ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/7 стр. 31
  • Како треба да спие бебето?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како треба да спие бебето?
  • Разбудете се! 1999
  • Сличен материјал
  • Какви промени во бракот внесуваат децата
    Твоето семејство може да биде среќно
  • Превезување на бебињата — африкански и северноамерикански начин
    Разбудете се! 1996
  • Случајот со мајчиното млеко
    Разбудете се! 1994
Разбудете се! 1999
g99 8/7 стр. 31

Како треба да спие бебето?

МНОГУ бебиња ширум светот умреле како последица на Синдромот на ненадејна смрт на бебето (SIDS). Во Соединетите Држави тоа е највообичаената причина за смрт кај бебињата на возраст од 1 до 12 месеци. Постои ли некој начин за да се намали ризикот? Според The Journal of the American Medical Association (ЈАМА), истражувањата во последниве години покажуваат дека по сѐ изгледа ризикот од SIDS значително се намалува кога бебињата спијат на грб наместо на стомак. Неколку земји вовеле програми за да ги предупредат родителите за врската помеѓу положбата на спиење и SIDS. Во Австралија, Англија, Данска, Нов Зеланд и Норвешка, SIDS се намали барем за 50 проценти после една-две години јавни кампањи со кои се охрабруваше бебињата да се легнуваат в кревет на грб.

Не е точно познато на кој начин спиењето на бебето на стомак е поврзано со SIDS, но некои истражувачи сугерираат дека, како резултат на ваквата положба, бебето можеби одново го вдишува воздухот што го издишало, со што се зголемува нивото на јаглероден диоксид во крвта. Исто така, може да се зголеми телесната температура на бебето затоа што, кога лежи на стомак, не губи доволно топлина. Во секој случај, бебињата кои се легнати на грб или на стомак, се склони да останат во истата положба. Истражувањата исто така покажуваат дека подобро е едно нормално, здраво бебе да се стави на грб отколку на страна.

Зошто мајките се посклони кон некоја положба на спиење во однос на друга? JAMA забележува дека мајките честопати само следат некој обичај — ги легнуваат бебињата в кревет онака како што правеле нивните мајки или другите во нивната средина. Или, пак, можеби ја прифаќаат практиката што ја гледале во болницата. Некои мајки мислат дека нивното бебе повеќе сака или подобро спие кога е во некоја посебна положба. Многу мајки постојано го легнуваат бебето на грб во текот на првиот месец, но потоа менуваат на стомак. „Овој тренд е вознемирувачки“, наведува JAMA, „затоа што ризикот од SIDS е највисок кај бебињата на возраст од 2 до 3 месеца.“ Лекарите настојуваат да ги информираат родителите кои имаат мали бебиња за она што тие велат дека е едноставна, делотворна мерка на намалување на ризикот од SIDS — да ги ставаат нивните здрави бебиња да спијат на грб.a

[Фуснота]

a Ако бебето има некоја респираторна болест или абнормално исплукување, би било мудро да се консултирате со лекар за тоа која е најдобра положба за спиење.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели