ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g96 8/4 стр. 12-14
  • Нашата кревка планета — што е со иднината?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Нашата кревка планета — што е со иднината?
  • Разбудете се! 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Вкоренети причини за кризата
  • Обновување на Земјата
  • „Нека се радува Земјата“
  • Дали човекот ќе ја уништи Земјата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Каква е иднината на нашата планета?
    Разбудете се! 2004
  • Бог ветува дека нашата планета ќе опстане
    Разбудете се! 2023
  • Битката да се спаси нашата планета
    Разбудете се! 1996
Повеќе
Разбудете се! 1996
g96 8/4 стр. 12-14

Нашата кревка планета — што е со иднината?

ПРЕД двесте години, американскиот државник Патрик Хенри рекол: „Не знам друг начин како да ја судам иднината освен преку минатото“. Во минатото, човекот ја газел околината. Дали тој ќе сврти нов лист во иднина? Досега, знаците не се охрабрувачки.

Иако е постигнат извесен напредок што е за пофалба, тоа главно било површно — зафаќање на симптомите, а не на причините. Ако куќата почне да гние, обојување на дрвенаријата нема да го спречи нејзиното пропаѓање. Само темелен градежен зафат може да ја спаси. На сличен начин, мора да се промени начинот на кој човекот ја користи оваа планета. Не е доволно само контролирање на штетата.

Анализирајќи ги резултатите од 20-годишното контролирање на околината во Соединетите Држави, еден стручњак заклучува дека „нападот врз околината не може успешно да се контролира, но сепак мора да се спречи“. Очигледно, да се спречи загадувањето е многу подобро отколку да се лечат неговите лоши последици. Но, за да се постигне таа цел секако потребна е фундаментална промена во човековото општество и во жариштето на големиот бизнис. Книгата Грижа за Земјата признава дека грижата за Земјата бара „поинакви вредности, економии и општества од повеќето кои денес преовладуваат“. Кои се некои од тие вредности што треба да се променат за да се спаси планетата?

Вкоренети причини за кризата

Себичност. Да се стават интересите на планетата пред интересите на луѓето кои ја експлоатираат е првиот неопходен чекор во заштитата на околината. Сепак, малкумина се спремни да се откажат од богатиот начин на живот, дури иако тоа можеби ја уништува планетата за идните генерации. Кога владата на Холандија — една од најзагадените земји во Западна Европа — се обиде да го ограничи патувањето со автомобил, како дел од кампањата против загадувањето, планот беше расипан поради големото противење. Иако холандските патишта се најблокирани во светот, возачите едноставно не биле спремни да се откажат од својата слобода.

Интересот за самиот себе влијае врз оние кои ги донесуваат одлуките, како и врз јавноста воопшто. Политичарите не се спремни да спроведуваат политика во врска со околината која би ги чинела гласови, а индустријалците се противат на секој предлог кој може да го загрози профитот и економскиот пораст.

Алчност. Кога станува збор за избор помеѓу профитот и зачувувањето, обично парите се погласни. Моќните индустрии вршат притисок со цел да се намали контролата на загаденоста или сосема да се избегнат прописите на владата. Оштетувањето на озонскиот слој го илустрира овој проблем. Дури во март 1988, претседавачот на една голема хемиска компанија на САД навел: „Во моментов, научните докази не укажуваат на потребата од драстично намалување на CFC-ите кои се испуштаат“.

Меѓутоа, истата компанија препорача постепено да се укинат сосема хлорофлуоројаглеродите (CFC). Променет став? „Тоа немаше никаква врска со тоа дали околината се оштетува или не“, објаснил Мостафа Толба, генерален директор на United Nations Environment Programme (Програма за околината при Обединетите нации — UNEP). „Се работеше за тоа кој пред кого ќе добие [економска] предност.“ Сега многу научници сфаќаат дека уништувањето на озонскиот слој е една од најголемите катастрофи во историјата, што ги направил човекот врз околината.

Незнаење. Она што го знаеме е спречено од она што не го знаеме. „Сѐ уште знаеме релативно малку за изобилниот жив свет во тропските дождовни шуми“, објаснува Питер Х. Рејвен, директор на Missouri Botanical Garden (Ботаничка градина на Мисури). „Зачудувачки, знаеме повеќе — многу повеќе — за површината на Месечината.“ Истото важи и за атмосферата. Колку јаглерод диоксид можеме и понатаму да исфрламе во небото без тоа да влијае врз климата на Земјината топка? Никој не знае. Но како што навело списанието Time, „непромислено е да ја подложиме природата на такви гигантски експерименти кога исходот е непознат, а можните последици се премногу страшни за размислување“.

Според пресметувањата на UNEP, можно е до крајот на оваа деценија, исчезнувањето на озонот секоја година да предизвикува стотици илјади нови случаи на рак на кожата. Влијанието врз растителните култури и риболовот сѐ уште не е познато, но се очекува да биде значително.

Кратковидни гледишта. За разлика од другите катастрофи, проблемите поврзани со околината се појавуваат подмолно. Тоа ги спречува обидите да се организира заедничка акција пред да настане трајна штета. Книгата Saving the Planet (Да се спаси планетата) ја споредува нашата сегашна ситуација со онаа на несреќните патници на оштетениот Титаник во 1912: „Малкумина се свесни за обемот на потенцијалната трагедија“. Авторите веруваат дека планетата може да се спаси само ако политичарите и бизнисмените се соочат со реалноста и размислуваат за долгорочен опстанок наместо за краткорочни користи.

Саможиви ставови. На Самитот за Земјата во 1992 година, шпанскиот премиер Фелипе Гонзалес истакна дека „проблемот е глобален и дека решението не може да биде поинакво, освен глобално“. Тоа е точно, но да се најдат решенија кои се глобално прифатливи е обесхрабрувачка задача. Еден делегат од САД, на Самитот за Земјата отворено рекол: „Не треба да се приговара на американскиот начин на живот“. Индискиот стручњак за околината, Манека Ганди, од друга страна, се жалела дека „едно дете на Запад конзумира онолку колку што би конзумирале 125 лица на Исток“. Таа тврдела дека „скоро сето пропаѓање на околината на Истокот се должи на потрошувачката на Западот“. Секогаш одново, меѓународните обиди да се подобри состојбата на околината пропаѓаат поради саможивите национални интереси.

Покрај сите овие фундаментални проблеми, постојат причини да гледаме на иднината со доверба. Една од нив е флексибилниот одбранбен систем на нашата планета.

Обновување на Земјата

Слично како човековото тело, и Земјата има зачудувачка способност самата да се обновува. Извонреден пример за тоа има во минатиот век. Во 1883 година, индонезискиот вулкански остров Кракатау (Кракатоа) избувнал во гигантска експлозија која се слушнала на оддалеченост од скоро 5.000 километри. Во небото биле исфрлени скоро 21 кубен километар материја, и две третини од островот исчезнале под морето. После девет месеци, единствениот знак на живот бил еден микроскопски пајак. Денес целиот остров е покриен со бујна тропска вегетација, која е домаќин на стотици видови птици, цицачи, змии и инсекти. Ова обновување, без сомнение, е потпомогнато од заштитата што ја ужива островот како дел од Националниот парк Ujung Kulon.

Штетата што ја направил човекот може исто така да се надомести. Ако ѝ се даде доволно време, Земјата може самата да се опорави. Прашањето е: Дали луѓето ќе ѝ го дадат на Земјата одморот кој ѝ е потребен? Веројатно не. Но постои Некој кој е одлучен да ѝ допушти на нашата планета самата да се обнови — Оној кој ја создал.

„Нека се радува Земјата“

Никогаш Бог немал намера човекот да ја уништува Земјата. Тој му рекол на Адам да ја ‚обработува и да ја пази‘ Едемската градина (1. Мојсеева 2:15). Јеховината грижа за заштита на околината исто така била видлива во повеќето закони што им ги дал на Израелците. На пример, им било кажано да ја остават земјата да лежи необработена секоја седма година — Сабатна година (2. Мојсеева 23:10, 11). Затоа што Израелците често пати ја игнорирале оваа и други божествени заповеди, Јехова на крајот дозволил Вавилонците да ја раселат земјата, која 70 години после тоа лежела пуста ‚додека . . . земјата не ги отпразнувала своите саботи‘ (2. Летописи 36:21). Со оглед на овој историски преседан, не изненадува тоа што Библијата вели дека Бог ќе ‚ги погуби губителите на земјата‘ за да може Земјата да се обнови од човековото оштетување на околината (Откровение 11:18).

Таа постапка, меѓутоа, ќе биде само првиот чекор. Преживувањето на планетава, како што со право истакнал биологот Бери Комонер, „подеднакво зависи од прекинувањето на војната со природата и од прекинувањето на војните помеѓу нас самите“. За да ја постигнат таа цел, луѓето на Земјата мора да бидат „научени од Господа“ да се грижат еден за друг и да се грижат за својот земски дом. Како резултат на тоа, нивниот мир ќе биде „голем“ (Исаија 54:13).

Бог ни дава гаранција дека ќе има обновување на еко-системите на Земјата. Наместо непопустливо да се шират пустините, тие ќе ‚расцутат како крин‘ (Исаија 35:1). Наместо недостиг на храна, ќе има „изобилие од жито на Земјата“ (Псалм 72:16, НС). Наместо да умираат од загаденост, реките на Земјата ќе „заплескаат со раце“ (Псалм 97:8).

Кога ќе биде возможна една таква преобразба? Кога ‚Самиот Јехова станува цар‘ (Псалм 96:10, НС). Божјето владеење ќе засигури благослов за секое живо суштество на Земјата. „Нека се радува Земјата“, вели псалмистот. „Нека одекнува морето и сѐ што е во него; полињата нека ликуваат и сѐ што е во нив. Тогаш сите дрвја на шумата ќе пеат од радост“ (Псалм 96:11, 12, New International Version).

Онаа Земја која е благословена од својот Творец и на која праведно се владее има славна иднина. Библијата ги опишува резултатите: „Правдата и мирот ќе се целиваат. Вистината ќе изникне од земјата, а правдата ќе се појави од небото; Зашто Господ ќе даде добро, и нашата земја ќе го даде својот плод“ (Псалм 84:10-12). Кога тој ден ќе зазори, нашата планета засекогаш ќе биде вон опасност.

[Слика на страница 13]

Како човековото тело, Земјата има зачудувачка способност самата да се обновува

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели