ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/4 стр. 26-27
  • Урамнотежено гледиште за народните обичаи

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Урамнотежено гледиште за народните обичаи
  • Разбудете се! 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што се обичаите?
  • На што треба да мислат христијаните
  • Барај ја користа на другите
  • Локалните култури и христијанските начела — дали се споиви?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Пази се од обичаи што не му се угодни на Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Спротивстави им се на безбожните традиции!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Повеќе
Разбудете се! 2000
g00 8/4 стр. 26-27

Гледиште на Библијата

Урамнотежено гледиште за народните обичаи

„НЕ ПОСТОИ НИТУ ЕДЕН ПРАВЕЦ НА ОДНЕСУВАЊЕ КОЈ ВО НЕКОЕ ВРЕМЕ И НА НЕКОЕ МЕСТО НЕ БИЛ ОСУДЕН, А ВО НЕКОЕ ДРУГО ВРЕМЕ И НА ДРУГО МЕСТО БИЛ НАЛОЖЕН КАКО ДОЛЖНОСТ.“

СО ОВАА забелешка, ирскиот историчар Вилијам Леки ја опишал превртливата природа на луѓето. Неговиот коментар би можел да важи и за обичаите и традициите низ вековите. Всушност, многу практики кои некогаш се сметале за неопходен дел од секојдневниот живот, подоцна биле осудени. Ова не изненадува затоа што, како што забележал христијанскиот апостол Павле, „се менува сцената на овој свет“ (1. Коринтјаните 7:31).

Да, човечкото општество се наоѓа во состојба на постојано менување. Тоа честопати се гледа од големите промени во ставовите и општествените навики. Христијаните не треба да бидат „дел од светот“ — т.е. тие остануваат одвоени од човечкото општество кое е отуѓено од Бог. Сепак, Библијата признава дека христијаните се „во светот“ и не им заповеда да се изолираат. Но, многу е важно да се има едно урамнотежено гледиште за обичаите (Јован 17:11, 14—16, NW; 2. Коринтјаните 6:14—17; Ефесјаните 4:17—19; 2. Петрово 2:20).

Што се обичаите?

Обичаите се практики кои се однесуваат на општествениот живот и се вообичаени за одредено место или класа луѓе. Некои обичаи, како што се манирите при јадење и бонтонот, се појавиле од потребата да се регулира однесувањето на луѓето во групните активности, овозможувајќи им да се однесуваат меѓу себе со учтивост и со заемна почит. Во такви случаи, друштвената учтивост може да се спореди со масло во таа смисла што ги подмачкува тркалата на меѓучовечките односи.

Врз обичаите длабоко влијаела религијата. Всушност, многу од нив настанале од стари суеверија и небиблиски религиозни идеи. На пример, подарувањето цвеќе на ужалените можеби потекнува од некое религиозно суеверие.a Понатаму, се сметало дека сината боја — која честопати се поврзува со машките бебиња — ги плаши демоните. Маскарата служела како заштита од урокливи очи, додека карминот се користел за да се одвратат демоните да не влезат во устата на жената и да ја опседнат. Дури и еден обичај кој е толку безопасен како што е покривање на устата при проѕевањето, можеби настанал од идејата дека душата би можела да избега преку широко отворената уста. Меѓутоа, низ годините, нивната поврзаност со религијата исчезнала и денес тие практики и обичаи немаат религиозно значење.

На што треба да мислат христијаните

Кога христијанинот треба да одлучи дали ќе следи или нема да следи извесен обичај, првенствено треба да мисли на тоа кое е Божјето гледиште што е изнесено во Библијата. Во минатото Бог осудил извесни практики кои можеби се толерирале во некои заедници. Тие вклучувале жртвување деца, злоупотреба на крв и различни сексуални практики (3. Мојсеева 17:13, 14; 18:1—30; 5. Мојсеева 18:10). Исто така, извесни обичаи кои се вообичаени денес, очигледно не се во склад со библиските начела. Во нив спаѓаат небиблиските традиции поврзани со религиозните празници како што се Божиќ и Велигден или, пак, со суеверни практики кои се поврзани со спиритизам.

Но, што е со обичаите кои некогаш се доведувале во врска со сомнителни практики, но денес првенствено се сметаат за друштвен бонтон? На пример, многу народни свадбени обичаи — вклучувајќи ги и размената на прстени и јадењето торта — можеби имаат паганско потекло. Дали тоа значи дека на христијаните им е забрането да ги држат таквите обичаи? Дали од христијаните се бара подробно да го истражуваат секој обичај во заедницата за да видат дали некаде или некогаш имал некое негативно значење?

Павле укажува дека „каде што е Духот Господов, таму има слобода“ (2. Коринтјаните 3:17; Јаков 1:25). Бог сака да ја користиме оваа слобода, но не како повод за себични тежнеења, туку за да ја извежбаме нашата моќ за забележување за да разликуваме исправно од погрешно (Галатјаните 5:13; Евреите 5:14; 1. Петрово 2:16). Затоа, во некоја работа каде што нема јасно прекршување на библиските начела, Јеховините сведоци не поставуваат строги правила. Наместо тоа, секој христијанин мора да ги одмери моменталните околности и да донесе лична одлука.

Барај ја користа на другите

Дали тоа значи дека секогаш е исправно да се учествува во извесен обичај сѐ додека тој директно не ги прекршува библиските науки? Не (Галатјаните 5:13). Павле покажал дека христијанинот не треба да ја бара само својата корист „туку користа на многуте“. Тој треба ‚да прави сѐ за слава Божја‘ и да не биде причина за спрепнување (1. Коринтјаните 10:31—33). Затоа, лицето кое бара Божје одобрување ќе се запраша: ‚Како гледаат другите на овој обичај? Дали заедницата му припишува некое значење на кое може да му се приговори? Дали моето учество би значело дека се согласувам со практики или идеи кои не му се угодни на Бог?‘ (1. Коринтјаните 9:19, 23; 10:23, 24).

Иако обично се безопасни, некои обичаи можеби се практикуваат локално на начини кои се спротивни на библиските начела. На пример, во одредени прилики подарувањето цвеќе може да добие посебно значење кое е во спротивност со библиските науки. Затоа, на што треба да мисли христијанинот? Иако можеби има причини да се испита потеклото на некој обичај, во некои случаи е поважно да се разгледа што значи тој обичај за луѓето во времето и во местото каде што живееме сега. Ако некој обичај има небиблиско или на некој друг начин негативно значење во некој период од годината или под извесни околности, христијаните можат мудро да одлучат да го избегнат во таа прилика.

Павле се молел за христијаните и понатаму нивната љубов да изобилува со точно спознание и целосна проникливост. Задржувајќи урамнотежено гледиште за народните обичаи, христијаните ‚се уверуваат во поважните работи за да бидат непорочни и да не ги спрепнуваат другите‘ (Филипјаните 1:9, 10, NW). Во исто време, тие дозволуваат нивната ‚разумност да им биде позната на сите луѓе‘ (Филипјаните 4:5, NW).

[Фуснота]

a Според некои антрополози, цветните букети понекогаш се користеле како дарови за умрените за да не ги прогонуваат живите.

[Слики на страница 26]

Некои древни обичаи, како што е покривањето на устата при проѕевањето и подарувањето цвеќе на ужалените, го изгубиле своето првобитно значење

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели