ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g96 8/7 стр. 16-19
  • Како да се купи користен автомобил

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да се купи користен автомобил
  • Разбудете се! 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Колку можам да си дозволам да потрошам?
  • Каков автомобил ми е потребен?
  • Дали е тоа добар автомобил?
  • Вашиот автомобил — засолниште или стапица?
    Разбудете се! 1995
  • Заштити се од напад во автомобил!
    Разбудете се! 2006
  • Како да се спречат сообраќајни несреќи
    Разбудете се! 2011
  • Осуетено е едно разбојништво во Западна Африка
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
Повеќе
Разбудете се! 1996
g96 8/7 стр. 16-19

Како да се купи користен автомобил

КОЈ не би бил воодушевен да купи автомобил за половина од оригиналната цена или поефтино? ‚Дали тоа навистина е можно?‘ — прашувате. Да, ако тоа е претходно поседуван автомобил, попознато како користен автомобил. Проблемот е во тоа што многумина се плашат дека еден користен автомобил не е добра зделка. Автомобилите, како и останатите машини, дотрајуваат. Оттука, вредноста на еден автомобил се намалува со староста, километражата и користењето.

Може ли да ви се претставам? Јас сум автомеханичар повеќе од 15 години. Затоа, дозволете ми да ви пренесам некои работи што ги научив. Следуваат неколку прашања кои треба да си ги поставите пред да купите користен автомобил.

Колку можам да си дозволам да потрошам?

Прво, проценете колку вашиот буџет ќе ви дозволи да потрошите за автомобил. Понатаму, огласите во весниците можат да ви дадат претстава за годината и за моделите на автомобилите кои одговараат на цената што можете да ја платите. Во некои земји, банките, кредитните институции и некои библиотеки имаат месечни водичи кои наведуваат цени на користени автомобили. Не заборавајте да ја пресметате не само цената на автомобилот туку и трошокот за даноци, регистрација и осигурување. Исто така, планирајте да имате пари и за непредвидени поправки што може да ги бара автомобилот откако ќе го купите.

Каков автомобил ми е потребен?

Кога одлучувате што ви е потребно, одредете што ви е вам важно. Земете ја предвид големината на вашето семејство и за какви активности ќе го користите автомобилот, како на пример да возите до работа, да ги носите вашите деца на училиште и да одите во христијанската служба. Дали автомобилот ќе се користи за локални или за некои подалечни патувања? Не се ограничувајте на некоја посебна марка и модел, туку барајте автомобил кој бил добро одржуван и е во добра состојба. Набавете автомобил кој е лесен за сервисирање. На сите автомобили подоцна ќе им требаат делови. Дали во вашето подрачје има снабдител за соодветните делови? Може да биде тешко да се набават делови за автомобили постари од десет години. Ако имате ограничен буџет, избегнувајте луксузни или увозни, специфични автомобили, бидејќи деловите и сервисирањето, без сомнение, ќе бидат поскапи. Иако таквите автомобили можат да бидат многу сигурни, тие можат да бидат и многу скапи за да се поседуваат.

Дали е тоа добар автомобил?

Добар е оној автомобил кој бил добро сервисиран. Обично, најдобро е да се избегнуваат автомобили со многу висока километража — особено ако тоа е резултат на возење во град а не по автопат. Она што се подразбира под висока километража може да варира од место до место. Ниеден користен автомобил нема да биде совршен. Меѓутоа, дали ќе имате средства за поправките кои ги бара автомобилот? Обично, поправките нема да ја зголемат вредноста на автомобилот. На пример, ако купите автомобил за 3.000 долари и потоа потрошите 1.000 долари за потребните поправки, автомобилот нема задолжително да вреди 4.000 долари. Обично, поефтино е да се купи автомобил во добра состојба отколку да се купи автомобил во лоша состојба и да се поправа.

Еве неколку совети за одбирање добар автомобил:

• Темелно проверете го автомобилот пред да го купите. За да добиете вистинска слика, избегнувајте да гледате автомобил ноќе или по дожд. Направете една брза обиколка околу автомобилот. Каков е вашиот впечаток? Дали внатрешноста и надворешноста покажуваат дека претходниот сопственик бил горд што го поседувал? Дали биле добро одржувани? Може ли продавачот да ви даде извештај за одржувањето на возилото? Ако не, изгледа дека автомобилот бил запоставен. Можеби понатака нема да сакате да го гледате овој автомобил.

• Пробно возење на автомобилот. На пробното возење забрзајте го автомобилот до брзина на автопат. Исто така, возете малку низ ридести терени и рамни улици на принципот тргни⁠-​застани.

Мотор:

Дали моторот добро стартува?

Дали во издувните гасови нема многу дим?

Дали моторот функционира добро?

Дали рамномерно работи на празно?

Дали моторот не бучи?

Дали моторот има доволно моќ за добро забрзување?

Ако одговорот на кое и да е од горните прашања е „не“, на моторот можеби ќе му биде потребно усогласување на работата или посериозни поправки. Овие состојби може да бидат и знак за дотрајан мотор. Бидете претпазливи ако продавачот вели дека треба само да му се усогласи работата. Усогласувањето на работата би требало да биде дел од редовното одржување на автомобилот.

Менувач:

Дали автоматскиот менувач се лизга или не префрлува кога ќе се стави во брзина?

Дали менува изедначено?

Има ли чкрипење во која било од брзините?

Ако одговорот на кое и да е од овие прашања е „да“, на менувачот можеби му треба поправка.

Сопирачки и амортизери:

Дали додека возите или кочите автомобилот се занесува на едната страна?

Дали автомобилот вибрира при одредени брзини или кога кочите?

Дали бучи кога кочите, кога вртите или возите низ нерамнини?

Ако одговорот на кое и да е од овие прашања е „да“, на автомобилот можеби ќе треба да му се поправат сопирачките или амортизерите.

• Погледнете дали треба да се поправат и други делови. Облечете облека која ќе ви дозволи да го разгледате автомобилот однатре, однадвор и одоздола.

• Проверете дали каросеријата има корозија. Избегнувајте автомобили кои ја имаат. Повеќето нови автомобили имаат „унибоди“ каросерија. Деловите на каросеријата се употребуваат за зајакнување на конструкцијата на некои делови. Кога овие делови ќе корозираат, тогаш обично е прескапо комплетно да се поправат. Корозијата на браникот може да биде површинска но обично е знак дека и другите составни делови имаат корозија. Видете дали автомобилот одоздола е корозиран. Внимавајте да не е свежо бојадисан; автомобилот може да биде како варосан гроб.

• Погледнете дали има оштетувања од сообраќајка. Проверете дали има прикриено оштетување од сообраќајка под хаубата и во багажникот. Дали вратите, хаубата и багажникот се во добра состојба? Дали има знаци на нанесена боја каде што не се бои, како на пример на прозорските рамки? Дали има пукнатини во багажникот или на подните површини? Овие пукнатини исто така може да предизвикаат корозија.

• Проверете го моторното масло. Погледнете ја прачката за мерење масло. Дали нивото на маслото е ниско? Тоа би можело да биде резултат на преголема потрошувачка на масло или, пак, поради пукнатини. Дали маслото е многу нечисто или црно? Дали изгледа како да има песок? Погледнете дали има знаци на свежо масло околу капакот на вентилот? Влезете во автомобилот и вклучете ја контактната брава, но не го палете автомобилот. Дали се вклучува светлото кое сигнализира за низок притисок на маслото? Ако автомобилот е опремен со мерач на притисокот на маслото, тој би требало да биде нула. Сега запалете го моторот, лабаво држејќи го моторот на празно и забележете колку време е потребно за да се изгаси светлото за притисокот на маслото или додека на мерачот се прочита нормалниот притисок на моторот. Ако се потребни повеќе од неколку секунди за да се изгаси светлото или за да може на мерачот да се прочита нормалниот притисок, тоа може да биде показател дека моторот е прилично дотрајан. Кај некои понови автомобили во Соединетите Држави, сигналните светла „провери го моторот“ или „наскоро сервисирај го моторот“ би требало да се вклучат кога клучот е свртен но моторот не е запален. Сигналното светло би требало да се изгаси кога моторот ќе се запали. Ако сигналното светло и понатаму свети додека моторот работи, тоа обично покажува некој проблем со моторот, можеби со системот за издувни гасови или со системот за довод на гориво.

• Проверете го маслото на автоматскиот менувач. Дали нивото се намалило или е согорено? Погледнете дали има пукнатини под менувачот? Овие состојби може да укажуваат на потреба од поголема поправка на менувачот. Ако автомобилот има погон на предно тркало, погледнете одоздола за да видите дали гумените манжетни околу хомокинетичката спојка се искинати. Ако е така, маслото може да истече и тоа може да предизвика огромна штета за спојките, кои се скапи за да се заменат.

• Проверете ги сите четири гуми. Ако се многу излижани, сметајте на тоа дека треба да ги замените. Ако постои необично излитена шара на профилот на гумата, можеби треба израмнување или заменување на деловите за управување.

• Проверете го системот за управување на моќта. Дали маслото изгледа како да е согорено или е на ниско ниво? Запалете го автомобилот и свртете го воланот неколку пати од една страна на друга. Тоа би требало да бара еднаков притисок за да се сврти десно или лево. Дали има некој отпор додека го вртите воланот? Функцијата управување на моќта би требало да биде прилично тивка. Какви било проблеми со оваа функција може да значат скапи поправки.

• Други проверки.

Проверете ја состојбата на ремените и цревата.

Проверете како функционира рачната кочница на угорнина.

Проверете да не е прилично дотрајана папучата на сопирачката.

Проверете ја состојбата на издувниот систем. Дали е бучен? Дали е разлабавен?

Проверете ги амортизерите и федерите? Дали автомобилот се спушта ниско или, кога наизменично ќе притиснете на секој агол, дали отскокнува повеќе од три пати?

Ако има клима⁠-​уред, дали работи во сите брзини?

Дали работат светлата, бришачите, свирката, појасите за врзување и прозорците?

Проверете дали под задниот дел на возилото има некои издајнички знаци кои откриваат дека била закачена приколка. Ако да, се препорачува внимание, бидејќи шлепувањето може премногу да го оптерети менувачот.

Ако не сте сигурни за кои било од проверките што се споменати во оваа статија, би било мудро пред да купите автомобил да дадете да го провери некој професионален механичар. Замолете го да го прегледа автомобилот и да направи список на следново:

1. Поправки кои веднаш треба да се направат на автомобилот и проценка на цената на деловите и на работната рака.

2. Поправки кои можеби ќе му бидат потребни на автомобилот следната година и проценка на цената на деловите и работната рака.

Прегледот од страна на професионален механичар би требало да одземе помалку од еден час. Иако ова може да ве чини цена на работната рака за еден час, трошокот е мал во споредба со непознатиот трошок за потребните поправки. Дознајте од продавачот каква работа неодамна била извршена над автомобилот. Побарајте да ги видите извештаите од сервисирањето. Дали маслото и филтерот за масло редовно биле менувани? Дали автоматскиот менувач некогаш бил сервисиран? Кога последен пат автомобилот бил на генерален сервис? Запамтете, добар е оној автомобил кој бил добро одржуван и кај кого нема многу работа.

Најнапред седнете и првин пресметајте го трошокот​ — со сите факти и податоци за автомобилот. Потоа, одлучете дали автомобилот се исплати и дали имате доволно пари да ја покриете не само набавната цена туку и другите трошоци (Приложено од еден автомеханичар).

[Слики на страници 16 и 17]

Како можете да бидете сигурни дека користениот автомобил што го купувате е добар? Тука се илустрирани некои од многуте работи кои треба да ги разгледате

Пред да го купите, дајте да го прегледа некој автомеханичар

Дали маслото и филтерот за масло биле редовно менувани?

Погледнете да не има оштетувања од сообраќајка. Дали вратите, хаубата и багажникот се во добра состојба?

Необично излитена шара на гумата може да укажува на сериозни проблеми со израмнувањето или со управувањето

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели