Исчезнуваат растителни видови — зошто?
ВО Кина, во 1949 се одгледуваа речиси 10.000 видови жито. Меѓутоа, до 1970-тите, само уште 1.000 беа во употреба. Во Соединетите Држави, од 7.098 видови јаболка за кои се известува дека се користеле помеѓу 1804 и 1904, исчезнале околу 86 проценти. Освен тоа, според Report on the State of the World’s Plant Genetic Resources for Food and Agriculture, „95 проценти од зелката, 91 процент од полската пченка, 94 проценти од грашокот и 81 процент од доматите очигледно повеќе не постојат“. Слични статистики се известени и во земјите ширум светот. Зошто тој ненадеен пад? Некои велат дека една главна причина е ширењето на современото комерцијално земјоделство и последователното умирање на малата семејна фарма, од што произлезе губиток на традиционалните, високо варијабилни видови приноси.
Исчезнувањето на растителните видови може да ги направи приносите сѐ поподложни на слаб род. Земете го за пример големиот глад во Ирска поради недостигот на компир во 1845—1849, кога умреле околу 750.000 луѓе од изгладнетост поради тоа што една растителна болест го уништила повеќето од приносот на компирот. Кој бил биолошкиот зачетник на оваа трагедија? „Генетската едноличност“, вели еден извештај на Обединетите нации.
Во светот беа изградени преку 1.000 генетски банки во текот на 1970-тите и 1980-тите за да се натрупаат и зачуваат растителни генетски извори. Но, извесен број од овие генетски банки драстично е загрозен, а некои од нив веќе се затворени. Се вели дека 30-тина земји сега имаат објекти кои се погодни за сигурно долгорочно складирање и чување на растителни семиња.
Библијата ветува дека под Христовата влада на Царството, Јехова „ќе стави . . . за сите народи трпеза со добри јадења, трпеза со чисти вина, со богати јадења од коски“ (Исаија 25:6). Колку само можеме да бидеме благодарни што Јехова Бог, „Кој дава храна на секое тело“ и Создателот на генетската разноликост, ќе ја задоволи секоја човекова потреба за храна! (Псалм 135:25; 1. Мојсеева 1:29).