ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/6 стр. 32
  • Ќе одат милиони — а вие?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ќе одат милиони — а вие?
  • Разбудете се! 1999
  • Сличен материјал
  • Нема да сакате да го пропуштите!
    Разбудете се! 2000
  • Добредојдовте на обласниот конгрес „Учители на Божјата реч“!
    Разбудете се! 2001
  • Близу е конгресот за 1998—1999 „Божји начин на живот“!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поканети сте на Обласниот конгрес „Ревносни објавители на Царството“
    Разбудете се! 2002
Повеќе
Разбудете се! 1999
g99 8/6 стр. 32

Ќе одат милиони — а вие?

ПОВЕЌЕ од осум милиони луѓе ширум светот присуствуваат на годишните обласни конгреси на Јеховините сведоци секоја година. Ова лето, еден ваков конгрес ќе се одржи во близина на местото каде што живеете. Ве охрабруваме да бидете присутни кога ќе започне програмата со музика во 9.30, во петок.

Утринската програма ќе вклучува говор за добредојде, како и клучното предавање „Обрни внимание на Божјата пророчка реч“. Попладне, циклусот „Уживај во читањето на Божјата реч“ ќе даде практични предлози за тоа како читањето на Библијата да се направи и полезно и пријатно. Заклучниот говор тој ден, „Борците против Бог нема да победат“, ќе ја разработи борбата што се води во денешно време против објавителите на Божјето Царство.

Програмата во сабота наутро истакнува една дискусија за крштавањето, и ќе имаат прилика да се крстат оние кои се квалификуваат за тоа. Попладне, ќе се изнесат охрабрувачки извештаи во врска со прекрасниот одѕив на луѓето на библиската вистина во некои земји во Латинска Америка, Африка и Источна Европа, како и во големата азиска земја Казахстан. Тој дел носи наслов „,Пожелните работи‘ го исполнуваат Јеховиниот дом“. Програмата во сабота ќе заврши со двете предавања „Пророчкото Писмо нѐ опоменува на бдеење“ и „Пророчката реч во времето на крајот“. Последното се сосредоточува врз библиската книга Даниил и дава причини зошто да обрнеме внимание на неговото пророштво.

Во недела наутро, во еден троделен, едночасовен циклус со наслов „Пророчки зборови за определеното време“ ќе се дискутира за пророштвото на Авакум. Ќе видите какво охрабрување за христијаните денес може да биде оваа кратка библиска книга. После тоа, една костимирана драма, која ќе го подвлече библискиот извештај за Јаков и Исав, ќе ја истакне темата „Да го цениме нашето духовно наследство“. Утринската програма во недела ќе заврши со мотивирачкиот говор „Што ти значи нашето скапоцено наследство“. Потоа, попладне, ќе уживате во јавното предавање „Создавање сѐ ново — како што е проречено“.

Уште сега испланирајте да присуствувате. Контактирајте со локалната Сала на Царството на Јеховините сведоци или пишете до издавачите на ова списание за информации во врска со локацијата на конгресот кој е најблизу до Вас. Во нашето придружно списание Стражарска кула, во изданието од 15 февруари, наведени се конгресните локации.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели