ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g04 8/5 стр. 31
  • Каква е иднината на нашата планета?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Каква е иднината на нашата планета?
  • Разбудете се! 2004
  • Сличен материјал
  • Нашата кревка планета — што е со иднината?
    Разбудете се! 1996
  • Дали човекот ќе ја уништи Земјата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Ќе им служи ли Земјата и на идните генерации?
    Разбудете се! 2008
  • Колку време ѝ останува на планетата Земја?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Разбудете се! 2004
g04 8/5 стр. 31

Каква е иднината на нашата планета?

„Иако луѓето со илјадници години се плашеле од ‚Божјиот прст‘, како што се поплавите и сушите, сега се изложени на нешто многу полошо: ‚човечкиот прст‘ кој чепка во природата“, се известува во канадскиот весник Globe and Mail. Програмата за заштита на животната средина при Обединетите нации објави еден детален извештај кој поттикнува да се преземе нешто за да се поправат штетите што ѝ се нанесуваат на животната средина пред да биде предоцна. Генералниот директор на оваа програма, Клаус Топфер, вели: „Сега знаеме доволно за да сфатиме како начинот на кој постапуваме или не постапуваме би можел да влијае врз животната средина и врз жителите на оваа извонредна сина планета до 2032 година“.

Откако во 1972 беше воведена Програмата за заштита на животната средина при Обединетите нации, постигнат е извесен напредок во зачувувањето на животната средина. Како што беше известено во The Toronto Star, „во Европа и Северна Америка се подобрил квалитетот на воздухот и на речните води, а со рестрикцијата на емисиите на хемикалии било овозможено да се обнови озонската обвивка“. Исто така, програмите за стопанисување со шумските богатства, како што се шумите во Канада, Норвешка, Финска и Соединетите Држави, „гарантираат дека ќе се намалат последиците од преголемо искористување на шумите“. Сепак, во извештајот на Програмата за заштита на животната средина стои дека, ако економскиот напредок продолжи неконтролирано и ако градовите почнат да зафаќаат сѐ поголем дел од Земјината површина, тоа ќе има катастрофални последици врз животинскиот свет и врз биодиверзитетот. Во Globe стои: „Околу половина од сите реки во светот се загадени или, пак, водата од нив е прилично исцрпена. Во 80 земји во кои живеат 40 проценти од светското население има сериозен недостиг на вода“.

Топфер смета дека „можат да се постигнат позитивни резултати ако се преземе решителна акција“. Тој додава: „Потребен ни е конкретен план за дејствување . . . конкретни проекти . . . и над сѐ, официјална декларација“. Но, каква е надежта ако светските водачи не покажуваат спремност да дејствуваат во најдобар интерес на оваа планета?

Бидете уверени дека има некој што дал „официјална декларација“ и ќе преземе „решителна акција“ — Јехова Бог. Всушност, тој недвосмислено и јавно изјавил дека ќе преземе нешто и ‚ќе ги уништи оние кои ја уништуваат земјата‘ (Откровение 11:18). Исто така, Бог нѐ уверува дека екосистемите на Земјата ќе бидат обновени. Пустините ќе процветаат (Исаија 35:1). Ќе има храна во изобилство. Реките нема да бидат загадени (Псалм 72:16; 98:8). Бог гарантира благослов за секое живо суштество на Земјата (Псалм 96:11, 12).

[Извор на слика на страница 31]

Фотографија на НАСА

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели