ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/3 стр. 3-4
  • Срцево заболување — закана за животот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Срцево заболување — закана за животот
  • Разбудете се! 1997
  • Сличен материјал
  • Чудата на циркулациониот систем
    Разбудете се! 2001
  • Како може да се намали ризикот?
    Разбудете се! 1997
  • Препознавање на симптомите и постапување според нив
    Разбудете се! 1997
  • Можеш да избегнеш духовен срцев удар
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Повеќе
Разбудете се! 1997
g97 8/3 стр. 3-4

Срцево заболување — закана за животот

СЕКОЈА година, милиони мажи и жени ширум светот доживуваат срцев удар. Многумина преживуваат со мали последици. Други не преживуваат. Кај трети, пак, срцето е толку оштетено што „нивното враќање на корисните активности е ставено под знак прашалник“, вели кардиологот Питер Кон, додавајќи: „Според тоа, неодложно е срцевите удари да се спречат уште во зародишот — секогаш кога тоа е можно“.

Срцето е мускул кој пумпа крв низ телото. При срцев удар (миокарден инфаркт), оној дел од срцевиот мускул кој е лишен од крв умира. За да остане здраво, на срцето му се потребни кислород и други хранливи материи што ги носи крвта. Нив ги добива преку коронарните артерии, кои го обвиткуваат срцето однадвор.

Можат да се појават заболувања во кој и да било дел од срцето. Меѓутоа, највообичаено е подмолното заболување на коронарните артерии, наречено атеросклероза. Кога ќе се случи тоа, на ѕидовите од артериите настанува задебелување, односно се собираат масни наслаги. По некое време, задебелувањето може да нарасне, да ги стврдне и да ги стесни артериите и со тоа да го ограничи дотокот на крв во срцето. Токму ова основно коронарно артериско заболување (КАЗ) го подготвува теренот за повеќето срцеви удари.

Зачепувањето на една или повеќе артерии го забрзува нападот кога потребата на срцето од кислород е поголема од снабдениот кислород. Дури и во артериите кои не се толку многу стеснети, задебелената наслага може да се распадне и да доведе до создавање на згрутчена крв (тромб). Заболените артерии, исто така, се поподложни на спазам. На местото на спазмот може да се формира згрутчена крв, ослободувајќи една хемиска материја која понатаму го стегнува ѕидот на артеријата, предизвикувајќи напад.

Кога срцевиот мускул доволно долго е без кислород, може да се оштети околното ткиво. За разлика од некои ткива, срцевиот мускул не се регенерира. Колку е подолг нападот, толку е пооштетено срцето и поголема е веројатноста да настапи смрт. Ако електричниот систем на срцето е оштетен, нормалниот ритам на срцето може да стане хаотичен и срцето може да почне неконтролирано да трепери (фибрилира). Во таквата аритмија, намалена е способноста на срцето ефикасно да пумпа крв до мозокот. Мозокот умира во рок од десет минути и настапува смрт.

Според тоа, битна е рана интервенција од страна на оспособен медицински персонал. Тоа може да го спаси срцето од натамошно оштетување, да ја спречи или да ја лечи аритмијата, па дури и да спаси нечиј живот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели