ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g02 8/12 стр. 9
  • Сигурно водство за иднината

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Сигурно водство за иднината
  • Разбудете се! 2002
  • Сличен материјал
  • Кој може да ја предвиди иднината?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Верата и твојата иднина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Одговор на библиски прашања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Треба ли да се потпирате на броевите за водство?
    Разбудете се! 2002
Повеќе
Разбудете се! 2002
g02 8/12 стр. 9

Сигурно водство за иднината

ДАЛИ неверодостојноста на нумерологијата и на други облици на гатање значи дека нема начин да ја дознаеме нашата иднина? Ни најмалку!

Апстрактните броеви не можат да му кажат на човештвото што му носи иднината. Но, тоа го направил ‚живиот Бог‘, кој „од почетокот го открива свршетокот“. Тоа го прави во својата пишана Реч, Библијата (1. Тимотеј 4:10; Исаија 46:10). Исто така, речта на живиот Бог, а не речта на нумеролозите, „може да ги распознае мислите и намерите на срцето“ и со тоа да ти помогне да сфатиш што те мотивира и што ќе ти донесе вистински успех (Евреите 4:12).

Нашиот Творец, Авторот на Библијата, е единствениот што може точно да ја предвиди иднината. Тоа е така затоа што Бог е семоќен и секогаш си стои на зборот. „Реков — ќе исполнам“, рекол Јехова. „Наумив — ќе извршам“ (Исаија 46:11). Откако ги вовел Израелците во Ветената земја, Исус Навин можел со увереност да рече: „Од сите ветувања што Господ му ги даде на Израелевиот дом ниедно не остана неисполнето. Сѐ се исполни“ (Исус Навин 21:45; 23:14).

Библијата содржи многу пророштва што допрва треба да се исполнат. Меѓу нив се и пророштвата што го претскажуваат времето кога земјата ќе биде исчистена од злобата и ќе биде претворена во рај (Псалм 37:10, 11; Пословици 2:21, 22). Дали Ве привлекува една ваква иднина? Дали верувате дека нашиот Творец има мудрост и моќ да ги исправи работите на оваа планета? Ако да, сигурно би сакале да разгледате што вели Библијата во врска со иднината на земјата.a

Затоа, мудро користете го своето време сега — но не на тој начин што ќе се обидувате да ја читате својата иднина во броевите туку на тој начин што ќе настојувате да стекнете точно разбирање за Библијата и за нејзините пророштва. Јеховините сведоци се спремни да Ви помогнат да стекнете натамошно спознание за иднината, како што е откриено во Божјата реч, Библијата.

[Фуснота]

a Видете поглавја 1, 10 и 19 од книгата Спознание кое води до вечен живот, издадена од Јеховините сведоци.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели