ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g02 8/6 стр. 14-15
  • Грција ги поддржува верските права

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Грција ги поддржува верските права
  • Разбудете се! 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Поинаков исход
  • Силниот притисок не успева
  • Набљудувачите беа импресионирани
  • Врвна точка на конгресот
  • Обласни и меѓународни конгреси за 1998 — „Божји начин на живот“
    Нашата служба за Царството 1998
  • Обласен конгрес за 1995, „Радосни фалители“
    Нашата служба за Царството 1995
  • Обласни конгреси за 1999 — „Божјата пророчка реч“
    Нашата служба за Царството 1999
  • Нашите обласни конгреси — големо сведоштво за вистината
    Нашата служба за Царството 2012
Повеќе
Разбудете се! 2002
g02 8/6 стр. 14-15

Грција ги поддржува верските права

МИНАТАТА година, грчката влада за првпат им даде дозвола на Јеховините сведоци да користат еден од најубавите спортски објекти за еден голем конгрес. Тоа е затворената Олимписка спортска сала, во која има околу 20.000 седишта. Оваа арена со клима уреди е дел од комплексот што ќе се користи за Олимписките игри во Атина во 2004.

Значајно е тоа што во 1963 и во 1988, Сведоците правеа подготовки да користат големи спортски објекти во Атина за нивните конгреси. Меѓутоа, и во двете прилики властите попуштија на заканите на Грчката православна црква и одбија да им дозволат на Сведоците да ги користат овие објекти.

Поинаков исход

Во февруари 2001, Сведоците поднесоа молба да ја користат Олимписката спортска сала — еден од неколкуте затворени објекти што се доволно големи за да ги собере сите присутни. Но, се прашуваа дали историјата ќе се повтори. Како што стравуваа, одговорот на властите беше негативен.

Но, Сведоците веднаш им се обратија на високи службеници што беа на глас како праведни и непристрасни. Дали ќе бидат спремни да ги поддржат уставните права на обожавање и мирољубиво собирање? Дали ќе одолеат на верскиот притисок? Тие одолеаја и една нова одлука го поништи претходното одбивање. Ова го отвори патот за Сведоците да го испланираат својот конгрес во Спортската сала за 27 до 29 јули 2001.

Во исто време, властите им дадоа дозвола на Сведоците да користат еден друг затворен спортски објект под покровителство на владата — Палатата на спортовите во Солун.

Силниот притисок не успева

Како што се приближуваше првиот ден на конгресот во Атина, и понатаму останаа некои вознемирувачки прашања: Дали властите ќе се држат за договорот и покрај притисокот од православните свештеници? И, дали Сведоците ќе можат да уживаат во својот собир без да им се мешаат незаконски елементи?

Православната црква не се откажа од своите вековни тактики да се обиде да го искористи своето влијание за да го прекине конгресот. Телевизиските станици обелоденија дека православните свештеници барале воопшто да не се спомнува конгресот. Меѓутоа, на крајот, напорите на црквата завршија со неуспех.

Иронично, Православната црква ги обвини Сведоците дека се тајна религија. Но, црквата беше таа што се обиде да ја спречи јавноста да дознае што се случуваше во Спортската сала. За среќа, храбрите новинари од медиумите не попуштија на притисокот на свештениците. Тие дадоа опширен и непристрасен извештај за конгресот.

Освен тоа, илјадници делегати ја информираа јавноста за конгресот и разговараа со луѓето за своите верувања. Каде и да одеа, делегатите можеа да се препознаат по нивните жолти конгресни значки. Многу луѓе што не беа Јеховини сведоци беа поканети на конгресот и се оѕваа, со што присутноста во Спортската сала на последниот ден се зголеми на 15.760. Последните два викенда во јули, на конгресите во Палатата на спортовите во Солун присуствуваа вкупно 13.173 лица.

Набљудувачите беа импресионирани

Кога една војска од 2.604 доброволци — сите Јеховини сведоци — нагрнаа во спортската сала за да чистат, фарбаат и да ја подготват за когресот, директорите на арената рекоа: „Дојдовме да видиме со свои очи нешто што никогаш не се случило овде“. Еден човек забележал: „Треба да го користите овој објект секоја година за сосема да го реновирате“.

Андреас Вардакис, директор за односи со јавноста на Спортската сала, бил импресиониран. „Вие го разубавивте овој објект“, рекол тој. „Ние имаме свој персонал што го одржува ова место. Но, вашиот удел беше фактор што го направи успешен овој конгрес.“

За време на конгресот, откако сфатил дека нема потреба да испрати луѓе што ќе го контролираат мирољубивото мноштво, шефот на полицијата извикнал: „Никогаш не сум видел таква учтивост и ред!“

Врвна точка на конгресот

Во завршното предавање на конгресот беше објавено дека Грчкото министерство за државно образование и религии ги призна Јеховините сведоци како „позната религија“. Освен тоа, Министерството издаде официјално признание до официјалното седиште на Јеховините сведоци во Атина. Документот што го издаде владата делумно гласеше вака:

„Администрацијата ги смета христијанските Јеховини сведоци за позната религија . . . со сите законски консеквенци што произлегуваат од тоа. Наведениот член на Уставот ја штити слободата на обожавање, методите и средствата за изразување на обожавањето и слободниот избор во поглед на методот на раководење и организирање на секоја црква или верски состанок. Јасно дека оваа заштита ги опфаќа и поседите и објектите на организацијата во Маруси [канцеларијата на подружницата на Јеховините сведоци] како свето и посветено место, оддадено на обожавањето на Бог. Таквите објекти се наречени Бетел, односно ‚Божји дом‘“.

Јеховините сведоци, како и секој друг што ја сака религиозната слобода, се благодарни за ваквиот развој на настаните. Тие се молат, како резултат на тоа, луѓето да можат да го живеат својот христијански живот ‚мирно и тивко, во потполна побожна оддаденост и сериозност‘ (1. Тимотеј 2:1, 2).

[Слики на страница 14]

Сведоците се собираат во Олимписката спортска сала

[Извор на слика]

Harry Bilios

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели