ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g96 8/9 стр. 24-27
  • Сведоштво на нивната вера

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Сведоштво на нивната вера
  • Разбудете се! 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Француската изложба
  • Лични искуства
  • Свеченото отворање
  • Реакции
  • Храбрите чувари на интегритетот триумфираат над нацистичкото прогонство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Радосни во еден свет без радост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Што им се случувало на Јеховините сведоци за време на Холокаустот?
    Најчесто поставувани прашања
  • Верата на испит во нацистичка Европа
    Разбудете се! 2003
Повеќе
Разбудете се! 1996
g96 8/9 стр. 24-27

Сведоштво на нивната вера

ГОДИНАТА 1995 ја доживеа 50 годишницата од ослободувањето на нацистичките концентрациони логори. Жртвите на нацизмот ја прославија оваа прилика низ Европа со големи собири на кои присуствуваа државни водачи, и тоа во: Аушвиц, Берген⁠-​Белсен, Бухенвалд, Дахау, Равенсбрук, Заксенхаузен и други логори. Една мисла која честопати доаѓаше во преден план беше: „Никогаш да не заборавиме!“

Од таа причина, Јеховините сведоци презентираа изложби во Европа во текот на годината на годишницата. Хитлеровата влада ги интернирала повеќето Сведоци заради нивното одбивање да го дадат Хитлеровиот поздрав и да ги поддржуваат воените напори. Од 1933 година наваму, илјадници биле затворени и многумина умреле како резултат на третманот што го добиле.

Меѓутоа, општо земено, нивните искуства се непознати за јавноста. Тоа дало повод за изразот „заборавените жртви на историјата“. Една група преживеани Сведоци ја изразиле желбата да го зачуваат споменот на своите семејства и другари кои биле прогонети, затворени, измачувани или убиени и да го разгласат сведоштвото на вера и храброст кои го оставиле овие Bibelforscher — името по кое биле идентификувани Јеховините сведоци во концентрационите логори.

На 29 септември 1994 година, Меморијалниот музеј на холокаустот на САД во Вашингтон (Д.К.), одржал семинар во врска со Јеховините сведоци во концентрационите логори. Две големи комеморативни повторни средби биле одржани во Франција од страна на преживеани во логорите, на 28 март 1995 година во Страсбург и на 30 март во Париз. Беше многу трогателно да се чујат овие сега остарени мажи и жени, сѐ уште верни на Бог и после 50 години, како ги раскажуваат своите искуства. Се одржал сличен состанок на 27 април во близината на Берлин, во Бранденбург (Германија), каде што многу Сведоци биле погубени со отсечување на главата. Следниот ден, извесен број од преживеаните присуствувале на церемониите кои ги организирала државата Бранденбург и воедно посетиле различни логори.

Француската изложба

На овие повторни средби беше презентирана изложбата на тема “Mémoire de Témoins” (Сведоштво на Сведоците). Од мај 1995 до април 1996, таа обиколи 42 града во Франција и различни градови во Белгија, како и во францускиот дел на Швајцарија. Пред сѐ, мажите и жените на изложбата се Сведоци на Јехова Бог. Но тие се и сведоци на страдањето кое го поднеле во концентрационите логори заедно со другите. Тие се живи докази на една идеологија на нетолерантност која предизвикала страдање и смрт на милиони луѓе поради нивната раса или религија. Понатаму, сведоштвото на Сведоците разоткрива како таканаречените христијани повеќе го сакале псеудо⁠-​месијата Хитлер, отколку Исус Христос; омраза отколку љубов кон ближниот; насилство отколку мир.

Изложбата се состоела од 70 панел-плочи, почнувајќи со последователни настани — отворањето на логорите во Дахау и Ораниенбург, во март 1933; Нирнбергшките закони „за заштита на германската крв“, во септември 1935; Аншлустот, односно анексирањето на Австрија кон Германија, во март 1938; ‚Кристалнахт (Кристална ноќ) во ноември истата година, кога биле опљачкани илјадници еврејски продавници и биле уапсени и депортирани преку 30.000 луѓе; постепената забрана на Јеховините сведоци; инвазија на Советскиот Сојуз, во јуни 1941 и еутаназијата на умствено болните од 1939 до 1941 година.

Неколку панел-плочи ја нагласија индоктринацијата на младите во Хитлеровата младина и занесот што огромните нацистички собири во Нирнберг го имаа за масите. Фотографиите потсетија на одбивањето на Јеховините сведоци да се заколнат на верност кон фирерот и да го дадат Хитлеровиот поздрав. Други панел-​плочи покажаа како Јеховините сведоци биле жртви на дезинформираност и како, почнувајќи од 1935 година, дистрибуирале списанија и трактати кои ги разоткривале нацистичките испади.

Лични искуства

Околу 40 панел-плочи ги прераскажаа искуствата на обични мажи и жени од цела Европа кои биле прогонувани, па дури и убивани поради нивната вера. Преживеаните ја поддржуваа изложбата со својата присутност, а посетителите внимателно ги слушаа. Децата беа обземени додека Луи Арц ја раскажуваше својата приказна. По потекло од Мулхаузен (Франција), тој бил одземен од неговите родители и испратен во Германија затоа што в училиште одбивал да каже „Хајл Хитлер!“ „Еден есесовец ме тепаше затоа што одбивав да го поздравам Хитлер. Ми зададе 30 удари. После два дена ме фати за рамото и се обиде да си игра со моите чувства. ‚Помисли на мајка ти. Таа ќе биде многу среќна да те види. Сѐ што треба да направиш е да кажеш „Хајл Хитлер!“ и ќе можеш да се качиш на возот.‘ Тоа беше тешко за едно дете од 12 години“, додаде тој. Многумина беа трогнати од искуствата на Џозеф Хисигер кој си го заменил своето седмично следување на леб за Библијата од неговиот протестантски затворски цимер.

Интервјуата со поранешни протераници, снимени на видеокасети, беа уште една главна точка на изложбата. Некои интервјуа беа направени на самите места на логорите — на пример, во Ебензе во Австрија и во Бухенвалд и Заксенхаузен во Германија. Други интервјуа прикажаа разновидни аспекти од логорскиот живот или сеќавањата на Сведоци кои биле депортирани како деца.

Свеченото отворање

Секоја презентација на изложбата беше отворена со кратка церемонија, во текот на која претставник на поранешните протераници го објасни духовниот отпор на Јеховините сведоци против нацизмот. Протераниците кои не беа Сведоци, како и неколку историчари и службеници, вклучувајќи еден поранешен француски владин министер, исто така, љубезно прифатија покани да зборуваат.

Еден поранешен протераник кој ги знаел Јеховините сведоци во Бухенвалд, во врска со нив, рекол: „Јас не знам за некоја друга категорија протераници, покрај Евреите, кои беа третирани толку срамно; тепани, понижувани, навредувани, им се даваа најодвратните задачи. Без нивната вера, не би можеле да издржат. Јас многу ги почитувам и им се воодушевувам“.

Реакции

Повеќе од 100.000 луѓе ја посетија изложбата. На некои места, стотици луѓе, меѓу кои и многу дечиња, се наредија во ред за да влезат во салата за изложба. Многу посетители ги изразија своите чувства со неколку зборови во книгата за посетители. На пример, едно девојче напишало: „Јас се викам Сабрина. Имам десет години и би сакала да сум толку храбра колку Рут за да го израдувам Јехова“.a

Медиумите, исто така, зборуваа за изложбата. Општо земено, во секој град се појавуваа по една или две статии во локалниот печат. Освен тоа, локалните радио⁠-​станици честопати ја разгласуваа изложбата и емитуваа програми во кои се прикажуваа интервјуа со поранешни протераници. Локалната телевизија презентираше кратки извештаи. Еден новински извештај даден на телевизија зборуваше за изложбата како за „една едноставна, но сепак ужасна приказна која погледнува внатре во срцето на неискажливото. ‚Сведоштво на Сведоците‘ кое му оддава почит на достоинството што никогаш не може да се одземе“.

За преживеаните, 50 годишницата од ослободувањето ќе остане долго врежана во нивните умови. Иако евоцирањето на болните спомени не беше секогаш лесно, со тоа што ги споделуваа со другите и ги донесуваа спомените од заборав, Сведоците беа во можност да ја зајакнат верата на другите. Тие сметаа дека е предност да учествуваат во оваа изложба и да растераат дел од предрасудата и незнаењето кои после 50 години сѐ уште постојат. Најмногу од сѐ, тие беа задоволни од сознанието дека нивното сведоштво му донесува чест на нивниот Бог, Јехова, и тоа гарантира дека другите никогаш нема да заборават што издржале тие како негови Сведоци.

[Фуснота]

a Рут Данер била депортирана на девет годишна возраст, заедно со нејзините родители, и била интернирана во шест различни логори. Види 1980 Yearbook of Jehovah’s Witnesses (Годишник на Јеховините сведоци за 1980), издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc, страница 105 (англ.).

[Слика на страница 24]

Статиите во „Златен век“ ги разобличувале испадите на нацизмот

[Слика на страница 24]

Околу 70 панел-плочи ја раскажаа приказната за нацистичкото прогонување на мажи, жени и деца кои одбивале да се одречат од својата вера

[Слика на страници 24 и 25]

Некои од Јеховините сведоци, кои Хитлеровата влада ги депортирала и интернирала, ја раскажаа својата приказна

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели