ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/2 стр. 3-5
  • Бука — современ вознемирувач

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бука — современ вознемирувач
  • Разбудете се! 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Не е нов проблем
  • Широко распространет современ загадувач
  • Бука — што можете да сторите во врска со неа
    Разбудете се! 1998
  • Дали некогаш ќе има мир и тишина?
    Разбудете се! 1998
  • Чекање во Ерусалим
    Мојата книга со библиски приказни
  • Заштитете го својот слух!
    Разбудете се! 2002
Повеќе
Разбудете се! 1998
g98 8/2 стр. 3-5

Бука — современ вознемирувач

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО БРИТАНИЈА

„Еден од големите предизвикувачи на стрес во животот“ (Макис Цапогас, советник при Светската здравствена организација).

„Најраспространетиот загадувач на Америка“ (The Boston Sunday Globe, САД).

„Најлошиот загадувач на нашето време“ (Daily Express, Лондон, Англија).

НЕ МОЖЕТЕ да ја видите, да ја помирисате, да ја вкусите ниту да ја допрете. БУКАТА, проклетството на современиот градски живот, сега ја загадува природната средина.

Еден американски натуралист, кој поминал околу 16 години снимајќи ги звуците на природата, увидел дека неговата задача станува сѐ потешка. Во 1984 проучил 21 место во државата Вашингтон (САД), кое било без бука 15 минути или нешто повеќе. После пет години, останале само три места.

За голем дел од жителите на светот предизвик е да најдат три места без бука. Во Јапонија, еден сенароден извештај за 1991 година навел дека буката предизвикала повеќе жалби отколку кој и да било друг облик на загадување. Навистина, The Times од Лондон соодветно ја опишува буката како „најголемата напаст на современиот живот“. Од раздразнувачкото непопустливо лаење на едно куче до татнењето на стереото на соседот или упорното трештење на алармот за крадци или, пак, радиото на некој автомобил, буката станала норма. Сепак, загадувањето со бука не е нешто ново. Тоа има долга историја.

Не е нов проблем

За да го спречи застојот во сообраќајот, Јулиј Цезар го забранил сообраќајот со тркала во центарот на Рим во текот на денот. Жалосно за него и за другите Римјани, декретот создал големо загадување со бука навечер, при што „тркалата потковани со дрво или железо тропотеле по плочките од камен“ (The City in History од Луис Мамфорд). Повеќе од еден век подоцна, поетот Јувенал се жалел дека буката ги осудила Римјаните на вечна несоница.

До 16 век, главниот град на Англија, Лондон, станал прометна метропола. „Првото нешто кое мора да им паднало во очи на повеќето посетители“, пишува Алисон Плауден, автор на Elizabethan England, „била вревата: трескањето и чукањето од илјада работилници, тропотот и шкрипењето на тркалата, мукањето на добитокот кој бил одведуван на пазар, зарипнатите извици на уличните продавачи кои ги прокламирале своите предмети.“

Осумнаесеттиот век ја навестил индустриската револуција. Последиците од механичката бука сега станале очигледни како што работниците во фабриките претрпувале оштетување на нивниот слух. Но, дури и градските жители кои не живееле во близината на фабриките се жалеле на сѐ поголемото вознемирување. Историчарот Томас Карлајл нашол засолниште во една „добро заглушена соба“ на кровот од својата куќа во Лондон за да го избегне кукурикањето на петлите, клавирите на соседите и уличниот сообраќај во близината. The Times известува: „Не делувало“. Зошто? „Тогаш се разбеснил од една нова серија бука, вклучувајќи бродски сирени и железнички свирки!“

Широко распространет современ загадувач

Денес, оние кои протестираат на буката се сосредоточуваат на аеродромите затоа што воздухопловните компании жестоко се спротивставуваат на обидите да се донесе закон против загадувањето со бука. Кога аеродромот Манчестер во Англија вовел автоматски казни секој пат кога надзвучниот конкорд полетувал, дали тие биле делотворни? Не. Еден капетан на конкорд признал дека авионот е бучен, но дека кога би полетал со помал товар гориво за да се намали нивото на буката, не би стигнал до Торонто или Њујорк без прекин.

Подеднакво проблематично е спречувањето на буката на патниот сообраќај. На пример, во Германија, проучувањата откриваат дека овој вид загадување вознемирува 64 проценти од населението. И претставува сѐ поголем проблем, наводно илјада пати поголем отколку пред општеството да се моторизира. Еден извештај од Грција наведува дека „Атина е еден од најбучните градови во Европа и дека вревата е толку пеколна што го уништува здравјето на Атињаните“. Исто така, Агенцијата за животната средина на Јапонија забележува еден сѐ полош тренд во сообраќајната бука и тоа го припишува на континуираниот пораст на користењето автомобили. Моторот на автомобилот е главен извор на бука при мала брзина, но гумите создаваат најголема бука на преку 60 километри на час.

Најголемата причина за приговори поради буката во Британија е домашната бука. Во 1996, британскиот Chartered Institute of Environmental Health забележал 10-процентен пораст на жалбите во врска со бучните соседства. Една претставничка на институтот коментирала: „Тешко е да се објасни. Еден фактор би можел да биде тоа што притисокот на работниот живот на луѓето ги води до тоа да имаат поголеми барања за мир и тишина дома“. Две третини од сите жалби поднесени во Британија во текот на 1994 година биле поврзани со музика пуштана доцна во ноќта и бучни автомобилски мотори, аларми и сирени. Но, што е со пресметаните 70 проценти жртви на загадувањето со бука кои не се жалат поради страв од репресалии? Проблемот навистина е раширен.

Како резултат на широко распространетиот вознемирувач — буката, агенции кои имаат намера да ја заштитат природната средина инсистираат на закони за контролирање на загадувањето со бука. На пример, некои заедници во Соединетите Држави усвоиле локални одредби за да ја ограничат употребата на моторни градинарски алати. Во Британија, новата Одредба за бука нишани на бучни соседи и овластува казни на лице место за прекршоци помеѓу 23.00 и 7.00 часот. Локалните власти дури имаат моќ да ја конфискуваат стереоопремата која го прави прекршокот. Сепак, буката продолжува.

Поради тоа што загадувањето со бука навистина претставува сѐ поголем проблем, можете со право да се прашувате што можете Вие како жртва да сторите. Но, исто така, како можете да избегнете да предизвикувате бука? Дали некогаш ќе има траен мир и тишина? Прочитајте ги следниве статии за одговорите.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели