ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/4 стр. 4-5
  • Алчноста — што ни прави таа?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Алчноста — што ни прави таа?
  • Разбудете се! 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Оние што гладуваат и умираат
  • Поробените
  • Сѐ поголем јаз меѓу богатите и сиромашните
  • Успешни во избегнувањето на замката на лакомоста
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Да се преживее во еден алчен свет
    Разбудете се! 1997
  • Свет без алчност
    Разбудете се! 1997
  • Ти можеш да се извлечеш од замките на Сатана!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
Повеќе
Разбудете се! 1997
g97 8/4 стр. 4-5

Алчноста — што ни прави таа?

АЛЧНОСТА ги упропастува животите на милиони луѓе. Таа ги обесчовечува алчните и им нанесува болка и жал на нивните жртви. Во Вашиот живот, Вие веројатно ги чувствувате последиците од алчноста. Дури и вообичаеното крадење по дуќаните ги зголемува цените на она што го купувате. Ако Вашите плати се ниски и цената на секојдневните неопходни работи е над Вашите можности, веројатно, Вие сте жртва на нечија алчност.

Оние што гладуваат и умираат

Алчната национална себичност ги отежнува владините напори за делотворно помагање на сиромашните. Уште во 1952 година, научникот и експерт за исхрана сер Џон Боид Ор рекол: „Владите се спремни да ги обединат луѓето и ресурсите за светска војна, но Големите сили не се спремни да ги истераат гладот и сиромаштијата од светот“ (Food Poverty & Power [Сиромаштијата со храна и моќта] од Ана Буханан).

Секако, се обезбедува нешто што наликува на помош. Но, каква е реалноста на животот за сиромашниот — поголемиот дел од светското население кој е занемарен? Еден неодамнешен извештај навел дека, и покрај зголеменото производство на храна во некои подрачја, „гладот и неисхранетоста сѐ уште го следат поголемиот дел од сиромашните во светот . . . Секој ден гладува една петтина [преку една милијарда] од луѓето во светот“. Извештајот понатаму вели: „Освен тоа, 2 милијарди луѓе страдаат од ‚скриен глад‘ поради . . . оскудност [во исхраната] што може да води до сериозни нарушувања“ (Developed to Death—Rethinking Third World Development [Развиени до смрт — Повторно размислување за развојот на Третиот свет]). Секако дека овие бројки треба да стигнат до насловните страници!

Поробените

Криминалните босови се збогатуваат на сметка на нивните жртви и на јавноста воопшто. Дрогата, насилството, проституцијата и економската експлоатација поробуваат милиони лица. Исто така, во својата книга Enslaved (Поробени), Гордон Томас вели: „Според Анти-ропското друштво, се проценува дека во светот има 200 милиони робови. Од нив, околу 100 милиони се деца“. Која е основната причина? Извештајот објаснува: „Силната желба да се поробува останува мрачна страна на човековата природа . . . [Ропството е] продукт на страста, алчноста и љубовта кон моќ“.

Моќните луѓе им ги одземаат поседите на слабите и ранливите, а на многумина дури и животите. „Од двата милиона Индијанци кои живееле во Бразил кога првпат стигнале белите луѓе, денес преживеале можеби двесте илјади“ (Голо дивјаштво). Зошто? Основната причина е алчноста.

Сѐ поголем јаз меѓу богатите и сиромашните

Списанието The New York Times известило дека Џејмс Густав Спет, администратор во Програмата за развој при Обединетите нации, навел дека „една глобална елита која се појавува . . . натрупува огромно богатство и сила, додека повеќе од половина од човештвото е изоставено“. Овој опасен јаз меѓу богатите и сиромашните станува поочигледен преку неговите зборови: „Ние сѐ уште имаме повеќе од половина народ на планетава — повеќе од 3 милијарди луѓе — чиј приход изнесува помалку од 2 долара дневно“. Тој додал: „За сиромашните луѓе во овој свет со две класи, тоа е плодно тло за безнадежност, гнев, фрустрација“.

Оваа безнадежност е зголемена со фактот што се чини дека многумина од богатите немаат ниту совест ниту, пак, некакво сочувство за тешката состојба на масите кои се погодени со сиромаштија и кои се гладни.

Жртвите на алчноста ги има насекаде. На пример, погледнете го збунетиот поглед во очите на бегалците кои се приклештени сред борбите за моќ во Босна, Руанда и Либерија. Погледнете го помирениот израз на лицата на оние кои умираат од глад сред изобилството во светот. Што стои зад сето тоа? Алчноста — од еден облик до друг!

Како можете да преживеете кога сте опкружени со алчни грабливци во една таква непријателски расположена околина? Следните две статии се занимаваат со ова прашање.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели