ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/1 стр. 24-25
  • Тајните на животинската дремка

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тајните на животинската дремка
  • Разбудете се! 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Шампиони во спиење
  • Спиење ,во лет‘?
  • Подводна сиеста
  • Чувајќи едно око отворено
  • Дали доволно спијам?
    Младите прашуваат
  • Спиење — луксуз или потреба?
    Разбудете се! 2003
  • Колку е важно спиењето?
    Разбудете се! 2011
  • Како да се наспиете доволно
    Разбудете се! 2004
Повеќе
Разбудете се! 1998
g98 8/1 стр. 24-25

Тајните на животинската дремка

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО КЕНИЈА

СПИЕЊЕ — околу една третина од својот живот го поминуваме во таа мирна состојба. Далеку од тоа да е губење на време, спиењето изгледа дека задоволува извесен број важни физиолошки и психолошки потреби. Според тоа, на спиењето може да се гледа како на скапоцен дар од Бог. (Спореди Псалм 126:2.)

Не изненадува тоа што спиењето, исто така, игра важна улога во животинскиот свет. Навистина, многу видови успеваат да спијат на начини кои се фасцинантни, а понекогаш забавни и честопати необични. Ајде да погледнеме неколку примери.

Шампиони во спиење

Секој кој некогаш видел како спие лав со мевот нагоре, со шепите испружени кон небото во жешкото пладневно африканско Сонце, би можел да заклучи дека таа лута мачка е питома како домашната. Меѓутоа, може да биде измамлив. Писателот Томас Кампион од 17 век, напишал: „Кој се осудува да дразни лав што спие?“ Да, дури и на моќниот лав му е потребно спиење — околу 20 часови на ден — за да го спроведе својот граблив начин на живот.

Исто така, размислете за туатарата, едно летаргично животно слично на гуштер кое се наоѓа на Нов Зеланд. Тоа поминува околу половина година во состојба на лесен зимски сон. Па, туатарата е толку тромава што заспива дури и додека ја џвака својата храна! Но, очигледно дека сето тоа спиење прави некакво добро затоа што научниците пресметуваат дека некои туатари можат да живеат околу 100 години!

Како измислениот Рип Ван Винкл, и други суштества спијат долг временски период. Тоа е начин на кој многу од нив ги преживуваат студените зими. Како подготовка, животното насобира огромни слоеви сало кое ќе го држи нахрането во текот на неговиот долг период на спиење. Но, што спречува заспаното животно да умре од студ? Како што објаснува книгата Inside the Animal World, мозокот предизвикува хемиски промени во крвта на животното, создавајќи еден вид природен антифриз. Како што телесната температура на суштеството се спушта токму над точката на замрзнување, чукањето на срцето се намалува за делче од неговото нормално темпо; неговото дишење се успорува. Потоа следи длабоко спиење и може да трае многу седмици.

Спиење ,во лет‘?

Некои животни спијат на многу необични начини. Размислете за морската птица која се нарекува црна вртимушка. Кога една млада црна вртимушка го напушта своето гнездо, тргнува спрема морето и останува во постојан лет следните неколку години! Поради тоа што не е опремена со перја кои не пропуштаат вода и нема нозе со пловни кожички како што се оние на другите вртимушки кои можат да извршат водно слетување, црната вртимушка избегнува да се потопува во морето. Лови на тој начин што заграбува мали риби од површината на водата.

Но, кога спие? Книгата Water, Prey, and Game Birds of North America вели: „Се чини неверојатно да спијат во океанот, бидејќи нивните пердуви би се натопиле со вода. Некои научници предлагаат дека овие птици можеби спијат во лет“.

Подводна сиеста

Дали рибите спијат? Според The World Book Encyclopedia, меѓу ’рбетниците „само влечугите, птиците и цицачите доживуваат вистински сон, со промени во брановите обрасци на мозокот“. Сепак, рибите уживаат време на одмор слично на спиење — иако повеќето не можат да ги затворат очите.

Некои риби спијат на своите страни; други наопаку или вертикално. Некои листови, како што е иверката, живеат на дното од морето додека се будни. Кога спијат, заземаат положба на пловење неколку сантиметри над дното.

Шарената црвеноперка има единствена рутина за спиење: Таа облекува „спална кошула“. Како што настапува нејзиното време за одмор, таа лачи една слуз, или лиги, кои целосно ѝ го обвиткуваат телото. Намерата? „Веројатно за да се чува да не ја откријат грабливците“, вели природонаучникот Даг Стјуарт. Од својата лигавеста облека се ослободува кога се разбудува.

Фоките, исто така, имаат интересна рутина за спиење наречена флаширање. Тие ги надувуваат грлата како балон, создавајќи еден вид природен елек за спасување. Поткрепени на овој начин, тие можат да спијат додека пловат вертикално во водата со носевите изложени на површината за да дишат.

Чувајќи едно око отворено

Се разбира, заспивањето во дивината прави животното да биде поранливо на грабливците. Затоа, многу суштества спијат, така да се каже, со едно око отворено. Нивниот мозок одржува извесен степен будност во текот на спиењето, овозможувајќи им да реагираат на какви и да било звуци кои означуваат опасност. Сепак, други суштества преживуваат со тоа што прават редовни безбедносни проверки. На пример, птиците кои спијат во јата периодично отвораат едно око и ѕиркаат, проверувајќи дали има опасност.

Во Африка, стада со антилопи или зебри, исто така, внимаваат едни на други за време на одморот. Понекогаш целото стадо се излежува на земја со исправени глави во состојба на будност. Периодично, едно животно ќе се заврти на својата страна и ќе легне млитаво на земја во длабок сон. После неколку минути, друг член од стадото е на ред.

И слоновите спијат на сличен начин, како стадо. Меѓутоа, возрасните обично остануваат на своите нозе и лесно спијат, одвреме навреме отворајќи ги очите подигнувајќи ги и раширувајќи ги своите огромни уши за да фатат некакви звуци на опасност. Под сенката на овие огромни стражари, помалите слончиња се слободни да лежат оптегнати на своите страни и паѓаат во длабок сон. Во својата книга Elephant Memories, писателката Синтија Мос се сеќава дека гледала како цело стадо заспива: „Прво младите слончиња, потоа постарите и на крајот возрасните женки легнаа и заспаа. На Месечината изгледаа како огромни сиви карпи, но нивното длабоко, мирно ’рчење лажно ја прикажуваше сликата“.

Сѐ уште имаме многу да научиме за навиките на спиење на животните. Но кога ќе го земете предвид она релативно малку што го знаеме, зарем не сме трогнати да размислуваме за извонредната мудрост на Оној кој „создал сѐ“? (Откровение 4:11).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели