа, а што не. Ако ги закопате чувствата, тогаш живи ги закопувате. Еден ден пак ќе се вратат и ќе морате да се соочите со нив. Затоа е подобро да се соочите со вашите чувства и да ги победите“.

Поради сѐ поголемата свесност за проблемите што ги донесува разводот, тој станува помалку привлечен како алтернатива. Списанието Time известува дека растечко малцинство советници сега ги охрабруваат загрижените двојки: „Останете заедно“. Дејвид Елкинд од универзитетот Тафтс, напишал: „Разводот по малку личи како да сте ја скршиле ногата на скијање. И покрај тоа што многумина други во скијачкиот центар си ја скршиле ногата, вашата скршена нога не ве боли помалку поради тоа“.

Разводот не е лесен излез од брачните проблеми. Тогаш, кој е подобриот начин за решавање на брачните проблеми?

[Фуснота]

a Законскиот развод или раздвоеност може да пружи одредена мерка на заштита од тешка злоупотреба или од намерната повреда на обврската за издршка.

[Слика на страница 7]

Двојките денес често не можат меѓусебно да комуницираат

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели