ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g96 8/2 стр. 30
  • Набљудувајќи го светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Набљудувајќи го светот
  • Разбудете се! 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Ватиканска „противречност“
  • Црквата и војната
  • Спасете го тој заб!
  • Исправно миење на рацете
  • Задгробен живот или халуцинации?
  • Зошто да одиме на заболекар?
    Разбудете се! 2007
  • Запознај се со „шумскиот човек“
    Разбудете се! 2010
  • Долгата и болна историја на забоболката
    Разбудете се! 2007
  • Како да имате убава насмевка
    Разбудете се! 2005
Повеќе
Разбудете се! 1996
g96 8/2 стр. 30

Набљудувајќи го светот

Ватиканска „противречност“

„Ваша светост, зошто Ватикан сѐ уште продава цигари?“, еден свештеник го прашал Јован Павле II за време на годишниот аудиториум на папата со свештенството на Рим. Тој продолжил: „Освен што му штети на здравјето, оваа трговија е противречна и на Вашата постојана молба за заштита на здравјето и за нашата пастирска активност“. За 76-годишниот свештеник, Уго Месини, фактот што Ватикан продава тутун и цигари кои ја содржат изјавата „пушењето е штетно за вашето здравје“, претставува „контрасведоштво“ и „противречност“ на пораката на папата. Како што е известено во римскиот весник Il Messaggero, папата одговорил дека, што се однесува до тутунот, неговата „совест е чиста“. Но, тој ветил да разговара со кардиналот кој ја надгледува продажбата на цигари на Ватикан.

Црквата и војната

Каква улога одиграла српската православна црква во конфликтот на Балканот? Тоа прашање неодамна беше разгледано на една дискусија на тркалезна маса меѓу православните и протестантските црковни водачи од Англија, Германија, Грција, Русија, Соединетите Држави, Србија, Шведска и Швајцарија. Еден католички весник, Christ in der Gegenwart (Современиот христијанин), издаден во Германија, известил дека разговорите ги организирал Светскиот собор на црквите во Женева (Швајцарија). Разговорите ги следеле оптужбите дека српската православна црква била пристрасна во војната, „давајќи ѝ огромна поддршка“ на страната кон која е наклонета. И покрај сериозните обвинувања, мнозинството присутни на разговорите гласале за тоа да ѝ се дозволи на српската православна црква да си го задржи членството во Светскиот собор на црквите, иако „сите разлики во мислењата [не можеле] да бидат решени“.

Спасете го тој заб!

Ако случајно Ви испадне заб, немојте да го фрлате, советува UC Berkeley Wellness Letter. „Истражувањата покажуваат дека имате 50% шанса за успешно пресадување ако стигнете кај стоматологот во рок од 30 минути.“ Што треба да направите? Обидете се да останете колку што можете посмирени. Држете го забот за неговата коронка и нежно исплакнете го со млака вода — немојте да го триете. Јавете му се на Вашиот стоматолог и известете го за Вашата посета и, освен ако не Ви каже поинаку, внимателно вратете го забот во неговото лежиште. Гризнете цврсто чиста крпа или шамивче и така држете го пет минути за да се намести забот, и продолжете да гризете со умерено притискање додека не стигнете кај стоматологот. Ако не можете веднаш повторно да го ставите забот, чувајте го натопен во плунка во устата. На малите деца кои можат да го голтнат забот, ставете им го во пластично ќесе или во филџан и потопете го со млеко или со вода во која има малку сол. Дури и ако помине подолго време, сепак одете кај стоматологот и тој нека одлучи што ќе се направи. „Дефинитивно вреди да се спаси заб“, вели извештајот.

Исправно миење на рацете

Лекарите велат дека едноставната постапка на редовно миење на рацете „помага да се отстранат микробите и вирусите кои предизвикуваат настинка, грип, инфекција на грлото, тегоби во желудникот и посериозни заболувања“, известува The Toronto Star. Весникот додава: „Едно . . . проучување на епидемиологот од Монтреал, д-р Хулио Сото, покажува дека правилното миење на рацете може значително да го намали ширењето на вирусните и бактериските заразни болести — и тоа до 54 проценти за заболувања на горните дишни органи и 72 проценти кај случаите на дијареа“. Канадското педијатриско друштво известува дека исправното миење на рацете треба да вклучува наводенување на рацете под истечна вода, триење со сапун додека изброите до 30, плакнење под истечна вода додека броите до 5 и, на крајот, сушење со чиста крпа која не е користена од другите или со книжна крпа или, пак, со автоматски апарат за сушење на рацете. Особено луѓето кои работат со храна во ресторани, сендвичари и продавници со храна треба да обрнат грижливо внимание на миењето на рацете.

Задгробен живот или халуцинации?

Медиумите често пати објавуваат извештаи за „искуства до самата смрт“, каде што пациентите кои биле пред смрт подоцна тврделе дека доживеале краток поглед на задгробниот живот. Експериментите на една екипа германски неуролози неодамна објасниле дека таквите искуства се должат на недостиг на кислород, што предизвикува халуцинации. Според холандскиот весник De Gooi en Eemlander, екипата испитувала 42 здрави младинци кои биле онесвестени најмногу до 22 секунди со помош на хипервентилација. После тоа, тие млади луѓе опишувале чувства и визии многу слични на „искуствата до самата смрт“. Некои известиле дека виделе живи бои и светла, гледајќи се себеси од птичја перспектива, виделе свои ближни во убава околина и така натаму. Повеќето младинци ги опишале чувствата како пријатни и мирољубиви — толку многу, што не сакале да се вратат при свест.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели